Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Цветков праша кој ќе преземе одговорност за штетата од високите цени

Резиме

Пратеникот Борче Цветков праша кој ќе преземе одговорност за, како што рече, штетата врз граѓаните од високите цени. Тој ги критикуваше владините мерки, вклучително и ограничувањето на маржите, и рече дека не се прифатени предлозите за укинување на ДДВ за прехранбени производи и за зголемување на минималната плата.

Министерството за економија и труд одговори дека инфлацијата во последните шест месеци од 2024 година изнесувала 3,6 отсто и оцени дека владините политики дале резултат. Министерството наведе дека е во тек подготовка на нова методологија за минималната кошница, дека инспекциски контроли се спроведуваат на терен и дека ќе преземе мерки за стабилизирање на цените.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Борче Цветков

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Борче Цветков, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван министер, несериозните мерки на власта за осум месеци, ги доведе граѓаните до работ на егзистенционален колапс. Секоја ваша нова мерка за наводна заштита на стандардот на граѓаните, не само што е задоцнета, туку и нема допир со реалноста и со она што значи вистинска потреба за граѓаните. Осум месеци водевте инает и не прифаќавте туѓи предлози како да се справите со предизвикот на високите цени на прехранбените производи. ветувавте подобар живот за граѓаните, ветувавте грижа за сѐ, но ништо не направивте. Ги оставивте граѓаните сами да се снаоѓаат и да си го решаваат проблемот. Да ги бојкотираат маркетите во услови кога од тој што треба т.е од власта не добија никаква помош. Да биде апсурдот уште поголем поддржавте и бојкот на маркетите с со тоа ни признавте неуспех на вашите политики. Вашата најнова мерка за замрзнување на маржите донесена под притисок на јавноста е истата онаа мерка која што сегашната позиција гласно ја критикуваше велејќи дека не дава ефект. Но, сега од перспектива во состојба на безидејност моравте да прикажете дека нешто работите. Па, најлесно ви беше да ја ископирате мерката од 2022 година. Министре, и оваа мерка во дадениот ви е задоцнета. Парцијална и ќе даде минорни и не целосни ефекти кои нема драстично да ги почитуваат граѓаните. Потрошувачката кошничка нема да биде кој знае колку поевтина и оваа мерка нема да го санира и веќе оштетениот семеен буџет. Знаете зошто? Затоа што, со претходните мерки вие веќе дозволивте цените да достигнат плафон а дополнително платите да не пораснат. Предлагате маркетите да ги објавуваат цените на нивните веб сајтови а граѓаните сами да ги споредуваат. Каква корист имаат граѓаните од тоа? Еве објаснете како тоа ќе влијае на потрошувачката кошничка. Оваа Влада за 8 месеци не понуди ниту една успешна економска мерка наместо конкретни решенија нудите рецепти за експерименти кои граѓаните скапо ги плаќаат. Во јануари годинава потрошувачката кошничка достигна 63 илјади 252 денари. Што е пораз скоро од 400,00 денари месечно а во споредба со јануари 2024 година зголемувањето е за цели 6 илјади денари. Не го прифативте предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на прехранбените производи, решение со кое реално ќе се намалат цените. Не го прифативте ниту предлогот за раст на минималната плата, останавте глуви за предлозите кои се од интерес на граѓаните. Од тука министре, моето прашање до вас е: Кој ќе преземе одговорност за штетата што им е нанесена на граѓаните?

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Борче Цветков, поставено на 34- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 февруари 2025 година Почитуван пратеник, само да ви кажам. Во вашето време инфлацијата беше 19%, сте затвориле година со 23% инфлација што јасно укажува дека цените биле многу високи и не сте можеле да ги одржите стабилни цените. 2024 година последните 6 месеци сме ја затвориле со 3,6% инфлација и сме работеле и тоа да го намалиме под 3%, 2% или 2,5%. Што кажува јасно дека за 8 месеци нашите политики дале резултат. Не сме направиле од вашите мерки со кои не сме направиле замрзнување на цените но сме направиле ограничување на маржата. Ограничување на маржата која ја поставиле трговците и во врска со тоа синдикатите што се претставуваа сакам да ви кажам. Минималната кошница сакам да кажам во таа кошница се поставени толку артикли кои не се користат особено во оваа сезона. Таму има сешто и јас сум предложил сите органи кои се надлежни за една методологија за трошоците кои се реални и не да се осврнат на артикли кои во јануари ниту едно семејство не ги користи или да кажам Нес кафе од 250 мили грами не знам кое семејство користи можеби одреден фамилии но сакам да истакнам. Сме почнале и правиме една нова методологија за минималната кошница со што ќе има и минимална кошница и средна кошница каде што ќе се опфатени сите релевантни институции и ќе се претстави и пред синдикатите и пред работодавачите и тоа ќе биде реална врз основа на податоците кои ги собираме од Државниот завод за статистика. Во врска со бојкотот истакнав и претходно и ќе истакнам уште еднаш. Не е само во нашата држава значи во сите држави од Западен Балкан има ваква акција и е разбирливо. И, ги поткрепуваме од причина што имаме трговци кои на неправилен начин не врз основа на економската логика ги зголемуваат маржите со што ги зголемуваат и артиклите. Од оваа причина сме презеле иницијатива не само што направиле поткрепа за граѓаните и сме седеле. Значи, сме презеле иницијатива, 10 дена инспекторијатот е на терен е при крај завршувајќи ги сите контроли. Дали знаете дека во трговијата со големо имаме маржа од над 50%. Дали знаете на мало имаме 30% маржа. Што нема ниту една економска логика. И, врз основа на механизмите кои ги имаме и кои се на располагање како Влада ќе преземе потребни мерки да се стабилизира ова енормно зголемување на цените со што ќе му излеземе на помош на граѓаните. Многу брзо ќе ја донесеме таа одлука, таа мерка и повторно ќе има ефекти како што беа другите мерки и ќе стабилизира пазарот и цените ќе се оправдани за граѓаните. Уште еднаш потенцирам со 19, 20, 21, 23 во претходните години сме имале инфлација 23% но ова имаме 5,5% што уште еднаш кажува дека нашите политики се потребни и дале резултат.

Сите пратенички прашања