
Бисера Костадиновска Стојчевска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 30-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето пратеничко прашање е до министерот за правда господинот Игор Филков. Министре Филков, вие сте задолжени за еден од најклучните столбови во нашето општество а тоа е правдата. Реформите во судството се суштински за демократијата и владеењето на правото но за жал во изминатите 7 месеци гледаме оддалечување од овие принципи. И, покрај вашите изјави дека ќе ги инкорпорирате препораките на Европската Комисија вашите дела укажуваат на сосема спротивно, партиски назначување и недоволна независност на судските институции. Препораките за намалување на политичкото и бизнис влијание не се почитуваат што дополнително ја намалува довербата на јавноста. во овие 7 месеци не гледаме никакви реформи во судскиот систем иако ова е една клучна област во која треба да се дејствува. Партизацијата добива ендемски размери во институциите но уште позагрижувачки во она што треба да е темел на едно демократско и праведно општество тоа е судскиот систем. Вашите изјави за законски измени до јуни 2025 година делуваат како одложување а не како итно и одлучно справување со проблемите. Наместо на спроведување на најавените реформи гледаме засилена партизација на судството каде што клучните позиции се доделуваат по политички а не по професионални критериуми. Во Оценската мисија, почитуван министер нема никакви препораки за вакви назначувања на судии и Обвинители. Едно се зборува а друго се прави. Затоа моето прашање денес до вас е директно и суштинско. Дали вие сте подготвени да ги направите вистинските чекори кон промена или понатаму ќе се продолжи со празни зборови и формални најави. Дали ќе ја искористите еве конкретната можност од вас да започнат реформите и имплементацијата на препораките на Оценската Мисија. Дали вие како министер за правда како функција и е член на судски Совет ќе се повлечете од член од истиот и кога планирате да поднесете иницијатива за уставните измени со кој министерот за правда повеќе нема да биде дел од судетскиот Совет.