Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тоска бара план за законот за правична и еднаква застапеност

Резиме

Дијана Тоска го праша вицепремиерот Арбен Фетаи зошто, според неа, и по 18 четвртоци нема нацрт или јавна дебата за Законот за правична и еднаква застапеност. Таа побара конкретен план и праша дали укинувањето на балансерот е проследено со алтернативна мерка.

Фетаи ја обвини претходната власт дека со години не го решила прашањето и тврдеше дека балансерот бил злоупотребуван. Тој рече дека експертски тим работи интензивно на законот, дека следната средба е во петок и дека решението наскоро ќе ѝ биде претставено на јавноста.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Дијана Тоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Повторно, во четврток, овој четврток, тој четврток, медиумите ве прашуваат, зошто не го држите зборот. Господин Фетаи, 18 четвртоци поминале од оваа изјава, каде вие во една од вашите изјави, каде изјавивте дека оваа работа е завршена. Но секој четврток поминува без конкретна одлука за Законот за правична и еднаква застапеност. Дали ова е политика без конкретно дејствување, кога велите, јас сум го создал. Да, ние разбираме, но не разбираме зошто по 18 четвртоци се уште немаме ниту еден драфт од документот, ниту еден ангажман за да се даде тој на јавна дебата тоа што вие самите го кажавте со вашата уста. Во вашата изјава за медиумите зборувавте за балансерот и како тој како средство кој беше, не донесе посакувани резултати. Но овој балансер можеби е само една симболика на вашата ситуација, средство кое можеби имаше нејзини слабости, но сега се користи како алиби за стагнација и непреземање на дејствија и незастапување на Албанците врз основното уставно начело на еднаква застапеност. Вие господин Ферати, дали мислите дека може да продолжите да давате неспецифицирани изјави секој ден, секогаш кога се прашувате за вашите дејствија или дојде време да преминете, да прекинете и да ни дадете јасен плани конкретен план за овој закон. Дали е толку тешко да се реализира овој закон кој ќе гарантира еднаква правична застапеност. Кога го тргнавте балансерот погрешивте и ниту една алтернативна мерка се уште не нудите. Велите, меѓународна практика да преземате мислења од Венецијанската комисија. Не на Бенедикт, на Венеција. Но, повеќе од една практика која изгледа како една јустификација која трае многу подолго од тоа што требаше да донесе законот. Но како се чувствувате вие министер, кога го создадовте, кога законот значи е замрзнат, кога ништо конкретно не настанува. И, кои се причините да овој закон кој бил во подготовка толку долго време, да остане како еден проект кој се уште ќе биде, ова е најдобриот начин да ги држите граѓаните во манипулација, или е тактика да имате долги дискусии не нудејќи ништо конкретно. Можеби ова е некој друг четврток, но за нас, за граѓаните секој четврток поминува со губење време, каде секое објаснување, значи создава сомнежи. Што сега ќе направите. Дали ќе продолжите да велите, наскоро, додека ова прашање да биде друга изгубена понуда, или ќе посведочите со вашите конкретни дејствувања. Овој закон, реално е еден ваш приоритет и не е просто за да избегате од одговорност. Ве потсетувам уште еднаш, ве молам да имаме конструктивна дебата без напади и навреди, бидејќи како што знаете, вашите хомолози, вашите министри, пред неколку недели не се пречекаа добро од јавноста со пристапот кој го имаа во текот на одговорите.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Арбен Фетаи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 февруари 2025 година Почитуван претседател, почитувани пратеници, почитувани министри, заменици министри, почитувани граѓани, Благодарам на пратеникот за ова прашање и ќе почнам со едно прашање од моја страна. Сериозно, дали ви срам. Дали ви е срам да зборувате за правичната и еднаквата застапеност на Албанците кога знаеме што сте направиле за 22 години. За 22 години. Сега ќе преминам на одговорот. 22 години сте ветувале дека ќе го регулирате прашањето со Албанците и сте го прегазиле во секој сегмент Охридскиот договор. Сте направиле импровизација, едно по едно, со балансерот, со правичната и еднаквата застапеност, со албанскиот јазик и ние сега се замараме со проблемите кои што сте ги создавале 22 години. Вас не само што не ви е срам, сте многу и непредвидливи. Знаев дека ќе дојдете со ова прашање. Донесов неколку документи пред вас, што вие сте направиле во врска со зголемување на бројот на Албанците во државните институции. Ќе замолам за малку тишина. Почитуван пратеник, ќе прочитам неколку бројки од Народниот правобранител. Филмската агенција, 0 Албанци. Значи, имате табела. Биро за еднаква застапеност на Северна Македонија до Европскиот суд за човекови права, 0 Албанци вработени. Инспекторатот против радијација, 0 Албанци вработени. Бирото за развој на образованието на заедниците, 0 Албанци вработени. Македонската академија на науката, МАНУ – 1 Албанец вработен. Мајка Тереза во Скопје, 1 вработен Албанец. Фондот за иновации и технолошки развој, 1 Албанец вработен. Но, многу злоупотреби, корупција, голема корупција. Дадени фондови за луѓе на ДУИ еден по еден. Вие сте постигнале нешто. Сигурно сте постигнале да го албанизирате, да ги правите Албанци многу, многу службеници кои манипулирајќи со балансерот, лажно изјаснувајќи се како Албанци. Еден пример тука, значи, вработената Ангела Јовановска Николовска е идентификувана како Албанка, одлука во вашето владеење. Сега има и многу други. Кире Трајковски, Дејан Илиевски, Албанци, Златка Серафимовска, Албанка, Горан Трајковски, Албанец, Татјана Дамјановска, Албанка. И тука можам да продолжам со стотици, стотици случаи каде со вашиот балансер се злоупотребува за вашите цели за вработување на луѓе од различните етнички заедници префрлувајќи ги тие како Албанци и затоа го имате овој степен на застапеност на Албанците, со нула. И сега сте дозволиле вакви манипулации. Сега ќе ги броите четвртоците, 18 четвртоци не се колку 18 години, експертите во коалицијата ВЛЕН, ВМРО, ЗНАМ, работат, се среќаваат на неделна основа за да ги санираат, исто така неколку од проблемите кои вие сте ги создале, именувајќи лица во Уставниот суд кои потоа ни создадоа последици во врска со прашањето за идентификација на нашите граѓани и албанскиот јазик и сите проблеми кои вие ги знаете многу подобро од нас, бидејќи вие сте биле тие кои сте ги оставиле овие проблеми. Значи, сега ќе кажам, работиме интензивно на законот за правична и еднаква застапеност. Ќе се финализира многу брзо. Следната средба ја имаме овој петок и многу брзо решението ќе и се претстави на јавноста. Ќе се уреди овој наследен проблем од вашето владеење, вашето владеење во текот на 22 години. Значи, вас не ви помагаме. Ние проблемите на Албанците ќе ги решиме, но вашите проблеми нема да ги решаваме. Вие кога баравте директорот на НАСА да биде Албанец, тука вие треба да се договорите со претседателот Трамп, бидејќи овде не можам да ви одговорам, вие имате проблеми со Соединетите Американски Држави и повеќе немате лице да зборувате за ниту едно прашање кое ги тангира Албанците.

Сите пратенички прашања