Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Пашоли праша за промена на имињата на улиците во Гостивар

Резиме

Арбана Пашоли го праша здравствениот министер Арбен Таравари дали ќе преземе чекори за промена на имињата на улиците во Гостивар и дали за тоа имало координација во Владата. Таа праша и дали Гостивар ќе го следи пристапот што го спомнал премиерот за именување само на улиците што се означени со бројки, без промена на постојните имиња.

Таравари одговори дека за именувањето на улиците треба да се постигне консензус меѓу заедниците и дека тоа не треба да се прави со сила. Не даде конкретен одговор дали планира промени во Гостивар или дали имало координација во Владата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Арбана Пашоли

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање исто така е за вас господине Таравари. Господине Таравари, како лидер на вашиот огранок на Алијанса за Албанците и како носител на локалната власт во Гостивар сепак ве прашувам во име на граѓаните кои што се вознемирени. Дали ќе преземете некој чекор за промена на улиците во општина Гостивар или ќе чекате како ќе се вршат со измени на имињата на улиците во Тетово која што трае со месеци. Дали сакате да бидете сигурни, да не реферирате после ќе ве демантира премиерот дека ќе направите промена на имињата на улиците. После изјавата на Билал Касами кој што е во коалиција со вас дека набрзо ќе има промена на имињата на улицата на Тетово. Вчера го слушнавме премиерот на Република Северна Македонија истовремено и коректорот на вашите лапсуси кога кажа многу јасно дека има договор во владината коалиција да нема промена на постојните имиња на улиците, но само бидат именувани со нови имиња тие кои што се бројки, а немаат имиња. Дали е овој таков модел каде што вие ќе го следите во општина Гостивар. Имајќи во предвид дека во Гостивар има именувања кој што не ја покажуваат етничката реалност на овој град. Господине Таравари дали имавте координација во Владата или не? има многу прашања каде што вие сте должни да го смените вашиот став за таквата проблематика која што ја спомнав. Дали имавте координација или чекате да ви каже вашиот шеф како да дејствувате?

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Арбана Пашоли, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 30 јануари 2025 година Почитуваната пратеничка Арбана овде спомна си-ви и како владееле. Јас си-ви-то на господинот Ахмети не го знам и не знам каде дипломирал, моето си-ви може да го прочитате и на Википедија и книгите кој што сум ги пишувал и во Гостивар два пати граѓаните ми ја дале довербата. Што значи дека не дека немаме поддршка од граѓаните и дека тие на ни веруваат. Што сте направиле вие? Кажете ми еден километар пат за 22 години, освен тие Скопје-Блаце. Тие два километра ги спомнувате од 2014 година. Кажете во Западна Македонија спомнете ми една болница која што сте ја изградиле, спомнете ми едно училиште. Ништо не сте направиле освен празни зборови, корупција и криминал. ништо освен демагогија која што сте ја употребиле. Како и да е ние ќе ставиме на позитивна листа девет нови лекови, ќе ги подигнеме платите на докторите и многу оддели во клиничкиот центар ги реновираме. Ние во Тетово правиме тоа што вие со години не сте го направиле. Покривот бил ви катастрофална состојба, ништо не сте инвестирале во ниту една болница. Тоа е што се однесува до болниците. Зошто многу така ви е жал зошто сите општини сте ги имале, освен 5-6 каде сте направиле патишта, каде ништо не сте направиле во Гостивар, како и во Тетово, исто како и во Чаир. Ние треба да се научиме дека сите што сме тука Албанци, Македонци, Турци, Роми и сите што живееме тука треба да се навикнеме сите. имињата на улиците треба со консензус да се одлучува. Една улица се именува Ферид Мурати, друга Мајка Тереза, друга улица Тоше Проевски, на другата некој познат Турчин. Ние треба да се договараме меѓу себе. Вие треба овие соништа да ги тргнете и со насилство не може да се направи именување на улиците. Со покажување на мускули, но треба да имаме договор со тие што живееме заедно изнаоѓајќи внатрешна хармонија. Според вашиот памет на ДУИ, на Али Ахмети, на вас, треба да има ресетирање и треба да имате промена на перцепција на работите. Така не оди. Знаќчи сите се дистанцирале од вас. меѓународниот фактор, ВМРО, и СДСМ се дистанцира од вас и тие се срамат да покажат дека соработуваат со вас. со кого соработувате и дали имате некој релевантен фактор со кој што соработувате. Со кој народ Арбана? Дали ги гледате анкетите каде сте? Анализирајте. Имате проблем со себеси, ова сериозно ви го велам. Вие полека, полека треба да го смените вашето размислување и да сфатите дека сме 21 век. Чифтелија и пушките, употреба на луѓето кој што биле во минатиот век, тие значи нема да поминат. Во 21 век ова нема да ви пали. Треба да размислите на европски начин. нашата цел е како држава да одиме во Европа, не да се враќаме во средниот век.

Сите пратенички прашања