Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерката ја прифати одговорноста за реформата во гимназиското образование

Резиме

Пратеничката Даниела Николова праша дали министерката за образование и наука ќе преземе лична, морална и политичка одговорност за, како што го формулираше прашањето, уништување на критичката мисла кај младите.

Министерката одговори дека ја прифаќа одговорноста за реформата во гимназиското образование, која ја оцени како корисна за младите и општеството. Рече дека реформата може да претрпи корекции, но тие треба да бидат аргументирани, и дека нема да поднесе оставка освен ако не биде разрешена од премиерот или Собранието. Додаде дека ќе продолжи да разговара со пратеници, професори, наставници и ученици.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање: Дали ќе преземете лична, морална но и политичка одговорност за уништување на критичката мисла кај младите.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 јануари 2025 година Да, простете не можам да не кажам затоа што навистина морав да се насмеам, само ќе потсетам дека имавме премиер кој викаше, јас само по два часа неделно имав или три, три, се извинувам. Па еве станав премиер. Ако одиме по тој принцип се е можно. Сега пратеничке, не знам од каде идејата кај факултетите, кај министрите на Филозофски факултет. Дека ако на пример Филозофскиот факултет нема ни една ни еден студент или како сега има по 4 студенти они нема да постојат. Значи, нема држава и не може да постои држава која нема Филозофски факултет е развиена филозофија. Кај нас колку и како се развива филозофијата не можам да тврдам не сум ги следела. Но, од она што може да се види каква е нашето општество и филозофите и социолозите и психолозите во иднина, зборувам за факултетите. Јас ги молам малку повеќе да се вклучат оти тие се носителите и врвот на она што се вика општествена наука и треба да ја креираат политиката на ова општество, на оваа земја за да биде напредна. Значи, од тука да не има страв дека нели дошле некој Талибанци па ќе го затворат факултетот ако нема доволен број на часови. Тоа не е точно. Тоа апсолутно не е точно. Второто прашање дали преземам одговорност, па уште кога сум се нафатила да бидам министер сум се презела одговорност. Мене ми се сосема јасно дека во образованието не постои ништо што во јавноста нема да предизвика бура или вулкан. Но, општеството е толку спремно и толку зрело кога знае да процени што е во негова корист. Реформата во гимназиското образование во негова корист на целото општество, не на министерката, не министерството. Во корист на младите идни генерации. Ако ние сите вклучувајќи ве и вас пратеници на опозицијата. Особено еве вам ви се обраќам бидејќи сте наставничка. Да излезете да поддржите длабока реформа, јас знам дека е длабока. Не е страшна, нема да имаме наставници без работа, нема да не постои Филозофски. Вас ви е тоа јасно. Затоа јас велам се користи од некој други причини. Оти нема логично објаснување они ми напишале дека јас бирото не логично мислиме. Не е точно, нема логично објаснување зошто они би се бунеле против ова. Нека ми дадат аргумент, секој што ќе даде аргумент, аргументот ќе биде прифатен. Повторувам, ова ќе претрпи корекции. Но, барањето мора да биде аргументирано. Мојот аргумент е дека на многу општествени предмети во претходната програма стара 24 години, ние не сме постигнале успех. Сега велам дајте нешто да промениме, значи ние во трета и четвртата година, се извинувам сме им понудиле простете, сме им понудиле четири часа, два со два значи филозофија. Два со два социологија, економија и бизнис, право, образование за животна средина. И да сме им понудиле во ерата на технолошки напредок, математика, еве историја и географија исто национални хуманистички предмети. Па биологија, па хемија, па физика, па програмирање, па во бизнисот сме им понудиле таму и пред примеништво она што го бара светот. А не онака како што ние замислуваме