Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Петрушевска праша за дипломатските посети, премиерот ги образложи пораките и средбите

Резиме

Марија Петрушевска го праша претседателот на Владата како ја оценува посетата во Соединетите Американски Држави и кои биле главните пораки од конференцијата на конзервативците. Во дополнителното прашање побара да ги сподели средбите и пораките од Минхенската безбедносна конференција и американската конференција за политичко дејствување.

Премиерот рече дека посетата во САД била продолжение на претходни посети и дека одржал контакти со политички личности. Како главна порака ги истакна потребата од соочување со реалноста и спротивставувањето на двојните стандарди. Посочи и дека на средбите зборувал за, како што рече, мешањето во внатрешните работи на државата и за нејзината позиција во односите со ЕУ и соседите. Во одговорот наведе имиња на соговорници и нивни функции, а рече дека контактите ќе продолжат.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Марија Петрушевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Марија Петрушевска, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Чинам од она што успеавме да го видиме изминатиот период особено од страна на опозицијата ќе се обидам со овие пратенички прашања да делуваме просветителски заради тоа што имаме чувство дека талкаат, но и се претворија во центар на дезинформации и манипулации. Имено, претседателе тоа дали опозицијата сака да го признае или не, очигледно не собра храброст, вие имавте интензивна дипломатска агенда на највисоко политичко ниво во изминатиот месец. Впрочем само пред неколку дена пристигнавте од Соединетите американски држави и вие присуствувавте на би рекла највлијателните настани токму во овој месец. Но и присуствувате и на Минхенската безбедносна конференција која што ако треба да го објасниме на оние кој што немаат доблест да го поздрават вашето обраќање таму е дека е на рангот отприлика како Самит на НАТО или како Генерално Собрание на Обединетите Нации ги собира највлијателните политички лидери, впрочем во Германија и се говори за безбедносната и одбранбена политика. Не сакаат да споменат дека впрочем на истата таа сцена имаше обраќање и на идниот канцелар на Германија, меѓутоа истовремено имаше обраќање и лидерот на Украина, господинот Зеленски. Понатаму продолживте со вашата интензивна агенда за да гласот на народот приказната на нашата држава да биде слушната токму и во Соединетите Американски држави. Впрочем се обративте на највлијателната конференција за политичко дејствување во Соединетите Американски држави на конзервативците кој ги собира политичките лидери и чинители не само од САД, меѓутоа и светските и европските лидери. И во една таква политичка елита и креатори вие имавте обраќање подеднакво на истата сцена заедно со претседателот, а тоа е господинот Доналд Трамп. Во таа насока чинам дека е исклучително важно како што почнав просветителски да делуваме за оние кој што до денес не собраа храброст да ја поздрават оваа агенда каде што говоревте во името на државата, говоревте во името на народот. Замислете, токму оние кој што во изминатите седум години гостувањата или работните посети во Соединетите Американски држави или во Европа ги разбираа од рангот на Ворк енд травел. Или пак надворешната политика ја разбираа како олимп, но станаа обезличени и поразени со прилично големи штети по државата, но и по надворешната безбедносна политика. Па во таа насока моето прво прашање би било како ја оценувате вашата посета во Соединетите Американски држави? Можете ли уште еднаш да го повторите пораките кој што навистина беа силни токму од оваа конференција за политичко дејствување на конзервативците. Па се надевам впрочем откако ќе слушнеме одговорот многу брзо од сега ќе се собере храброст и оние кој што не собраа, повторно ќе кажам доблест и храброст, а таканаречените европејци, големите стратези. Не сакам да звучам многу дрско, но најверојатно кога изворот ќе секне ќе ја имаме и паниката и она што ја гледаме и неконзистентноста Дополнително прашање:

