Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Апасиев праша за отворање македонски конзулат во Корча

Резиме

Пратеникот Димитар Апасиев праша дали Владата планира да отвори македонски конзулат во Корча, наведувајќи дека Македонците во тој дел од Албанија мора да патуваат до Тирана за конзуларни услуги. Тој ја посочи и потребата од поголема поддршка за македонското малцинство.

Премиерот рече дека Владата се грижи за Македонците во странство, но не даде директен одговор дали и кога ќе биде отворен конзулат во Корча. Посочи дека ограничените средства ја отежнуваат таквата можност и дека во меѓувреме се разгледува ангажирање почесен конзул во Албанија.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Димитар Апасиев

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Јас имам едно пратеничко прашање до премиерот. Поврзано е премиере со неодамнешната посета во саботата на нашинците, односно на Македонците во Албанија, се одржа во хотел Грант во Корча. Имаше присутни од скоро сите македонски партии, меѓутоа трет, четврт ешалон. Само Левица беше со највисоко раководство и се однесуваа на три теми. Ќе се обидам од прва рака да ви ги пренесам без зла намера затоа што замолија и самите нашинци таму да не го политизираме ова прашање, туку заеднички како македонски парламентарни партии да најдеме чаре за нивната сага која ја живеат, особено од 2023-та, од пописот наваму. Значи темите беа положбата на Македонците во Албанија, потоа бугарската пропаганда во Албанија, за асимилација на Македонците и третата беше Нацрт платформата за поддршка на македонското национално малцинство од страна на Македонија. Чисто да ви ги доловам приликите какви се таму. Значи партиите таму за разлика тие имаат регистрирано политичка партија за разлика од Бугарија или од Грција каде што не им даваат, овдека имаат регистрирано. Тие се признато малцинство како едно од деветте малцинства. Биле осум малцинства, но од октомври 2017 година под влијание на бугарската агресивна надворешна политика и алатката вето која што Европска Унија им ја дозволува уценети се како држава да признаат уште едно фиктивно и непосточеко малцинство, а тоа е бугарското малцинство за да тоа бугарско малцинство сега стане и три пати побројно и од македонското. Значи замислете 100 години немало никакви Бугари на 11 пописи во Албанија и одеднаш во пописот во 2023 година под надворешен притисок има 8 илјади Бугари. Скоро и две ипол ијади Македонци само. Тоа значи дека бугарската политика стратешки делува за разлика од нашата. Е сега оваа партија на Македонците таму се вика Македонска алијанса за европска интеграција. И за разлика од тука партиите таму не добиваат пари од буџетот. Тие немаат дури ни 300 евра месечно да си платат кирија во Тирана. Повлечени се тука во Корча. Да биде иронијата поголема, нивната државна изборна комисија им изрекла и 5 илјади евра казна сега за некаков си наводно погрешен образец. Нема ниту вработени ништо, значи само волонтерски работат луѓето. Според нивни информации во Тирана има од 30 до 50 илјади македонци, исто има и во Драч и во Валона, инаку беа присутни македонци од вкупно 50 села колку што има, од Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Корча, Тирана, Подградец, Елбасан и Врбник, што православни, што муслимани, значи се поделени во поглед на верското, но во поглед на националното се изјаснуваат како македонци. Е сега, да ги видете приликите како Бугарија работи на терен, значи таа софиска агенда преку верувам дека и тајните служби на Бугарија се вклучени, им нудат бесплатни екскурзии, стипендии за децата, фондации и грантови за студирање, бугарски пасоши тоа е веќе бизнис за што обвинителството албанско отвори мислам дека истрага, им нудат бесплатни медицински прегледи во зафрлените села дури и со хеликоптери им носат лекари, реновираат училишта и центри за млади. Наспроти ова, нашите возвраќаат со еден весник кој се вика Преспа и кој се печати на 4 старовремски листови, ете толку е нашата стратегија за нив. И го прашав амбасадорот, овој незнам дали е в.д веројатно е, колку Буџет располагаат, тој кажа дека месечно имаат 180 евра Буџет. Значи 180 евра не можете сала да изнајмите за настан, толку е Буџетот, значи наспроти оваа бугарска пропаганда пуштена на најјако, ние се спротивставуваме со овие бројки кои што ги кажав. Значи апелираат да се преведуваат книги, дека имаат изготвено, но немаат пари да ги издадат, имаат околу заглавено околу 300 барања за државјанство, поточно 287 кои што се стари повеќе од 10 години и седат во МВР. За разлика од Законот за државјанство ако се сеќавате каде што на косовари ние измисливме да им даваме со фискална од Сити мол државјанство, на нашинциве ваму 300 барања им се заглавени со години и чекаат владина одлука. Во самиот град Корча на 100 метра од хотелот каде што беше манифестацијата, има грчки конзулат, бидејќи грците тоа си го сметаат за северен епир и кога ги прашавме мештаниве колку грци живеат во градот, кажаа нула. Значи на нула грци има грчки конзулат, огромен. Прашањето до вас ми е, дали ние како Влада или вие како премиер, ќе се заложите да се отвори грчки конзулат во Корча, затоа што луѓето треба да патуваат 4 часа до амбасадата во Тирана, се извинувам да, лингва лапсус, значи македонски конзулат во Корча, затоа што луѓето наши за да завршат било какви конзуларни работи треба да патуваат до амбасадата до Тирана преку планински превој кој трае 4 часа да стигнат и тоа им е елементарното барање за разлика од оваа, лекторати и други за кои што можеби подоцна ќе ве прашам. Но клучното прашање ми е, дали вие како Влада планирате да се заложите да отвориме ние како држава македонски конзулат во Корча.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Димитар Апасиев, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 февруари 2025 година Како што рековте да не го политизираме ова прашање, нема ни јас да го политизирам, иако морам да кажам дека имам малце поголема институционална меморија во нашите контакти и комуникации со нашинците, не само во Албанија, туку и во останатите соседни држави, но не и само соседните држави, туку и во многу држави во светот. Но за тоа претпоставувам во некоја друга прилика и на некои други прашања. Но за да бидеме чесни до крај, да бидеме точни и прецизни до крај, морате да признаете дека вашата колешка Лидија Петкоска од редовите на ВМРО ДПМНЕ исто така беше на тој настан во Корча. Исто како што беше и националниот координатор Затуровска, исто како што беше и заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски. Да не биде дека сега, дека не била претставена Владата или не бил претставен парламентот или ВМРО ДПМНЕ итн, иако како ВМРО ДПМНЕ имаме редовна комуникација. Е сега околу суштината, бидејќи јас секогаш сакам за суштината да зборам. На пописот во 2011-та година во Албанија имаа 5 ипол илјади македонци декларирани, сега има околу 2 илјади и 300, вие рековте 2 илјади, еве јас ќе ве исправам се отприлика 2 илјади и 300 и некаде околу 8 илјади бугари, а во пописот во 2011-та година во Албанија има нула бугари. Прашањето е следно, ако сега има математика е, едноставна е, ако сега на овој попис во 2023-та има повеќе од 8 илјади бугари или 8 илјади и 500 бугари, а во 2011-та имало 5 ипол илјади македонци, а сега има 2 илјади и 300, теоретски сите оние останати 3 илјади да се асимилирале, односно да потпаднале од бугарската асимилациона политика како што вие велите, овие другите, разликата до 8 ипол илјади, што се? Албанци? Суштината е следна, сигурно дека ваков тип на политики нема со транспаренти и тапани да ги водиме. Затоа што ниту една сериозна држава со транспаренти и тапани не ги води ваков тип на политики и секако дека ние се грижиме за македонското малцинство насекаде. Вистинското прашање е зошто во Македонија околу седум, осумстотини бугари кои што декларирааат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да ги ставиме во Устав, па зошто Албанија го нема тој услов да овие 8 илјади не ги стави во Уставот. Тоа е суштинското прашање. Јас би сакал ние да разговараме како граѓани македонци и останати, не само македонци и албанци, и турци и срби и роми, бошњаци и власи, ајде да видиме зошто ова дозволивме да се случи. Тоа е суштинското прашање. Ајде ова да го поставиме во Европа прашање, да видиме како дилема, зошто, таму нема или зошто еве во Србија исто така има неколку илјади, повеќе отколку во Македонија бугари немаат таков услов. Еве ајде за тоа да зборуваме, јас сум подготвен за тоа да зборувам. Зошто некој кај нас тоа го направи, зошто тоа некој го прифати? Затоа што македонците наоколу господине Апасиев, покрај што имаат ваква хегемонистичка асимилациона политика од поедини наши соседи се исто така жртви и на економските случувања и економската асимилација, не само на ваквата асимилација. Затоа нашата стратегија е најпрвин економски да ја зајакнеме Македонија, а резултат на таа економска бездна во која што ние се наоѓаме се токму оние 180 евра Буџет кои што ги добива македонскиот амбасадор во Тирана и не само во Тирана, туку 300 евра добива Буџет македонскиот амбасадор во Брисел месечен, 300 долари добива македонскиот амбасадор во Соединетите американски држави, бидејќи толку има оваа покрадена, опљачкана Македонија, која што ние се обидуваме некако да консолидираме за да можеме со тие пари кои што ќе ги консолидираме да отвориме не само конзулат во Корча, туку и во многу други места во светот. А во меѓувреме додека не можеме тоа да го направиме, односно го немаме тој капитал за тоа да го направиме, се обидуваме преку почесни конзули и се надевам дека многу скоро денеска ќе имаме таков еден и во соседна Албанија. Така што, ако сакаме навистина да зборуваме на ниво на стратегија, јас сум подготвен со секого кој што сака да зборува на ниво на стратегија, да седнам, да разговарам и секој конструктивен предлог да го прифатам и секој конструктивен предлог да го поддржам. Македонците не само во Албанија, туку и во Србија и во Бугарија и во Грција и во Косово и насекаде во светот, треба да знаат дека, еден од главните приоритети на оваа Влада и еден од главните мои приоритети на ВМРО ДПМНЕ се токму тие. Но и оние кои што биле дел од таа економска асимилациона политика. Затоа ајде заедно нормално да разговараме и да правиме стратегија како најпрвин економски да ја зајакнеме Македонија, па после јас ве уверувам дека овие 2 илјади и 300 на следниот попис во Албанија ќе бидат 12 илјади и 300. Јас ве уверувам дека така ќе биде, а ако продолжиме да тонеме економски, среќа тоа се сопре на 8-ми мај, па нема да продолжиме да тонеме, овие 2 илјади и 300 на следниот попис нема ни 300 да бидат. Така што еве да сумирам, да не должам, понатаму, за волја на вистината ќе повторам, не бевте осамен како член на Македонското Собрание таму, бевте во друштво на уште еден пратеник, тоа е Лидија Петкоска, националниот координатор Лиле Затуровска и заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски.

Сите пратенички прашања