
Сашко Јанчев
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сашко Јанчев, поставено на 34-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање се однесува на проблемот што го имаат постари фарми, фарми со традиција од повеќе од 20 години, тоа се фарми кои кога започнале со работа биле или на периферија на градовите или надвор од градовите на земјоделско земјиште. И сега со оваа агресивна дива урбанизација и бетонизација, земјоделското земјиште, полињата, се трансформираа во градежно земјиште и така во полето наместо да има домашни животни, наместо да никнат земјоделски производи, почнаа да никнат индустриски зони, згради, куќи, а по најнова мода и фотоволтаици. И така овде фарми кои што пред 20-тина години биле на периферија или надвор од градот, сега се најдоа сред град. И сега градоначалниците и локалните инспектори ги малтретираат, изживуваат со нив, ги тераат да се преселат и не им даваат потребна документација, арно ама тоа не е едноставна работа. Тоа се фарми веќе изградени, со поставени системи за поење, хранење, чистење, молзење. Фарма како фарма е неподвижна ствар. Тоа не е лего коцки да се, фарма лого коцки да се растури, па да се пренесе на друго место, ова се фарми со преку сто грла, кои произведуваат по 500 тона млеко, со по десетици вработени кои реално го одржуваат, каков - таков пазар, во живот, затоа што помалите откупувачи, помалите млекари ако не се овие поголеми фарми нема да имаат есап да работат, па ќе треба и тие да затворат. Автоматски со тоа од работа, без работа ќе останат и помалите фамилијарни фарми, куп луѓе ќе останат без работа и ќе се уништи долгата традиција на млеко производство. А повторувам, ценењето на овие фарми е скапа работа, таму само една молзачка, еден робот за молзење чини повеќе од 100 илјади евра и тука мораат прво да се направи нова фарма, па потоа да се пренесе добитокот, инаку ќе се прекине производствениот процес и тоа е практично невозможно. Тоа е голема работа и е многу тешко тоа самите фармери да го изведат. Па прашањето ми е, дали се планира некаков фонд на средства, или дали има било каков план во Министерство за земјоделие, со државна помош да се реши, да се преселат овие фарми кои што не по нивна вина се најдоа сега сред град. Оти само ако се прави само притисок они приватно да се преселат, они попрво ќе кренат раце од ова и ќе останеме и без она малку производство на млеко што сега го имаме.