Почитуван претседателе навистина дадовте одличен осврт, но кажавте дека остваривте и бројни средби на Минхенската безбедносна конференција, меѓутоа и на Конференцијата за политичко дејствување во Соединетите Американски држави и знам колку македонската јавност и медиумите силно се заинтересирани впрочем да ја слушнат вашата главна порака која беше од овие настани. И впрочем со кој се остваривте средби, пак ќе кажам на највлијателните настани во изминатиот период. Дали би можеле да споделите во таа насока како ги оценувате средбите и со кој се сретнавте и можеби која би била главната порака впрочем што е најважно за македонските граѓани токму тука дома. Говоревте одлично, имавте одлична теза во делот на дека ни се случува впрочем балканизација на Европа наместо европеизација на Балканот. Чинам дека македонската јавност и тоа како заслужува впрочем од вас изворно да ги слушне овие информации. Особено, повторно ќе кажам, затоа што опозицијата, но и за жал одредени поединци кој што се креатори на јавното мислење не пристапија да ја споделат вистината која што вие таму ја споделувавте со нај влијателните личности за нашата држава.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Марија Петрушевска, поставено на 36- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Почитувана Петрушевска благодарам на прашањето. посетата во Соединетите Американски држави е посета која што следуваше откако беше завршена постата на Минхенската безбедносна конференција, но и еден вид продолжување на неколку посети кој што во изминатиов 8 месеци и некој недела откако сме избрани како Влада ги реализиравме во Соединетите Американски држави, започнувајќи од Самитот на НАТО во јули месец минатата година, потоа присуството на Конвенцијата за претседателот Трамп, кога практично и официјално ја превзема позицијата претседател на Соединетите Американски држави. И исто така и оваа втора, односно трета покана кога бев поканет да бидам говорник на СИПЕК, односно настан кој што во овој момент во услови кога конзервативните републиканци имаат претседател на Соединетите Американски држави претставува настан број еден во Соединетите Американски држави. и морам да кажам дека за мене претставуваше навистина огромна чести задоволство да во еден момент на еден од социјалните медиуми платформата Х, не следат додека зборувам повеќе од 250 илјади луѓе, што навистина претставува еден предизвик, но и задоволство и чест би рекол да се биде дел од еден таков настан. Ќе дадам мое мислење и ретроспектива на луѓето со кој што остваривме контакт. Имаме контакти и тие контакти се продлабочуваат и чувствувам дека ќе се продлабочуваат во месеците и годините кој што следат. Според мене, а бев сведок и можев да почувствувам не само да ја почувствувам емоцијата во говорот на потпретседателот Џејди Венс, туку и да го почувствувам амбиентот во самата просторија каде што тој се обраќаше. Тоа претставуваше инспиративен историски говор. Сакале ние или не да признаеме тој говор, а и настаните кој што следат ќе го сменат светот. Дали на некој тоа му се допаѓа или не му се допаѓа, дали тие промени ќе бидат по теркот на очекувањата на поединци или нема да бидат по теркот на очекувањата, не знам. Претпоставувам дека така и ќе биде. Некој ќе бидат задоволни, некој ќе бидат незадоволни со овие промени, но фактот останува дека светот се менува и дека новата американска администрација е предводник на тие промени. И тие промени сите ние ги чувствуваме. Наеднаш веќе немаме еве да речеме освен видна реторика во светот, без разлика дали станува збор за Украина, дали станува збор за Израел - Газа, Блискиот исток, други конфликти гледаме дека реториката сега сите која што ја прифаќаат и која што е прв предвесник на тие промени е мир. Така не беше да речеме до пред неколку месеци. И тоа кое што го кажа потпретседателот Венс по мене е вистинската вистина бидејќи предолго време светот е заложник на двојни стандарди. И на правилото големите прават што можат, а малите што мораат. Долго време поединци беа безгласни, односно беа молчеливи чекајќи милост и тоа се претвори во навистина што би рекла една новинарка која што имавме интервју на Атлантик кансел настанот, вашата приказна се претвори во онаа чекајќи го Годо. И тоа на многу едноставен начин им го пренесе потпретседателот Венс кога рече дека не можеме да зборуваме за заеднички споделени вредности ако во една држава во Европа Уставниот суд поништува легитимна граѓанска волја со одлука која што се темели на чувство дека некој преку социјалните медиуми учествувал во изборниот процес. Па ќе продолжам, вели, ако вие дозволите некој со стотици илјади евра да успее да ја наметне народната волја, тогаш за какви заеднички споделени вредности зборуваме. Па нека биде тоа и најмоќната држава на светот преку социјалните медиуми или помалку моќната држава во светот или пак воопшто немоќна држава. И тој тоа го кажа тоа многу јасно и прецизно. Мора да признаам малкумина беа среќни што некој им ја кажува вистината во очи. Тоа беше еден од примерите. Спомена неколку примери и во Германија, пример во Шкотска, пример во Велика Британија и така натаму. Сега еден по друг не би сакал сите детално да ги... но суштината беше дека доста се двојни стандарди. Дека нас ни е потребно еднашка за секогаш да се соочиме со вистината, да се соочиме со реалноста, да најдеме решение и да продолжиме напред. Тоа беше главната порака која што тој ја кажа. И по мене, а и по многумина присутни оваа година Минхенската безбедносна конференција беше токму таква. Понатаму. да зборуваме отворено. Следниот ден присуствував и на обраќањето на претседателот на Украина, Володмир Зеленски. Многу точно, многу прецизно рече, цитирам, да формираме заеднички безбедносни воени сили кој што ќе ја штитат границата на источното крило на Европа. Не слушнав некој од публиката да крене два прста ние даваме 10 илјади војници. Не слушнав никој да рече еве ние ќе дадеме 50 илјади војници да ја штитат границата на источното крило на Европа. Немаше таков. Ниту пак тие што претходниот ден негодуваа некој погласно, некој потивко на реториката на потпретседателот Венс. Не слушнав некој да го рече тоа. ниту пак кога зборувавме за обединување на Европа не слушнав некој да рече во ред, Европа ги отвора вратите, дојдете, еве не мора Македонија, ние имаме билатерални проблеми, еве ние сме небитни. Еве Украина да речеме повелете, дојдете, ве примаме сега во моментот и во моментот ние стоиме позади вас. Не слушнав некој да се пријави и тоа да го каже. Мислам супер се пораките на поддршка. Супер се пораките дека стоиме покрај вас, дека споделуваме вредности, посета кафе, пијачка во Киев. Ајде да видиме конкретно. Тие луѓе бараат конкретна помош. Молчење, молк, никој ништо не кажа. Сите горе гледаат, доле гледаат кога он самиот рече одма примете не. дајте ни војска заедно да ја браниме. Нема. Сите нагоре, надоле гледаат. Немаше некој кој што рече во тој момент ние сме тие кој што ќе учествуваме во таа цела приказна. Така што светот се менува. Мора да го следиме трендот и мора да го фатиме чекорот со тоа како малубројна држава, како малуброен народ мора да направиме проценка. Нема тактизирање сега во дипломатијата. Не се ова времиња кога треба да се тактизира. Мора јасно да се каже вистината. Мора јасно да се препознае новото нормално кое што денеска доаѓа и да застанеме во редот за истото и да го следиме ако сакаме да успееме и како нација и како држава. Се останато ќе биде повторно уште еден неуспешен историски момент за сите нас. Да не ги направиме грешките од минатото. Сега е јасен, Сега е толку јасен и видлив што нема потреба да имаме било каква дилема каде треба и по кој пат треба да се движиме. Од средбите со кој јас таму имав можност да разговарам и на безбедносната конференција во Минхен, но и понатаму во Соединетите Американски држави претпоставувам дека ќе имам некоја друга можност да зборувам и за луѓето и за кој позиции тие луѓе сега ги извршуваат. Сакав да зборувам за суштината. Дополнителен одговор Почитувана Петрушевска благодарам на дополнителното прашање. Во делот на средбите кој што ги имав при тие посети и во делот на личностите со кој можев да разговарам и отворено да зборувам на сите оние теми на кој што на нас ни се важни, а и на македонските граѓани им се важни, но и да препознаам отприлика кој се контурите на ова ново нормално за кое што сега зборуваме, ќе споменам неколку. Дел од нив ги споделив и во јавноста. се сеќавам дека по средбата со Ден Бончино овде во Македонија имаше обид за исмевање дека тоа бил обичен радиоводител, тотално небитна фигура итн. Во меѓувреме човеков стана втор човек во ФБИ. И добро е, еве до ден денеска разменуваме по некое мислење.

