Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мираковска праша дали ќе се побара странска стручна помош за Педијатрија

Резиме

Пратеничката Соња Мираковска праша дали министерот за здравство ќе побара помош од странство и ќе повика стручни експерти да им помогнат на лекарите на Клиниката за детски болести. Таа ги наведе, како свои тврдења, проблемите во здравствениот систем и смртните случаи на деца, оценувајќи дека досегашните реакции не се доволни.

Министерот рече дека морталитетот на Педијатрија во периодот 2018–2022 бил многу повисок, речиси двојно, отколку во 2024 година. Не одговори директно дали ќе побара странска помош.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Соња Мираковска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Соња Мираковска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето второ прашање е исто така поврзано со здравството, бидејќи здравјето на граѓаните е за сите нас е најскапоцено. Во изминатите 8 месеци наместо спроведување на реформи и подобрување на здравствените услуги, односно генерално во целокупниот здравствен систем она што можат до сега да го видат граѓаните е здравствен систем кој е пред колапс и е во тотален хаос, нема лекови, дечиња умираат на Клиниката за детски болести, има недостиг на кадар и квалитетна здравствена улога. Во време кога во светски рамки галопирачки се развива здравството нашата статистика лани за само 6 месеци регистрираше 19 починати доенчиња и едно петгодишно дете. Ова не се само бројки и статистики, ова е трагедија. Ова се пред се непочнати детски животи. Деца умираат откога беа одбиени за хоспитализација во Клиниката за детски болести. Видовме дека се покренаа постапки и казни на дел од случаите но ова се задоцнети реакции. Тоа не е доволно. Ниту една казна не може да врати живот на едно дете. Затоа моето второ прашање е господине министре е дали ќе побарате помош од странство? Ќе повикате ли стручни странски експерти да им помогнат на докторите од Педијатрија ако вие со овој проблем не можете да се справите?

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Соња Мираковска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 февруари 2025 година Ако може да одговорам и за морталитетот на Педијатрија. Ова се транспарентни факти кој што можеме да ви ги доставиме, а можете и да побарате да ги видите. Морталитетот на Педијатрија на децата во 2018 до 2022 година кога министер не бил ниту Таравари, ниту некој од нашата партија туку бил вашиот претседател е многу повисока, многу повисока, скоро двојно повеќе отколку во 2024 година, иако ние во Министерство за здравство во 2024 сме од 24 јуни. Така да ова е мојот одговор до вас. Уште еднаш ќе повторам, радо би поднел оставка кога би ми се случило модуларна да изгори или во Онкологија да пуштаат вода, а да кажуваат дека пуштаа терапија. Е тоа е греота, е тоа е хуманитарна катастрофа.

Сите пратенички прашања