Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли праша за работната група и новиот закон за правична застапеност

Резиме

Пратеничката Арбана Пашоли го праша премиерот Христијан Мицкоски до каде е работата на групата за нов закон за правична застапеност, кои експерти се вклучени, зошто се одложува решението и кој механизам ја спроведува уставната одредба додека нема закон.

Мицкоски одговори дека е формирана работна група од експерти и релевантни чинители за подготовка на закон што ќе ги усогласи правичната застапеност и заслугите при вработувањето во јавниот сектор. Рече дека решението треба да биде уставно и пред да биде доставено до Парламентот да се испрати на мислење до Венецијанската комисија. Во одговорот не ги именуваше членовите на групата и не наведе временска рамка или привремен механизам.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 30-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 16 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Поминаа неколку седници кои што беа за поставување на пратенички прашања и ние поставивме прашања, но претставниците на коалицијата ВРЕДИ или ВЛЕН на албански јазик околу статусот за имплементација на уставниот принцип за правичната застапеност бидејќи од ВРЕДИ не добивме конкретен одговор од тие што ветија дека законот ќе биде на парламентарна процедура до крајот на минатата година и оценувајќи дека тие функционираат врз вашиот диктат. Господине Мицкоски, ви се обраќам со вакво прашање бидејќи вие го имате одговорот. Господине Мицкоски, свесни сме за вашите критики околу баласерот како механизам за правична застапеност и вашиот став околу одлуката на Уставниот суд за укинување на законските одредби за етничката припадност за тоа би ве замолила не нѐ враќајте наназад и сепак да ги елаборирате овие ставови бидејќи сите се јавни и се апсолвирани. Прашањето е тоа дека еден механизам е укинат без да има друга замена која што би продолжила со операционализација детерминирана со Уставот на Република Северна Македонија. Вие ветивте и вашите партнери дека претендираат дека ги претставуваат Албанците во вашата Влада дека ова прашање ќе биде регулирано со ново законско решение. Некаде пред 3 месеци изјавивте, цитирам: Имаме работна група каде што имаме експерти кои што работат на подготвување на Законот кој што ќе биде според Уставот и ќе биде испратен на Венециската Комисија за мислење. Во тоа време ниту министерот Минчев не знаеше за оваа работна група но секако дека подоцна разбрал. Конкретното прашање е, до каде е со работа оваа работна група каде што вие го најавивте и кои се експертите кои што се ангажирани во оваа работна група за која што јавноста нема никаква информација. И, во врска со овој Предлог на закон кој што треба да биде доставен на разгледување пред Нова Година според тоа што јавно најави ВРЕДИ и која е законската рамка која што ја има оваа група и Владата во однос на овој закон. Секако дека треба да има временска рамка за да се реши бидејќи секогаш претендирате дека навреме ги завршувате проектите и зошто се пролонгира ова прашање. Имајќи во предвид дека новиот закон ќе биде испратен за мислење во Венецијанската Комисија. Барам од вас да одговорите, кој е механизмот за операционализација на уставната одредба за правична застапеност во периодот кога немаме закон. Прашањето го поставувам до претседателот на Владата на Република Северна Македонија.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

Влада на Република Северна Македонија - КАНЦЕЛАРИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА

Архивски број: 08-174/2

До: Претседател на Собрание на Република Северна Македонија г.Африм Гаши

Предмет: Доставување одговор на пратеничко прашање

Врска: Ваш бр.08-291/1 од 17.01.2025 година

Врз основа на член 43 став 2 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, во прилог Ви се доставува Одговор од претседателот на Владата на Р.С.Македонија на пратеничко прашање:

• Пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 30-та седница на Собранието на Република Македонија одржана на 16 јануари 2025 година.

Со почит,

Шеф на Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Владимир Нелоски

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л Почитуван пратеник г-ѓа Арбана Пашоли,

Со должна почит и внимание го разгледав Вашето пратеничко прашање и во однос на истото до Вас го проследувам следниот одговор.

Сакам пред се да истакнам дека прашањето за балансерот како алатка за вработување во јавниот сектор долго време беше предмет на дебата. Иако првичната намера на балансерот беше да обезбеди правична застапеност на сите заедници, неговата имплементација низ годините откри значителни недостатоци. Алатката балансер беше злоупотребувана и во многу случаи работеше спротивно на принципите на меритократија и транспарентност. Ова не е само моја проценка, туку е поддржана и со повратни информации од релевантните меѓународни тела, вклучително и Европската Комисија.

Европската комисија во своите неодамнешни извештаи јасно укажа на слабостите на ваквиот пристап. Тие ни препорачаа да се оддалечиме од ригидните механизми како што е балансерот и да преминеме кон системи засновани на заслуги кои поттикнуваат компетентност, почитувајќи ја различноста. За жал, балансерот често е манипулиран за да се даде приоритет на политичката лојалност или етничките квоти пред квалификациите и компетентноста. Ова во голема мера ја намали довербата на јавноста во системот и создаде неефикасност во јавната администрација.

Како одговор на овие грижи, како претседател на Владата презедов решителни чекори за решавање на основните причини за овој проблем. Формиравме работна група составена од експерти и релевантни чинители за да подготви нов Закон за правична застапеност. Оваа легислатива има за цел да постигне рамнотежа помеѓу обезбедувањето правична застапеност на сите заедници и давање приоритет на заслугите и квалификациите во процесите на вработување. Законот ќе вклучи јасни, транспарентни критериуми за регрутирање, унапредување и оценување во јавниот сектор, отстранувајќи ги можностите за злоупотреба и политизација. Новото законско решение мора да биде уставно и согласно препораките на Венецијанската комисија. Она кое што го знам е дека новото законско решение мора да биде уставно и мора да биде согласно препораките на Венецијанската комисија. Затоа, цениме дека пред да биде донесено во Парламентот, ова законско решение треба да се испрати на мислење до Венецијанската комисија, за да не се доведуваме повторно во ваква состојба, да треба да се носат законски решенија кои подоцна ќе треба да се укинуваат.

Влада на Република Северна Македонија П Р Е Т С Е Д А Т Е Л

Како премиер, цврсто верувам дека ние мора да изградиме модерна рамка која промовира правичност и ефикасност. Оваа реформа има за цел да ја обнови довербата во нашите институции. Со спроведувањето на овие измени ќе обезбедиме секој граѓанин, без разлика на неговото потекло, да има еднакви можности да служи во јавниот сектор, врз основа на неговите способности и посветеност.

Оваа влада е решена да запре со практиките од минатото кои го поделија нашето општество и го попречуваа напредокот. Работејќи заедно на оваа клучна реформа, можеме да создадеме систем кој ги одразува вредностите на правичност, интегритет и професионализам. Ги повикувам сите пратеници, без разлика на политичката припадност, да ги поддржат овие напори за доброто на нашите граѓани и иднината на Македонија.

Со почит, Премиер д-р Христијан Мицкоски

Сите пратенички прашања