Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мираковска праша за недостиг на терапии и состојбата во здравството

Резиме

Пратеничката Соња Мираковска праша за прекините во снабдувањето со биолошка терапија за онколошки пациенти, набавката на фактори за коагулација за лицата со хемофилија и наводите за шуга во установата за дијализа во Струга. Таа ја критикуваше состојбата во здравството и оцени дека планот Градската општа болница „8 Септември“ да стане регионален центар не е замена за нов Клинички центар.

Министерот за здравство рече дека редовно ги посетува пациентите и дека не бега од одговорност. Во објавениот одговор зборуваше и за својот лекарски ангажман и за можни злоупотреби на лекови на Онкологија, но не даде конкретни одговори на наведените прашања за терапиите, хемофилијата и дијализата.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Соња Мираковска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Соња Мираковска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Понатаму, хуманитарната катастрофа која ни се случи на Онкологија повеќе од 10 дена онколошките пациенти беа оставени, како што спомнавме без биолошката терапија. Животот им беше загрозен на пациентите, додека во јавноста се слушаа разни обвинувања и неосновани изговори и оправдувања зошто таа терапија не постои. Последно во јавноста е информацијата дека лицата со хемофилија стравуваат дека ќе останат без потребните фактори за коагулација поради тоа што се уште тендерот за набавка не е распишан. Ќе треба да ни одговорите и на тоа дали е вистина дека во Струга каде што пациентите со дијализа престојуваат по цел ден се појавила шуга, а тоа се крие од јавноста. Сето тоа е неприфатливо. Ова слободно еден човек кој треба да побара услуга од здравствениот систем ќе го нарече злосторство против граѓаните, против секој од нас и затоа одговорност мора да има. Овие трагедии не се изолирани инциденти и тие се само реална и тажна слика на нашиот здравствен систем. За само 8 месеци кога деца умираат од недостаток на нега, кога луѓето кој се борат за својот живот се оставени на милост и немилост, кога најранливите се оставени да се борат со сопствената несигурност, тогаш нема повеќе оправдување. И мора да има решение затоа што добивте огромно мнозинство за да носите решенија. Ова решение пред неколку дена што го спомнавте не не грее никој. Цело време говоревте за големи реформи во здравството за нов Клинички центар, а сега велите дека имате план. Градска општата болница 8-ми септември во Скопје да стане регионален центар. Нудите решение кое не претставува реформа за жал во здравството и нема да придонесе за подобрување на здравствените услуги. Како граѓанин можам само да помислам дека само во таков случај може да направите и сегрегација. Дел од граѓаните да не можат да допрат до Клиничкиот центар, затоа што ќе бидат насочени само таму, во тој регионален центар таканаречен. Во ова време потребен модерен Клинички центар. Тој треба да обезбеди интегрирана и квалитетна здравствена услуга на едно место и тоа беше нашиот план, но за жал тоа вие не го дозволивте. А сега гледам таков план сериозен.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Соња Мираковска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 февруари 2025 година Почитувана пратеничке Мираковска ви благодарам и за третото прашање. Јас за среќа не сум од министрите кој седи во кабинет. Јас продолжувам да прегледувам пациенти, продолжувам да одам на Педијатрија и на Онкологија секојдневно и нон стоп сум во комуникација со пациентите и никогаш не сум бил нереален да кажам дека ќе направиме спектакл и дека за една година ќе направиме норвешко здравство во Македонија, бидејќи тоа е невозможно. Точно е тоа дека јас сум бил 100 дена министер во 2017 година, меѓутоа за 100 дена се обидовме и фит бекот беше релативно добар. Јас оставка би дал веројатно во моментот кога ќе видам дека ми се случува модуларна или ми се случува феноменот Онкологија да некој ги краде лековите кој што коштаат илјадници евра, а пациентите ги лажат и им пуштаат нешто онтолошка терапија, витаминска терапија и вода. Значи не бегам од одговорност и никогаш не сум бегал и ништо не ми значи верувајте, бидејќи јас не доаѓам од пазар. Доаѓам од универзитет, доаѓам од Клинички центар, доаѓам од универзитетска болница и немам никакво гајле и да се вратам и да продолжам со моите пациенти. Бидејќи овие 8 години откога сум во политика никогаш не престанав да прегледувам пациенти барем еднаш неделно и тоа можеби повеќе пациенти отколку пола од докторите кој што работат редовно во клиниката. Би сакал да ви кажам, оти прееска немав време, би сакал да ви кажам и за морталитетот на Педијатрија. Госпоѓа Мираковска, пратеничке Мираковска почитувана,

Сите пратенички прашања