О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Славјанка Петровска, поставено на 36- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничке Славјанка Петровска, не можам да кажам почитувана затоа што, да кажам почитувана треба да го заслужите мојот почит прво. Второ, не очекував од жена која што јавно ја бранев во ситуации кога зборуваа дека пиела дијазепами, вадеа лекарски решенија и што уште не. Очекував минимум почит. Тој минимум почит требаше да значи дека нема да спинувате, нема да вадите од контекст зборови туку директно ќе ми го поставите прашањето. Е, бидејќи се однесувате така како што се однесувате значи од овој момент ни таа минимум почит ја немам. И, прво ќе ве прашам врз основа на што ви ги ставате во уста мајките кои што имаат деца и како вие знаете едно повеќечлено семејство колку треба да троши. Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно четиричлено семејство. И, чисто вака да ви укажам да проверите на Државниот завод за статистика согласно последниот попис кој вие го направивте а не ние. Во Македонија просечно е тричлено семејство а не четири, моето е четиричлено семејство. Во однос на грашокот, и јас сакам да купам од конзерва ама не сум сама, четиричлени сме па мораме да одиме во еден од најевтините маркети и да купиме замрзнат грашок и тоа беше коментарот а не да купуваме грашоци кои што се поскапи од 100,00 денари во иста грамажа како и ониe замрзнатите кои што се многу помалку од тие 100,00 денари. Истото значи беше искоментирано и во однос на литрите млеко. Некое семејство може троши и 18 литри млеко но меѓутоа има и такво кое што не пие. Бадемовото вас ќе ви го оставам, вас ви треба, не на мене. Во однос на патните трошоци ќе кажам дека патните трошоци колку што знам се исти за сите пратеници тука. Достоинството на пратеникот треба да биде пред се. Јас друго би прашала. Што правиме со колективниот договор кој што го донесовте во средства избори, незаконски. И, согласно со кој што сега мора да постапуваме, каде што во Министерство за одбрана, не војниците потенцирам, не војниците кои што треба да имаат и повисоки плати и подостоинствен живот. Зборувам за администрацијата, имаат три пати повисоки плати во однос на сите останати, до вас е Тренчевска и ете таа го остави министерството со никакви плати во однос на вас. Правникот во одбрана и правникот во Министерство за труд и социјална политика, е сега да завршам со еден многу битен и важен момент. Инфлацијата во ваше време на храната стигна и над 30%, ако не знаете како да најде на Државниот завод за статистика јас ќе ви извадам податоци. А, денес инфлацијата е многу пониска и од 3% на храната. Така што, ве замолувам првин да ги читате работите убаво а потоа да дискутирате. Разбирам дека во континуитет сакате да ги правите работите надвор од контекст, да правите тензија меѓу граѓаните но фактите излегуваат од страна на сериозни институции кои што имаат обврска тоа да го објавуваат. Вие може овде да зборувате колку сакате, податоците говорат нешто сосем, сосем друго. Така што, мислам дека најмалку од сите имате право да коментирате и за трошоци и за патни трошоци каде што пак ќе потенцирам. Администрацијата ја ставивте на исто ниво во Министерство за одбрана со пратениците, сметам дека не треба да биде така. А, ве повикувам дајте издржан, конструктивен предлог со кој што нема да се наруши интегритетот и достоинството на пратениците и нема никаков проблем претпоставувам дека пратениците на крајот вие овде носите одлуки, не ги носам јас. Ако дојде редот да биде ова најголемиот проблем, ќе го решиме. Но, јас не знам што да правам со другите проблеми кои што ги оставивте а ги има стотици илјади. Почнувајќи од тоа што ви го кажав во рамки на вашето министерство и Бога ми јас би била загрижена за да сум на ваше место затоа што, го оставив во министерството и што може да следи од колку да се расправам за патните трошоци на пратениците.