Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Петрушевска за довербата во судството и еднаквоста пред правдата

Резиме

Пратеничката Марија Петрушевска праша за реформите во судството, ниската доверба на граѓаните и аргументите на јавниот обвинител Љупчо Коцевски дека работел законски. Таа ја праша премиерот и за постапката за барање одговорност од обвинителот, посочувајќи ја важноста на правната сигурност за граѓаните и инвеститорите. Во дополнителното прашање побара став дали може да се обезбеди еднаквост пред правдата за сите.

Премиерот рече дека Владата оставила простор обвинителството да покаже резултати, но дека, според неговата оценка, освен внатрешни пресметки, не видела резултати. Посочи дека Владата го доставила барањето за одговорност до Советот на јавни обвинители, кој има рок од 15 дена да се произнесе, а потоа прашањето треба да дојде пред пратениците во Собранието. На дополнителното прашање одговори потврдно дека треба да се обезбеди еднаквост пред правдата за сите граѓани.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Марија Петрушевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Марија Петрушевска, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото мое прашање кое што сакам да го адресирам до вас е судството. Вие премере често знаете да кажете дека потребно е да победуваме и во Брисел и во Вашингтон и во Париз, меѓутоа истовремено потребено е да победуваме тука и да обезбедиме достоинствен живот за граѓаните. Без реформи во судството не е можно да говориме за победи ни дома ни надвор, затоа што судството и реформите во судството ни се потребни за да ги испорачаме правната сигурност и безбедност за граѓаните, меѓутоа и за идните инвеститори и бизнис секторот. но истовремено се подеднакво важни заради тоа се поврзани со нашата европска интеграција. За 2% доверба во судството излезе дека само Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ не успеаја да соберат храброст и да се оградат од таа корумпирана стреа која што постои во Јавното обвинителство и во судството. Но со одлука на Влада донесовте решение, односно завземавте став дека јавниот обвинител, господинот Коцевски потребно е да биде разрешен. Она што е важно дека тој има аргументи кој што никако не се издржливи. Ставот е јасен дека реформите се потребни. Тој работел незаконски во својата професионална кариера, меѓутоа и не ја оправда довербата на граѓаните и институциите. Би сакала да слушнам ваш став дали конечно, како впрочем ја коментирате изјавата на господинот Коцевски и неговите аргументи дека се оградува, односно дека работел законски и имајќи во предвид дека впрочем Владата е таа која што го дава нели предлогот, но Собранието го разрешува. Ви благодарам на вниманието. И еве се надевам дека со вашето излагање, меѓутоа и со овие прашања конечно опозицијата ако не гледа претпоставувам преку само од екраните бидејќи не е присутна во салата, со исклучок на еден колега ќе успееме и малку просветителски да делуваме врз нив и да ја доближиме вистината, а тоа е вистината за она што се случува дома, но и во надворешната безбедносна политика. Дополнително прашање Претседателе, споменавте една многу важна констатација, а тоа е изворно од Европскиот извештај. Имено, треба да се потсетиме дека впрочем Владата на СДСМ и ДУИ ја доби најлошата оценка од Европската комисија во делот на судството и доброто владеење. Имено, замислете тие добија полоша оценка од режимот против кој протестираа во тоа време. Ќе се сетиме на шарената револуција, нема правда, нема мир. Епа токму истите кои што беа носители во Владата на ССМ и ДУИ впрочем, тие ја донесоа најлошата оценка во делот на правосудството и Јавното обвинителство. И апсолутно преовладува впечатокот, дека тоа се впрочем опозиционерите кои што треба да одговорат, но овие денови во оваа дебата за потребата од реформи, никако не слушнавме осуда или било каква критика во делот на работењето на оваа спрега која што постои во правосудните органи. Дотолку повеќе не слушнавме ниту оградување од најголемата опозициона партија за корумпираното судство и Јавното обвинителство, односно тие 2% кои што се на ниво на статистичка грешка. Па во таа насока чинам дека особено важно е да одговориме на граѓаните на бизнис секторот и нивните инвеститори дали може во наредниот период навистина да се надеваме дека институциите и пред институциите конечно сите ќе бидат еднакви и ќе има право и правда.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Марија Петрушевска, поставено на 36- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Почитувана Петрушевска, третото прашање се однесуваше на работата на Јавниот Обвинител господинот Љупчо Коцевски. Како ниту една Влада до сега и претходно цениме дека оставивме шанса. И покрај тоа што бевме свесни дека можеби јавноста нема со наклоност да гледа на оваа наша одлука да оставиме шанса, но и така потонатото во политичка као обвинителство и судство, да им дадеме шанса ете да видиме што може да направат, како може да направат, дали може нешто да направат, дали може да излезат од таа политичка матрица во која што се наоѓаат поединци. Не се сите, огромен дел би рекол, огромен масовен дел се луѓе кои што се навистина и чесни обвинители и чесни судии. Не има малкумина кој што го како да кажам загадуваат сето тоа што многумината го прават. И за жал тие се доминантни. Еве ние не влеговме како некој претходни влади, од првиот ден да се пресметуваме со обвинителот па тука да правиме маратонски седници, да менуваме закони. Иако ги имавме сите пред услови тоа да го направиме. И по бројката на пратеници и по сето она кое што го имавме на располагање. Ние рековме ајде да оставиме простор, да видиме дали ќе имаме некаква разрешница или не. освен внатрешна пресметка со не исто мисленици во рамките на обвинителството, без разлика дали е тоа основно вишо или јавно. Освен внатрешна пресметка која што се случува како резултат на некој процеси кој што во позадина треба да се одлучуваат како што се да ве потсетам оние исплатени дневници за поранешните специјални обвинители ќе ве потсетам. И покрај тоа само што имавме внатрешна пресметка со тие кои што застанаа на патот на тоа друго ние не видовме ништо. Друго беа изговори чекајте да видиме анализата оваа што ќе каже, вештачењето тоа, чекај ова не ни е стигнато и така чекај, чекај. Од неколку проценти доверба што ја имаат граѓаните во судството и обвинителството можеби сме сега на негативна нула ако мериме. И нормално дека ние како политичари тоа да ни се одразува. Ќе речат еве овие си се врзаа, само се препакуваа, завршија работа сега ќе си тераат како по принципот што би рекол еден политичар како до сега. И за да покажеме дека нема да биде како до сега последна една темелна внатре каолициска дебата ги соочивме сите аргументи и констатиравме дека треба да се почне од таму од каде што треба да се почне. Не онака како што некој велеше дека мириса рибата туку онаму од кај што вистински мириса тоа е од главата. И логично е дека треба да побараме одговорност од Јавниот обвинител бидејќи тој очигледно дека освен некој свои потези кој што не личат по нас на коректни и внатрешни пресметки во рамките на обвинителството апсолутно ништо друго не правиме. И затоа одлучивме да побараме одговорност и почнавме како влада, подготвивме едно барање, тоа барање го доставивме до советот на Јавни обвинители, има таму законски рок согласно член 89 мислам или 88 беше од Законот. Каде што тие имаат рок од 15 дена да се произнесат итн. И потоа ќе дојде сето тоа на пленум овде кај вас пратениците. Вие сте тие кој што сте избрани од народот, вие сте тие кој што народот зборува, народот на сите мерења на јавното мислење вели дека довербата е нула. И очекувам дебатите кој што ќе бидат од пратениците да ги слушнам и да бидат практично гласот на народот. Има сега политички партии, пратеници од политички партии во опозицијата кој што исто така се претставници на гласот на народот. Но, не верувам дека го рефлектираат гласот на народот бидејќи тие застанаа во одбрана на Коцевски. И на сето ова што се случува во судско обвинителскиот систем. Имајќи предвид дека довербата не повеќе од 2%, 3% тогаш а тие освоиле повеќе од 2%, 3% не многу но освоиле повеќе. Тогаш се поставува прашањето кој народ и чии глас тие претставуваат бранејќи го Коцевски. Се поставува тоа прашање за кое што јас лично имам дилема, дали е тоа некаков морален хазард, дали е тоа осмислена партиска политичка стратегија не знам. Но, ако се има во предвид солзите за резолуцијата во Обединети Нации, а при тоа се знае дека главните критики од извештајот на Европската Комисија се токму во делот на владеење на право, имплементација на реформи на судството и во обвинителството итн. Тогаш кого штитиме се поставува прашањето и зошто го штити. Каква е пораката што ја испраќаме. Еве, рониме солзи зошто нашата дипломатија одлучила да поддржи Резолуцијата на Соединетите Американски Држави, а не Европската. Имајќи предвид дека Извештајот од Европската Унија е таков каков што е за владеењето на првото и судско обвинителскиот систем, а од друга страна го поддржуваме главниот фактор зошто ни е таков судско обвинителскиот систем. Да не зборувам за Судскиот совет и така натаму. Значи комплетно измешани пораки испраќаме во јавноста. И потоа се чудиме зошто довербата е таква каква што е кај граѓаните за опозицијата и зошто таа доверба паѓа стрмовито и зошто можеби, владината коалиција на следните избори ќе освои историски можеби победа која што никогаш претходно не се случила на политичката сцена кај нас. Но ние остануваме принципиелни на тоа што го говоревме и во кампањата, и кога ја формиравме Владата дека ќе дадеме шанса, дека не влегуваме во пресметка политичка, дека сакаме да видиме резултати, но тоа што го гледавме осум месеци и некој ден, за жал, можеме да го оцениме како едно комплетно фијаско, последен браник на интересите на претходната владина коалиција, зашто мора да има одговорност, а одговорност на избрано лице од вас, пленумот, пратениците е токму тука на пленум, каде што вие пратениците ќе можете да зборувате гласно, јасно од името на народот и за народот да може да слушне кои се причините зошто ние како Владата дебата ја пренесовме тука, каде што и е местото. Бидејќи, впрочем, тој Јавен обвинител е избран тука. Не го бираат Советот на јавни обвинители. Не го бираат таму, тука, вие го бирате. Вие сте тие кои што го бирате тој кој што ќе биде предмет на дискусија. Јас очекувам дека ќе имаме јасна порака и дека мора да имаме недвосмислена борба против криминалот и корупцијата. Колку и да сака Панче да се труди во Министерството за внатрешни работи, колку и да сакаат да се трудат истражните органи во државата, дали е тоа Финансиска полиција, УЈП, не знам Царина или други истражни органи, небитно, сега да навлегувам во детали, колку и да сакаат оние да прават, ако таму имаме браник, ние не можеме ништо да направиме. Ние можеме се да направиме, но тој браник тука стои и се ни е попусто и се ни е залудно. Затоа мора да го уништиме тој браник за да може конечно правдата да дојде и граѓаните да ја почувствуваат правдата, бидејќи веќе има први индикатори дека се појавува надеж, но исто така тие индикатори имаат сомнеж, бидејќи се уште гледаат исти луѓе кои што се причината и тие не можат да бидат решението на проблемот. Затоа мора вие да бидете решението на проблемот. Да донесете одлука онаква каква што мислите, да бидете вистинскиот глас на народот. Јас сум убеден во тоа. И да ги кажеме сите заедно, јасно и гласно причините зошто треба да има промени токму на чело на таа позиција, зошто изминативе години ние тонеме во судско обвинителска политичка кал и зошто граѓаните разочарани ја напуштаа Македонија, бидејќи немаат чувство дека права, дека имаме правна држава, дека владее правото. Најголемиот дел од луѓето со кои што сум разговарал кога одам надвор и кога ги прашувам зошто ја напуштиле државата, одговорот е затоа што се чувствувале дека се граѓани од втор ред, дека немало правда, дека не владее правото. Дополнителен одговор

Почитувана Петрушевска, апсолутно одговорот е, да. Мора да обезбедиме еднаквост пред правдата за сите граѓани и тоа е наша цел и мора да се стремиме кон реализирање на таа цел, затоа што, ако тоа не го направиме ќе бидеме тогаш ние, тие кои што се сега критикувани. Ќе бидеме со двојни стандарди, ќе бидеме лицемерни, нема да ја говориме вистината и така натаму. Ние рековме, ако се сеќавате уште на почетокот на формирањето на Владата дека немаме намера политички да се пресметуваме и да правиме естрада од полициските акции, да влегуваме со специјални единици на полноќ или после полноќ во домовите на лицата кои што треба да бидат приведени. Нема да влегуваме со повластени камери кои што ќе не снимаат додека ги спроведуваме тие полициски акции, како што бевме сведоци на сцени од минатото, впрочем. Ние рековме тоа нема да го правиме, затоа што не сакаме ова да го претвориме во естрада, туку навистина во барање правда, односно владеење на правото. Тоа беше она кое што ние го кажавме. Кажавме, исто така дека имаме за цел да го распуштиме Судскиот совет. Тогаш се појави јавна дебата. Излегоа експерти кои што никаде ги нема. Кога треба да се зборува зошто нема правда и зошто системот е таков каков што ни е, тие експерти никаде ги нема. Кога треба да се зборува зошто нема правда и зошто системот ни е таков каков што ни е, тие експерти никаде ги нема. Кога зборувавме за распуштање на Судскиот совет сите се појавиле, па тоа е неуставно, тоа не вака, неправно или не знам што и не знам како. Добро, во ред, рековме. Еве да не бидете вие вознемирени, Законот ни дозволува да таа процедура ја водиме во рамките на Парламентот и да изгласаме недоверба на тие членови коишто сме ги гласале, т.е. вие да изгласате доколку цените дека треба. За да истите тие после речат, да, ама тоа не е конечно. Може и да не си дадат оставка тие. Може уште да останат. Замислете, до каде одиме. Добро, скапо платени со ефектите од работата нула, или помалку од нула. Недоверба добиваат, условно да кажеме од тие коишто ги гласале и тие ќе продолжат да ја извршуваат и работат работата која што ја работеле. Зошто? Затоа што така рекол стопанот кој што таму го донел, а кој што сега е во опозиција. Е нема така да оди. Ако некој мисли дека така насила ќе седи, се лаже. Така нема да оди, затоа што народот е жеден за правда. И затоа што народот сака да види правда за сите оние коишто се огрешиле во минатото. Да, морам да признам тука, малку ќе им помогне носење на Законот, оној со европско знаме, Кривичниот законик, каде што роковите беа стеснети, па дел од членовите беа избришани и така натаму, па истите тие што го носеа, сега го обжалуваат за Уставен суд да падне за да важи сега истиот тој закон повторно, а тие да си се повикаат, за нас тој беше поповолен, извинете. Крадевме малку, ама крадевме надвор од рокот. И да не можеме сега да ги гониме. Додуше не директно, наоѓаат прокси, па тој прокси го обжалува. И тоа не е добро. И тоа не е добра пракса. Затоа што, така воведуваме лош пример и за генерациите кои што ќе дојдат после нас, им покажуваме дека не сме биле државотворна генерација, сме се служеле со трикови. Тоа не е добро. И затоа ние мораме како генерација, која што е разумна, која што е оваа страна на правдата, вистинската да покажеме и докажеме дека правдата ќе биде за сите подеднаква. Нема да има граѓани од прв и граѓани од втор ред. И тоа го очекуваат, бидејќи споменавте во вашето прашање, инвеститорите. Бидејќи се уште не е официјален податок, нема да зборувам, ќе се објави во текот на утрешниот ден точната бројка, но бидете подготвени за бројка која што ќе биде историски најголема во делот на странските инвестиции. Многу повеќе од милијарда евра. И засилена од мај наваму. Еве нема да ги зборувам бројките, бидејќи така кажав, дека еве додека не се објави официјално од институцијата која што тоа го објавува. И тие луѓе видоа доверба, препознаа дека некој навистина сака да се бори. И имаме уште многу такви инвеститори, дали се домашни, дали се странски кои што се во процес на инвестиции. Секој ден имам една до две средби на тој план. Секој ден, со различни инвеститори коишто доаѓаат тука. И бидете подготвени секој месец да имаме по една нова инвестиција и по едно, или потпишување, или отпочнување со работа, бидејќи се завршени тие. И сега никој не им кажува, тој ќе ти гради. Таа градежна куќа ќе ти гради ако правиш погон. Никој не ти кажува, кај тој адвокат ќе одиш за таа инвестиција да ја реализираш. Слободни се во изборот. Што сакаат може да прават. Што сакаат буквално може да прават. Никој не им вели, толку треба таму на тој адвокат, ако сакаш таква државна помош. Не. Никој такво ништо не им вели. Што мислите, како мислите, така работете. Ние сме тука да ви помогнеме, бидејќи наш интерес е да може државата да оди напред. Вчера имав состанок со еден потенцијален инвеститор, кој што сака да инвестира во зоните и ги препорача, самиот тој, Штип како зона. Ние рековме, размислувај можеби за Тетово или Струмица. Уште за втората фабрика, бидејќи едната е веќе одлучено да биде во Штип, ќе ја објавиме наскоро. Втората велевме да биде Тетово или Струмица. Еве, Струмица е градоначалник од редовите на СДСМ. Ако е се уште. Идејќи имаат дивизија во политиките, посебно во полово родовата политика, и во родител еден, два и така натаму. Тука сме ние јасни и прецизни. Така што, ценам дека довербата се враќа, но тоа не е доволно. Мора да имаме робусна акција против сите оние, малкумина се уште слепи послушници кои што се последниот бастион, одбрана на коалицијата на власт која што беше седум години претходни и која што буквално донесе неправда наместо правда, каде што полицајци со пајак се тепаа. Пајак за кревање возила нападна полицајка, се сеќавате. Имавме такви случаи и никому ништо. И никому ништо, замислете каква иронија. Како да ги заборавивме овие работи. Мене ме чуди како опозицијата мисли дека народот е како златна рипка. Многу го потценуваат народот. Многу го потценуваат народот, се ќе заборави мислат. Тоа не иде така. Не се заборава така. Но исто така ќе провериме, ако се сеќавате, мандатот го започнаа, но со обвинител кој што ќе биде вистински заштитник на права, мандатот го започнаа со еден скандал, каде што открија незаконски снимени материјали во Обвинителството и во некои од судовите, за кои што тогашниот министер за внатрешни работи велеше дека се на сигурно. Тоа сигурно, сигурно не е Министерството за внатрешни работи, бидејќи не се пронајдени се уште. НО ќе видиме, можеби новиот Обвинител, одбран од народот, заштитник на правда, ќе даде одговор на ова прашање каде се тие материјали, што има во тие материјали, па ќе може да се позанимава малку, можеби таму има индикации некакви за сторени кривични дела, некаков допрен глас, бидејќи се избриша нелегално стекнатиот материјал како материјален доказ. Можеби тоа ќе биде допрен глас за некого, па ќе бараме материјални докази во пред истрага, во истрага и така натаму, да видиме што има таму. Како се стекнуваат белосветски нарко дилери со македонски пасоши, во колку саатот навечер, како, што, кој им даваше, зошто им даваше, кој ги носење и така натаму. Правда мора да има за сите.

Сите пратенички прашања