
Рина Ајдари
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 32-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 30 јануари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Господин премиер, вашата Влада дојде со изговор за нулта толеранција, но денес имаме голем скандал за злоупотреба на јавните фондови, кои се против секоја норма на државниот интегритет. Како може да се објасни фактот да Македонски патишта дал Договор од 2,3 милиони евра за сол на една компанија ЛУГОС ЛЦ, која нема ниту еден вработен, ниту една реална економска активност. Го променил сопственикот на сомнителен начин пред тендерот и ги има добиено тендерите кои се гледа дека се модифицирани за да се фаворизира таа компанија. Дали е ова еден изолиран случај или владин модел изграден на клиентелизам и корупција. Господин премиер, дали може да изјавите со сигурност пред оваа Собрание и пред граѓаните дека немате ниту едно познавање во врска со оваа афера. Дали вие ќе гарантирате една истрага или ќе се надевате дека овој скандал ќе се заборави. Ако вашата Влада не е опфатена, тогаш каде е вашата реакција и ако не дејствувате, дали треба да разбереме дека корупцијата не е само еден проблем во вашата Влада, туку практика, институционализирана практика која вие ја штитите.