
Дијана Тоска
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почнувам со првото прашање, до министер за економија и труд господин Бесар Дурмиши. Господин министер Дурмиши, на 24-ти декември изјавивте дека цените на прехранбените продукти паднале на 10%, додека на 1-ви септември ги информирате граѓаните дека инспекторијатот уште врши анализа во сите градови за да идентификува злоупотреба од страна од трговците. Како постигнавте на триумфалниот заклучок за намалување на цените и во меѓувреме резултатите на анализите сеуште не се јавни или ова е поврзано со еден успех кој е предвремен за да се наполнат вестите кои вие сакате да ги промовирате. Исто така во ноември ги кажавте резултатите од трошоците како мерка, во меѓувреме граѓаните сеуште се жалат на високите цени и злоупотреба од трговците. Како ќе ја образложите оваа спротивност и реалноста која ја имаат потрошувачите, уште повеќе во времето кога се направи времето за бојкот, само од маркетите со сопствениците албанци, не поради цените, но поради етничката припадност на трговците. Значи отсуството на вашата реакција, дали ова ви изгледа дека вашето ќутење, со оваа дискриминаторска практика испраќа една погрешна порака, не зачувувајќи ја трговската еднаквост без разлика на етнитетот. Ако анализите сеуште се одвиваат, ако цените не се реално стабилни и ако не се преземат чекори за адресирање на економската дискриминација, дали има смисла да зборуваме за еден конзистентен пристап и успешен пристап на вашата политика или се ќе остане во рамките на медиумите.