Можам и да пренесам инсталациите на некои невладини организации се уште присутни во Македонија, какво мислење имаат за вториот човек на ФБИ. Потоа Мајкл Елис, вака навидум тотално небитен лик, така беше оценет од некој од луѓето кои што го коментираа тој настан, тој па во меѓувреме стана втор човек на ЦИА. Понатаму, ако ги земеме средбите да речеме и вечерата и сите оние кои што следеа со Девин Нуњес, Девин Нуњес ќе речат кои е сега овој Девин Нуњес, небитен, го води бизнисот на Трамп, тој во меѓувреме стана специјален советник на претседателот кој што ги координира реформите во службите и негов најблизок соработник или еден од петорицата најблиски соработници. Понатаму, средбата со Кеш Пател, вака навидум ништо не значи тоа име, никој не знае ни зошто, тука го исмеваа, кој е сега овој, видете таму на небитен некој настан се среќаваат, тој во меѓувреме стана директор на ФБИ. Хауард Лутник на пример кој дојде во Скопје, кај сега најдоа тука, ги канат у Македонија, кои се овие лузери, ваму таму ги донесоа тука од нигде никаде, човекот во меѓувреме стана министер за економија на најголемата економија во светот. Хауард Лутник 30 трилиона е отприлика американската економија. Чисто за илустрација, втората е кинеската со нецели 20 трилиона која што е повеќе од вкупната економија на Европска Унија која што е некаде околу 18,5 трилиона. Тој човек стана да речеме министер за економија на најголемата економија во светот. Рик Гринел, не знам како нѐ ме нарекоа, со што се нѐ нарекоа и него и мене со што све нѐ навредија овдека, човекот стана специјален претставник на претседателот за решавање на кризи, а тие кои што беа присутни на неговиот брифинг во Минхен, меѓу нив беше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за одбрана во Минхен, во друштво на министрите на земјите членки на Европската Унија за надворешни работи им кажа дека покрај тоа што е специјален претставник на претседателот Трамп за решавање кризи, во неговото портфолио е и Балкан и е претседател на Управниот одбор на Кенеди центарот во Вашингтон. И, ќе видиме понатаму уште што како и т.н. Ако гледаме во ниво на позиционирање историски и еве ова е доволно тука да сопрам да не одам понатаму, да речеме исто така, еден исклучително плоден состанок со Најџел Фараж чија што партија во моментот има убедливо најголем рејтинг во Велика Британија. Дали ние се согласуваме со тоа или не, не е тема на дискусија, важно е дека во моментот најголемиот процент Британци ја поддржуваат политиката на Најџел Фараж во моментов. Така што, еве да не идам понатаму, кои се све останати средби кои што ги имавме, но на едно супер високо ниво и наместо ние да сме горди и среќни што имаме директна комуникација со најмоќниот центар на светот. Тука се доведува под знак прашање, што правел Мицко, трети пат таму, што сега со овие радио водители се среќавал, вакви, такви, онакви. Што нѐ се изнаслушав. Ама тие станаа сега клучни фактори кои што со една реченица ја одредуваат иднината на многу држави, народи во светот сега и ја одредувале во минатото. Јас, би бил пресреќен да можам да го вратам времето назад и нашите и илинденци да имале можност на ваков начин да комуницираат со тогаш најмоќната исто така, администрација во светот, американската. Можеби оваа наша Македонија поинаку ќе изгледала и можеби се ова понатаму што следело ќе било поинаку. Но, ете не можеме да го вратиме времето. И, сега наместо да се обединиме сите, без разлика на нашите различности, политички, етнички, верски, небитно, сепак сме унитарна држава, сите претпоставувам се грижиме да оваа држава има убава иднина, сите да се обединиме и да бидеме фактор во регионот, соседите да гледаат и да учат од нас, бидејќи сите имаат по некаков проблем, а не се ни блиску до таму кај што ние стигнавме, ние се обидуваме тоа да го вулгаризираме. Тоа боли, не дека мене нешто мене ме погодува посебно, но тоа е само пример зошто сето тоа на тој начин не треба да функционира. Во делот на пораките на Сиплек имав можност да имам интеракција, не да држам говор, туку да имам интеракција со исклучително моќна политичка фигура, бидејќи Кејти

