Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Бочварски праша зошто не е прифатено укинување на ДДВ за храна

Резиме

Благој Бочварски го праша министерот за економија и труд зошто не бил прифатен предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за храна. Тој оцени дека мерките за ограничување на цените и маржите биле задоцнети и не им донеле доволно олеснување на граѓаните, и ја обвини Владата за политичка калкулација.

Министерот ги оспори оценките на Бочварски и рече дека се повикува на податоци од Државниот завод за статистика. Посочи на мерки за училишниот прибор и потрошувачката кошница, за кои рече дека довеле до намалување на цените, и тврдеше дека во претходното владеење инфлацијата била повисока. Во одговорот не даде конкретно образложение зошто предлогот за укинување на ДДВ не бил прифатен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Благој Бочварски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 27 февруари 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Првото прашање сакам да го поставам со едно кратко образложение. Изминатите девет месеци се пример за тоа како не треба да се менаџира економијата и што се случува кога Владата не реагира на време со конкретни мерки. Се случува криза, се случува економска нестабилност и социјална несигурност. Ова ни се случува во изминатите десет месеци предводени од новата Влада. Граѓаните се оставени на милост и немилост, на инфлацијата и на стабилноста. Тоа е нешто што ниту една Влада не смее да си го дозволи. А оваа Влада го дозволи тоа. Се носат половични и задоцнети решенија за справување со влошената економска состојба и животниот стандард на граѓаните. Есенската, па и новогодишната кошничка, а сега и последно и замрзнувањето на маржите покажуваат дека цените не се намалуваат, напротив уште повеќе растат. И знаете што е заедничко во сите овие три мерки, тоа што ги носевте на ист начин, прво им се остави простор на трговците да ги зголемат цените, па потоа мерките стапија на сила. Ги оставивте граѓаните сами да се снаоѓаат и да си го решат проблемот, да ги бојкотираат маркетите во услови кога од тој што треба, односно од власта, од Владата не добија никаква заштита. Цените не се намалени и сега со вашата последна мерка се замрзнати, со замрзнати маржи, затоа што оваа мерка се покажа дека колку и да е исправна, сепак е задоцнета. Се замрзна ниво на цени од први февруари, но веќе цените се покачени. За реално намалување на цените, власта требаше да се врати наназад неколку месеци и како репер да ги земе тие цени, а не овие кои што денес веќе се покачени. Деновиве сите можеме да посведочиме, одиме во маркет и пазариме, непосредно после новите мерки, цените не се намалени, а тоа што граѓаните го кажуваат во анкетите и по медиумите, исто така можеме да посведочиме дека и те како е отежнат живот на граѓаните. Знаете ли зошто е тоа така, почитуван министер. Затоа што и последната мерка е задоцнета, а граѓаните се изиграни. Граѓаните се оставени сами на себе затоа што и перцепцијата и реалноста јасно покажува дека не се носат мерки кои што ќе им помогнат на граѓаните. И тоа беше јасно со оглед на секој ваш чекор и мерка за наводно пониски цени, а вие всушност само им остававте простор на големите ланци на маркети од ден на ден да ги зголемуваат цените. Не е во ред граѓаните да прават процена кој што да купат во текот на месецот или да ги следат цените по веб порталите. Од сето ова јасно се гледа дека не може Владата да се справи со инфлаторните шокови, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните со повисоки цени и со социјална несигурност. Затоа сметаме дека не треба на овие теми да се води инает, напротив треба да се поддржат мерки кои што ќе им помогнат на граѓаните. Без разлика од каде доаѓаат, но денешното мнозинство не гласаше за Предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ-то за храна што директно ќе значеше поевтинување на храната. Со оваа мерка за над 3000 производи ќе беа поевтини, меѓу кои млекото, јајцата, маслото, шеќерот и сите останати основни намирници што секојдневно ги купуваат граѓаните. Со ова се покажува дека поважно е политички да се надмудруваме овде, наместо да бидеме рационални кога интересот на граѓаните е во прашање, кога социјалната правда и економскиот просперитет на граѓанинот се во прашање. Моето прашање до министерот за економија и труд е зошто не го прифативте Предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ-то за храна и зошто одбравте да политички калкулирате на сметка на граѓаните, иако Законот за ДДВ е во надлежност на Министерството за финансии, го поставувам ова прашање до вас токму поради тоа што сметам дека вие како министер за економија сте надлежен и за контролата во маркетите, за растот на цените и можете директно да влијаете и да придонесете, да укажете на Владата дека е потребно или не е потребно одредено намалување на одредени стапки на ДДВ.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Благој Бочварски, поставено на 36-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 27 февруари 2025 година После ова второ прашање за нашето владеење за 9 месеци дека не сме добро владееле и дека не сме излегле во пресрет на граѓаните со тоа што имало повисоки трошоци од претходната власт. Не знам од каде сте ги земале овие податоци, но јас се базирам, податоците ми се од Заводот за статистика, каде што податоците ми се официјални и тоа што се однесува до синдикалците каде што се направи потрошувачка кошница според цените на маркетите, тие не се реални и не се донесени со факти. За девет месеци ние донесовме разграничување на маржата за училишен прибор и сме излегле во пресрет на граѓаните кои се четиричлено семејство и кои што имаат едно или две деца во училиште. Податоците ги имате за училишен прибор каде што се гледа дека овој прибор е намален и после имавме за потрошувачка кошница каде што имавме намалување на прехранбени производи со намалување од 2,2%, беа намалени во споредба со претходните месеци. За Нова Година имавме нов предлог кој што беше предложен од трговците, имавме многу средби и со трговците кои што тие сами си предложија своја потрошувачка кошница и ние како Влада тоа го прифативме. Имаше и такви трговци кои што сакаа да манипулираат за постигнување на нивна цел, но сепак оваа потрошувачка кошница имаше дадено свој резултат. Мислам дека овие 9 месеци имавме стабилна состојба и не беше како во вашето владеење каде што имавме инфлација 19, 13 имавме годишна календарска година каде што беше затворено и со 20% инфлација. Значи податоците се различни од тоа што вие го кажавте. Што се однесува до минималната потрошувачка кошница каде што секој месец излегуваат и даваат информации дека цените поголеми, јас тоа можам да го наречам дека елитна потрошувачка кочница, но не и минимална, бидејќи таму се опфатени и многу артикли прехранбени каде што сега во зимава не се употребуваат. Но информациите ги земал и од маркет каде што е потврдено дека од Комисија дека тој маркет кој што е он лајн заедно со другите маркети направиле договор, картел и ги подигнале нелогично и бесправно. Тоа што се однесува до минималната плата, тоа што сме го кажале во медиумите синдикатите заедно со работодавачите, значи имаме закон, имаат тие направено некој договор и ние го почитуваме Законот кој што е на сила. Ако одлучуваат за некоја промена, за некоја друга пресметка, ние како Влада ќе бидеме таму за да излеземе во пресрет. Факт е дека синдикалците го имаат изгубено правото бидејќи, сега, во иднина ќе бидат претставници на синдикалците и ќе бидат избрани тие што ги исполнуваат условите и ќе се донесе и минималната плата која што ќе биде за 2025 година.

Сите пратенички прашања