Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Мојсоска прашува за инспекции и концесии на охридското крајбрежје

Резиме

Пратеничката Јована Мојсоска од Левица прашува дали во мандатот на Владата биле извршени инспекциски надзори над објекти во заштитената зона на брегот на Охридското Езеро, вклучително и над објектот што, според неа, го гради Сашо Мијалков, и што било утврдено. Таа бара и информации дали Министерството за транспорт евидентира објекти со истечена концесија и какви правни мерки ќе преземе против правни лица што работат без концесија.

Мојсоска прашува и дали концесионерите на плажите „Аквариус“, „Версус“, „Блу Скај“, „Женска Плажа“ и „Машка Плажа“ имаат важечки договори за закуп. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јована Мојсоска

ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Г. АФРИМ ГАШИ

ОД: ЈОВАНА МОЈСОСКА – ПРАТЕНИК ОД ЛЕВИЦА

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

П Р А Т Е Н И Ч К О П Р А Ш А Њ Е ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ

ЗА: Г. АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ - МИНИСТЕР ЗА ТРАНСПОРТ

Моето пратеничко прашање до вас се состои од следниве потпрашања:

1. Дали во мандатот на вашата Влада е извршен инспекциски надзор над објектите во заштитената зона на брегот на Охридското езеро и доколку има - што е констатирано при истиот? Дополнително, дали има извршено инспекциски надзор над објектот кој го гради поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков во заштитена зона на Охридското езеро? 2. Дали имате евиденција на објекти лоцирани на брегот на Охридското езеро на кои е истечена концесијата за закуп, кои се тие објекти и какви правни дејства ќе преземете против правните лица кои работат без концесија? 3. Дали концесионерите на ресторан „Аквариус” плажа, „Версус” плажа, „Блу Скај” плажа, „Женска Плажа” и „Машка Плажа” (лоцирани на струкшкото крајбрежје) поседуваат важечки договор за закуп?

***

Барам овие пратенички прашања веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.

Скопје 01.IV.2025

ПРАТЕНИК-ПОДНОСИТЕЛ: Јована Мојсоска

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за транспорт

Во регистарот е означено како одговорено, но целосниот документ со одговор сè уште не е достапен. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања