Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли праша за договорот за уставни измени и албанскиот јазик

Резиме

Арбана Пашоли го праша министерот за здравство Арбен Таравари колку време му треба и дали има договор со ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени и дефинирање на албанскиот јазик како службен јазик. Таа оцени дека претходно ветените рокови се надминати и дека тоа ги вознемирува граѓаните.

Таравари не даде конкретен рок. Рече дека поминале шест-седум месеци од почетокот на мандатот и дека ќе инсистира албанскиот јазик да не биде означен како „јазик на 20%“. Додаде дека отстранувањето на таа формулација ќе се прави во координација со главниот коалициски партнер. Посочи и дека во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ една од точките било почнувањето преговори со Европската Унија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Господине Таравари, продолжувам со прашањето и ќе истакнам овие се прашања кои што се адресирани како вознемирување на граѓаните. Во текот на едно интервју велевте дека во овој владин мандат, Албанскиот јазик нема да остане јазик на 20%, туку ќе биде определено јасно и тоа во Уставот како Албански јазик како службен јазик заедно со Македонскиот јазик тоа ќе го направите со уставните измени. Верувам дека за Албанскиот јазик вие јасно дека треба да се измени нормативниот дел на Уставот и дека вие и ветувавте уставни измени за да се отвори патот на Европската Унија, за влез во Европската Унија. Но колку што се гледа дека од тоа што се зборува до тоа што треба да се направи има голема разлика и сте ги надминале сите рокови за тоа што сте го ветиле. И сега барате повеќе време. Значи овие работи што не се предвидени вие знаете многу добро како одат работите и секое пролонгирање на роковите ги вознемирува граѓаните кои што треба да знаат точно што се случува. Колку време ви треба господине Таравари бидејќи 6 месеци не беа доволни, еве сега уште малку ќе биде една година, можеби и 4 години, ако бидете на власт, ова е знак прашање. Ние ова го прифативме со голем ентузијазам дека ќе биде сменет Уставот, но ова кратко траеше бидејќи времето ни докажа дека ова беше само една од последните лаги. Премиерот Мицковски не помалку од 24 часа ова го демантираше и негираше секој приговор од страна на коалицијата. Верувам дека имате потреба да ги држите луѓето околу себе со ветувањата каде што немате сила да ги реализирате, но дали мислите дека би било подобро да бидете искрени и да кажете бидејќи ова е видливо тоа што имате во раце, бидејќи господин почитуван Таравари велевте ќе се повлечеме ако губиме на изборите само со еден глас, цитирам, не влегуваме во Влада без уставни измени, цитирам, не се направени 100 дена треба да ни дадете да направиме 100 дена. Граѓаните треба да знаат јасно дали имате договор со големиот партнер со коалицијата ВМРО ДПМНЕ за уставни измени и дефинирање на Албанскиот јазик како службен јазик или заборавивте дека кога јавно зборевте кога велевте во медиуми и мислевте дека не ве слуша и вашиот шеф господинот Мицковски.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 јануари 2025 година Почитувана Арбана, ви благодарам прашањата бидејќи вие ми давате можност да говорам и да објаснам. Мило ми е што ме побаравте мена за минатата седница, но ние вие направивте една драма која што траеше два-три часа. Но нашата агенда е многу зафатена и не можеме сите драми да ги гледаме каде што се подготвени во Речица или било каде. Како и да е денеска имате прашања не за здравството, туку за политиката. Ви благодарам што ми давате можност да одговорам. вие секогаш сум велел кога поставувате прашања треба да почнете од себе си. Ние кажавме и ќе инсистираме дека албанскиот јазик ќе биде албански јазик и да не биде јазик на 20%. Но од нашиот мандат до сега поминале 6-7 месеци. Ако чекате ова да се случи за еден или за два месеци, мислам дека за сите работи брзате. На пример ако ви ги кажам проблемите со лифтовите во Тетово, или проблемите за правична застапеност, или почетокот на преговорите со Европска Унија. Почитувана пратеничке, вие бевте на власт 7 мандати, од 2002 година. Вие ветувавте дека ќе почнете со преговорите и нигде не сте. Вие од 2002 година, 20 години вие само се сликавте со авиони, дека тој што вие е сега во егзил, нон грата, бевме во една дебата дали сте сигурни дека ќе почнеме на 1 јуни 2018 година Македонија ќе почне со преговорите. Дали се сеќавате на овие работи или сте ги заборавиле? Од 2018 година поминале 7 години. Вистина е дека една од точките кој што имавме преговори со нашиот партнер ВМРО-ДПМНЕ првата точка беше преговорите со Европска Унија. Јас многу сум среќен каде што ние го даваме нашиот максимум. Но за една работа треба да бидете сигурни дека ако вие имате формула како можат да се направат уставните измени ви го отстапуваме местото. Или ако седите во опозиција се реформирате. Јас се радувам дека премиерот е ориентиран про европски и дека секогаш се среќава со луѓе од Европска Унија. Има одлични односи со нив, со став. Вие седете мирни и мислам дека почетокот на преговорите ќе бидат многу полесни со оваа Влада отколку ДУИ да беше со сите тие лица кој што ги имаат, со луѓе кој што се на црна листа итн. Затоа би ве замолил да се реформирате, да рефлектирате, да седнете на земја и да се анализирате кога ги критикувате другите почнувајте од себе си. Јас почнувам да мислам дека Алијанса на Албанците, заедно со ВЛЕН ќе се обидат заедно со оваа Влада за почетокот на преговорите, но и за формулацијата 20% да го тргне од Уставот. Но ова се прави во координација со главниот партнер кој што е во актуелната власт.

Сите пратенички прашања