
Јована Мојсоска
ДО: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши
ОД: ЈОВАНА МОЈСОСКА – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА
Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено
П Р А Т Е Н И Ч К О П Р А Ш А Њ Е ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
ЗА: г. ИЗЕТ МЕЏИТИ – МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ
Моето пратеничко прашање се однесува за работата на загадувачки објект, односно база за производство на асфалт од втора категорија во општина Кичево. Жителите од Иванидол, општина Кичево, веќе две години протестираат против работата на асфалтната база лоцирана во индустриската зона „Ивандол 2“, која се наоѓа на само неколку метри од населените куќи. Имено, правниот субјект ДГПУ Е-ТРОН ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Кичево има изградено постројка за производство на асфалт на локацијата која е определена со ГП 12 од ДУП за населба Иван Дол Втoр дел “УЕ” С Блок С1 О. Кичево (со бр. 10-1701/2 од 06.09.2019 година и со обновен бр. 10-13/9 од 11.01.2023 година). Правниот субјект поседува Решение за одобрен елаборат со бр. УП1-11/4-388/2023 од 27.02.2023 година, издадено од Управа за животна средина. Бидејќи горенаведениот субјект не поседува А-интегрирана еколошка дозвола (А-ИЕД), која е во надлежност на вашето министерство, моето пратеничко прашање до вас е:
1. Дали ќе организирате јавна расправа, која е законска должност пред издавањето А-ИЕД, за која навремено ќе бидат известени жителите од оваа населба и дали при носењето одлука за издавање на оваа дозвола ќе ги земете во предвид барањата на жителите од Кичевско кои 2 години протестираат?
*** Барам овие пратенички прашања веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.
Скопје 29.01.2025
ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Јована Мојсоска