Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Исмаил прашува зошто не е укината историската комисија со Бугарија

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил од Левица го прашува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, зошто Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања не била укината, како што, според него, најавувале претставници на сегашната власт пред изборите, туку бил сменет само нејзиниот состав.

Исмаил тврди дека Комисијата и нејзините препораки влијаат врз образованието и други области, и прашува дали Владата сега смета дека е оправдано таа да продолжи со работа. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА С. МАКЕДОНИЈА Г. АФРИМ ГАШИ

ОД: м-р РЕЏЕП ИСМАИЛ – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА

ЗА: Г. ТИМЧО МУЦУНСКИ - МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И НАДВОРЕШНА ТРГОВИЈА

Пратеничкото прашање е следно:

1. Зошто, иако пред изборите јавно се изјаснивте против работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и најавувавте нејзино укинување, по преземањето на власта, наместо да ја укинете, само го променивте нејзиниот состав?

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, воспоставена врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, доби значајна улога во спроведувањето на т.н. Француски предлог, за кој исто така вашата политичка опција во предизборието декларираше дека не го прифаќа. Препораките на оваа Комисија директно (ќе)влијаат врз внатрешните работи на Република Македонија што е сериозно нарушување на суверенитетот на Републиката. Ќе дадам само неколку примери кои произлегуваат од спроведувањето на т.н Француски предлог и препораките и одлуките на споменатата Комисија:

• Учебните програми, учебниците и образовните материјали; • Содржината на научни и уметничко-културни дела финансирани од државата;

• Начинот на чествување на национални историски настани и празници. • Натписите на споменици, знаци, информативни материјали во музеи и други јавни установи. • Удел во квотите на сите нивоа кои, за жал се спроведуваат во Македонија согласно политиката на „позитивна дискриминација на етничките малцинства“, односно принципот на Бадентер. Имено, да ве предупредам, примената на квотниот систем на сите институционални нивоа во Република Македонија, кој произлегува од политиката на т.н. ‘позитивна дискриминација’ на етничките заедници, се спроведува согласно принципот на Бадентер. Овој принцип, кој беше воведен како „механизам за заштита на правата на заедниците“ по Рамковниот договор, предвидува дека одлуките во одредени сектори мора да добијат поддршка од претставниците на помалите етнички заедници. Дополнително, преку системот на квоти, се регулира вработувањето во јавниот сектор, распределбата на функции и застапеноста во институциите, што, според одредени анализи, има значително влијание врз ефикасноста и функционалноста на државниот апарат.

Пред изборите, претставниците на сегашната Влада, од која и Вие сте дел, јавно ја осудуваа работата на оваа Комисија и заговараа нејзино укинување. Наместо тоа, веднаш по преземањето на власта, само беше променет нејзиниот состав, без да се преземат конкретни чекори за нејзино укинување или ревидирање на обврските што таа ги има согласно Францускиот предлог.

Со оглед на тоа дека Владата веќе ја сметаше Комисијата за инструмент за надворешен притисок врз македонскиот идентитет и суверенитет, дали сега сметате дека е оправдано таа да продолжи со работа под нов состав? Дали ова значи дека вашите претходни критики биле неосновани или пак, дека сега сте подготвени да ги спроведувате истите политики против кои јавно се спротивставувавте пред изборите?

***

Барам ова пратеничко прашање веднаш да го доставите до функционерот на кој му е упатено и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички рок.

С к о п ј е 06.02.2025

ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: м-р Рецеп Исмаил

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања