Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Лукаревска праша за спроведувањето на Законот за македонскиот јазик

Резиме

Сања Лукаревска го праша министерот за култура и туризам кога ќе почне исполнувањето на обврските од Законот за македонскиот јазик. Таа оцени дека не е постапено по ниту една обврска, вклучително и основањето инспекторат и вработувањето лектори.

Министерот одговори дека измените поврзани со трансформацијата на министерството барале подолга процедура и дека се чекало да им бидат издадени лиценци на лекторите. Соопшти дека во понеделникот бил распишан конкурс за директор на Инспекторатот за македонскиот јазик.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Министре Љутков, претпоставувам ќе се сложите колку е значаен македонскиот јазик. Тој е нашиот национален и културен идентитет и ова наше богатство сите имаме обврска да го чуваме, негуваме и да го унапредуваме. Јас сум исклучително горда што припаѓам на политичка партија и бев дел од една влада која што докажа како се сака, брани и почитува македонскиот јазик. А знаете зошто го велам ова. Затоа што токму, во периодот на Владата на СДСМ се спроведоа државнички политики за заштита, афирмација и унапредување на нашиот македонски јазик. Тоа беа политики кои што треба да ги продолжи секоја влада која се грижи за својот мајчин јазик, а особено влада која што во јавност пропагира силна реторика и ветувања на политики за промоција на македонскиот јазик. Да, тука мислам на Владата на ВМРО ДПМНЕ. Она што денес го гледаме во однос на унапредувањето и афирмирањето на македонскиот јазик е во склоп на сите останати политики на ВМРО ДПМНЕ, ништо не е направено, не е спроведена ниту една политика. Тотална незаинтересираност. Дури ниту законските обврски не се исполнети, а тоа е недозволиво. Пред да дојдам до прашањата, ќе ве потсетам дека во април 2019 година, токму Владата на СДСМ донесе Одлука за прогласување на 5 Мај за ден на македонскиот јазик. Благодарение на тие политики, денес нашиот македонскиот јазик е признат во Обединетите Нации, а со Договорот од ФРОНТЕКС стана дел и од јазиците на Европската Унија. Да ве потсетам дека инвестиравме во Институт за македонски јазик и финансиски ја поддржавме дигитализацијата на сите картотеки во Институтот со што трајно заштитивме 5 милиони вредни записи на македонски текстови. Одиме понатаму. Го дигитализиравме правописот на македонскиот јазик, а после 24 години обезбедивме нови вработувања на научници во Институтот за македонски јазик. Овие факти верувам дека ви се многу добро познати. Лани го донесовме и Законот за употреба на македонски јазик од кој што произлегуваат мерки и обврски што треба да се преземат. Тоа е задолжително лекторирање на сите официјални материјали со јавно објавување на лекторите. Вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на власт, основање на инспекторат за употреба на македонскиот јазик за контрола за примената на законот. Од овој закон произлегуваат и мерки за стипендирање на ученици и студенти на сите нивоа на проучување на македонскиот јазик како и отворање на работни места за лектори во институциите, училиштата, издавачките куќи и медиумите. И, после сето ова имаме Влада на ВМРО - ДПМНЕ имаме министерство кое не презема ништо. И, внимавајте, по ниту една обврска од овој закон што произлегува не е постапено. Само да потсетам на вашиот став за великанот Блаже Конески кого го нарековте џуџето од Небрегово. Тој став ја открива сета ваша суштина и ниту стотици ваши заветни изјави не можат да ја покријат. И, ова не е никаква тенденциозност само едно потсетување. Девет месеци не се сетивте и не покажавте иницијатива за основање на инспекторат за употреба на македонски јазик, нема огласувања за вработување на лектори, нема исполнети законски обврски. Врз основа на сето ова претходно напоменато имам две конкретни прашања до вас. Прво, кога ќе почнете да ги исполнувате обврските од Законот за македонски јазик бидејќи до сега не е исполнета ниту една обврска.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за култура и туризам

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година Благодарам на прашањата почитувана пратеничке. Очекував друг да ми ги постави овие прашања ама изгледа избега, да, пред да дојдам на одговорот бидејќи јасно е дека и на тој што требаше да ги постави прашањата му е многу непријатно да поставува вакви прашања. Бидејќи јасно е дека во 7 години мене ми е навистина ова непријатно што го зборувам туку во 7 година си игравте дрн дупка со културата. Сменивте 7 министри, ниеден од министрите немаше можност да креира никаква политика во културата и затоа ние сме сега доведени во една состојба во која што ќе мораме да излегуваме од калта во која што не внесовте во културата во Македонија. И, тоа е еден сериозен проблем и еден сериозен предизвик со кој што се справуваме во овие 8, 9 месеци. До девастирани институции, до изгубени работни места, 7 години не е вработен ниту еден археолог, институциите од прва до последна ниту една инвестиција не е вложена. Се распаѓаат институции како што е Македонската опера и балет, како што е Археолошкиот музеј, еве сега доаѓам буквално од Археолошкиот музеј од една промоција на една книга која што се вика „100 предмети од збирките на Археолошкиот музеј“ и можете слободно да проверите доле во депото. Сите значајни збирки од Археолошкиот музеј се закопани во подрумите скапуваат во влага и во мувла. И, денеска за прв пат после 7 години ова во контекст на прашањето што ми го поставивте дека 9 месеци не сме направиле ништо. После 7 години прв пат погледнете ги вестите денеска ќе видите колку народ се собра, колку археолози и колку новинари имаше на настанот денска. И, изјавите на сите беа дека после 7 година прв пат луѓето се ослободија и прв пат почнаа да зборуваат од погубните политики кои што ги имавте вие во последните 7 години. Да не зборувам за последните 2 години каква девастација и каква неукост беше спроведувана во културата и вас тоа ви е јасно ама не смеете да си го признаете и се разбира дека тоа така ќе биде и понатаму. И, затоа мислам дека немате право да зборувате за култура. Знаете зошто. Има една изрека која што се користи во овие 9 месеци во културата, вика: Да работеа СДСМ 10% колку што работите вие, никогаш немаше да бидете на власт и тоа е факт. Но, не се изработија ни тие 10 посто, во контекст на прашањето што ми го поставивте за македонскиот јазик знаете дека Законот за македонскиот јазик во 2019 година беше пуштен во Институтот за македонскиот јазик на јавно читање. На тоа јавно читање бев присутен, беше присутна сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Сиљановска Давкова, беше и професорката Елка Улчар и беа уште неколку од Институтот за македонскиот јазик и од Министерство за култура. Мислам дека беше и пратеничката Велика Серафимовска Стојановска и тоа беше срамно да се слуша како изгледа предлогот Закон за македонскиот јазик. Беше срамно. Тогашен технички премиер беше господинот Оливер Спасовски. Знаете што се случи. Избегаа, значи сите избегаа од салата. Затоа што, им дадовме аргументи дека ова е недозволиво. Знаете што пишуваше во законот. Дека во Република Македонија официјално може да се користи и македонскиот јазик. Е, до таква неукост и неписменост имаше во предлог законот. И, верувајте, тогашниот технички министер даде наредба да се повлечат, да ретерираат од овој закон.

Потоа ние направивме дополнителни забелешки, направивме работна група, ви го предложивме овде во Собранието и со поддршка од ВМРО - ДПМНЕ пред година, година и пол помина Законот за македонскиот јазик. И, сега ќе ви кажам зошто не е формиран Инспекторатот за македонскиот јазик. Затоа што, во моментот со ЗОРОДУ направивме трансформација во Министерство за култура и туризам. Поднесовме измени на законот а тоа важеше и во Законот за македонскиот јазик и тоа вие добро знаете дека е подолга процедура. Во истиот период положија и многу лектори, добија лиценци но бидејќи сакавме да бидеме транспарентни почекавме да помине законот, да им ги дадеме на сите лиценците, да им ги потпишеме, официјално. И, потоа да го распишеме, Владата да го распише конкурсот за директор на Инспекторатот за македонскиот јазик. И, вие знаете ако сте информирани дека минатата недела, поточно во понеделникот оваа недела е распишан конкурсот за директор на Инспекторатот за македонскиот јазик. Претпоставувам дека на тоа прашање ви одговарав, за Инспекторатот за македонски јазик. Така? Во понеделникот е распишан конкурсот за директор на Инспекторатот за македонски јазик.

Сите пратенички прашања