Мегфарун не е само водител, таа е и во Управниот одбор на Сиплек која што моментално највлијателна структура во Соединетите Американски Држави. И, сега договоривме и понатаму соработка и т.н. Главната порака која беше? Доста е двојни стандарди, ако некој го сфати говорот на потпретседателот на Џеј Ди Венс за мешање во внатрешните работи. Што треба ние да кажеме? Што треба ние да кажеме? Кои сите овие години, сите овие години сме жртва токму на тие двојни стандарди и мешање во внатрешните работи. И, токму тоа беше мојата порака, ако промена на знаме, име, банкноти и чуда, што нѐ се случуваше, не е мешање во внатрешните работи и ако сега дополнително барање од Европска Унија така вика нашиот источен сосед, не било тоа барање од нив, тоа било на Европска Унија, е барање да ние повторно го промениме Уставот, ако тоа не мешање во внатрешните работи на една држава, не знам што е, не знам што е. Или пак 100 стапа по туѓ грб не болат, затоа нашите поискусни, стари рекле: Не им прави на луѓето тоа што не сакаш луѓето тебе да ти прават. И, над некого има некого, само прашањето на, кога, какво и кој, не дали, секако ќе се случи, затоа што, така се однесуваш. Тоа беше мојата главна порака таму, предизвика внимание, не можам да кажам сега дека јас бев таму, не знам некоја ѕвезда па сите беа воодушевени што мене ме гледаат. Таму имаше многу побитни луѓе кои што излегоа, меѓу кои беше и потпретседателот Венс, претседателот Трамп, државниот секретар Марко Рубио, и т.н. имаше таму прекрасни говорници, луѓе кои што од меѓународната сцена беше таму премиерот на Словачка Фицо, премиерката на Италија Мелони, и т.н. Но, претседателот на Аргентина Малеј, имаше прилично и од меѓународната сцена покането доста луѓе кои што зборуваа, не можам да кажам дека јас бев не знам колку таму интересен за публиката. Но, мислам дека во еден момент барем тие 250 илјади луѓе слушнаа дека има некоја си таму Македонија во центарот на Балканот која што има некакви проблеми и се чувствува фрустирана поради сите тие проблеми. Дали од тоа нешто ќе се изроди понатаму добро не знам, се надевам да, но дали ќе продолжиме да бидеме гласни, тоа ве уверувам дека ќе продолжиме.

Сите пратенички прашања