дека треба да биде се да биде стабилно, ние да бидеме мирни, секоја промена е бурна. Не може да биде мирна. Дополнително сме им понудиле математики, физики како обврзни хемии се она што ќе ги направи иноватори, се она што ќе ја доведе земјава во некаков технолошки напредок за да фатиме минимален чекор кон светот. Еве не кон светот, кон оние по слабите земји од Европската Унија. Затоа што сега сме на дното, Албанија, Косово, Македонија таму сме ние. Ајде барем малку да се приближиме кон нешто подобро. Одговорноста апсолутно ја прифаќам, дали ќе си дадам оставка не, ако не ме разреши премиерот нема да си дадам оставка, односно вие како Собрание. Упорно ќе туркам да направам нешто за оваа земја. Упорно ќе туркам да направам нешто за нашите млади деца. Упорно ќе се борам и упорно секој ден ќе гасам пожари. И упорно ќе разговарам и дискутирам и со вас и со професори и со наставници и со ученици. Се додека ја имам довербата тоа ќе го правам. Кога вие и Владата ќе одлучите дека лошо работам, да ќе си одам. Јас немам кариера на 67 години, ниту планирам да ја имам. Јас не сум дошла овде да градам кариера. Ниту да се богатам, доволно сум богата, за мене е тоа доволно. Меѓутоа дека сите ние овде сме дошле да направиме нешто првенствено за нашите деца, а потоа и за нашата змеја. Мислам дека е очигледно, тоа секој ден можете да го видите од настапите на сите министри вклучувајќи го и премиерот, но вклучувајќи ја поддршката на пратениците кој се одлучиле за таква програма. Затоа сметам дека е во корист на земјата кога ќе видите дека нешто се случува да се приклучите поставете ги сите прашања, сметам дека имате право и се ќе до објаснувам. Нема никаков проблем. Еве како што објаснувам, ќе имаат работа, да ќе имаат повеќе ангажман, точно е тоа. Но, зар нашите наставници не сакаат нивниот производ кои се вика ученик да биде негде повисоко на тестирањето и они се него да се гордеат. Јас како наставник секогаш сум се гордеела со моите најдобри студенти. И секогаш како свое големо достигнување го доживувам тоа кога ќе речам овој мој ученик стана професор, овој мој ученик сега работи на истражување во Америка, овој мој студент сега работи не знам каде, овој мој ученик ја направи првата операција во Македонија, не знам транспортираше, хепа транспортираше рамо итн., јас сум од медицината. Знаете дека со тоа. Претпоставувам дека секој наставник во оваа земја од првиот до последниот има таква цел. Безредието кое го создало општеството и ги направи не значајни ние сите во текот на долги години ги направивме незначајни наставниците. Не им го дадовме правото место. Ова е обид да им го дадеме правото место на наставниците за да можат во полниот свој сјај со својата желба, со своите компетенции да остават продукт да остават зад себе нешто со што ќе се гордеат. Од тука сметам дека ако сите заедно им кажеме да не се плашат за работните места. ако сите заедно им кажеме дека ќе имаат можности да излезат во целиот свој сјај. Дека ќе бидат почитувани, дека и платата во волку страшни и тешки времиња ќе им се покачува, нема да имаме никаков проблем. еве повторувам, за да знаете и факултетите, нема држава без универзитети. Кај на с ги има премногу. Но, ок тоа е друга приказна. Нема држава без филозофија и социологија. Не се во прашање постењето на тие катедри или институции или единици. Тогаш мислам дека ќе треба поинаку да ја читаме реформата. Не обвинувам, можеби јас погрешно сум го разбрала состанокот инаку стварно не можете да ме убедите. Не обвинувам дека не прочитале сите, само се чудам зошто се задржале на еден многу мал сегмент. Ок, еве разбирам дека и тоа од некакви стравови. Јавно кажувам дека тоа од што они се плашат нема да се случи. Конечно, ние имаме илјадници ученици. Гимназиското образование е она кое треба да ги извади интелектуалците. Гимназиските професори се оние кои треба да го обезбедат просперитетот на оваа држава. Оваа програма тоа им го нуди.

Сите пратенички прашања