Република Северна Македонија Министерство за локална самоуправа
Бр. 02-176/2 Скопје, 05.02.2025 година
ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ПРЕДМЕТ: Одговор на пратеничко прашање
ВРСКА: Ваш допис бр. 08-262/2 од 17.01.2025 година
Имајќи го предвид вашиот допис под наведениот број и дата со кој до Министерството за локална самоуправа го доставивте пратеничкото прашање, писмено поставено од пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија Сали Муратти, меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 16 јануари 2025 година до министерот за локална самоуправа, во прилог Ви доставуваме одговор на прашањето.
МИНИСТЕР ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА м-р Златко Перински
Подготвил: Сузана Најкова Одобрил: Моника Митровска
Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија +389 2 325 3921 www.mls.gov.mk
Република Северна Македонија Министерство за локална самоуправа
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ Од пратеникот Сали Муратӣ, поставено меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 16 јануари 2025 година
Пратеничкото прашање гласи: „До Министерот за локална самоуправа
Почитуван министер,
Во Општина Радовиш, каде според пописот од 2021 година турската заедница сочинува 16,64% од вкупното население, на 27.09.2024 година е поднесено барање од страна на Културно Хуманитарната Организација на Турците за донесување на одлука за употреба на турскиот јазик како службен јазик во општината, согласно членот 90 од Законот за локалната самоуправа.
На 54-тата седница и Советот на Општината Радовиш, одржана на 24.10.2024 година,Претседателот на Советот го одбил ставањето на ова барање на дневен ред, со образложение дека „барањето не е по интеграција на седница“ и дека „треба да произлезе поширока дискусија во рамките на политичките партии“.
Во врска со ова, ги поставувам следните прашања:
„1. Дали Министерството е запознаено со оваа ситуација и дали смета дека ваквото постапување на Претседателот на Советот е во согласност со член 90 од Законот за локалната самоуправа? 2. Колку општини во Република Северна Македонија имаат донесено одлуки за употреба на јазици на заедници кои сочинуваат помалку од 20% од населението и дали постои различен третман на различни општини при примена на член 90? 3. Кои мерки планира да ги преземе Министерството за да обезбеди еднаква примена на законот во сите општини и да спречи дискриминација при остварувањето на јазичните права на заедниците?“
Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија +389 2 325 3921 www.mls.gov.mk
Република Северна Македонија Министерство за локална самоуправа
ОДГОВОР На пратеничкото прашање од пратеникот Сали Муратли, поставено меѓу две седници на Собранието на Република Северна Македонија, на 16 јануари 2025 г. Уставот на Република Северна Македонија, во Главата I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ, член 8, ставот (1) алинеја 3 и 9, како едни од темелните вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија, ги утврдува владеењето на правото и локалната самоуправа. Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ“ бр. 5/02 и 202/24) како системски закон уредува прашања кои се однесуваат на локалната самоуправа. Согласно членот 41 од овој Закон „Општините самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат и вршат работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со овој или друг закон и се одговорни за нивното вршење.“ Според членот 22 став (2) од Законот за локалната самоуправа „Надлежностите од ставот(1) на овој член се извршуваат согласно со стандардите и постапките утврдени со закон.“ Во членот 90 е уредена употребата на службените јазици во општината, и тоа: „Во општините службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо е и јазикот и писмото кои го користат најмалку 20% од жителите на општината. За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од жителите на општината одлучува советот на општината.“ Имајќи го предвид наведеното, истакнуваме дека Законот за локалната самоуправа е системски закон кој системски уредува прашања кои се однесуваат на локалната самоуправа. Со посебните закони се разработуваат стандардите и постапките согласно кои постапуваат единиците на локалната самоуправа при извршувањето на нивните законски надлежности. Во однос на второто и третото прашање Ве известуваме дека согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа Министерството за локална самоуправа нема законска надлежност да води eвиденција за бројот на општините кои имаат донесено одлуки за употреба на јазиците на заедниците кои сочинуваат помалку од 20% од населението и нема законска надлежност да презема конкретни мерки за да се обезбеди еднаква примена на законот во сите општини. Ве молиме за ова прашање да се обратите до Министерството за односи меѓу заедниците, кое што согласно членот 17-а од Законот за организација и работа на органите на државната управа има законска надлежност да врши работи кои се однесуваат на следење на спроведување на правото на употреба на јазиците и писмата на заедниците и други прашања кои се однесуваат за односите меѓу заедниците.
3 Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија Ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје Република Северна Македонија +389 2 325 3921 www.mls.gov.mk