
Миле Талевски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Миле Талевски, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 3 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто мое прашање исто така, упатено до министерот за внатрешни работи. Господине Тошковски, до сега ниту еден командир, инспектор, началник или повисок функционер во Министерство за внатрешни работи од ОВР Кочани, СВР Штип или Бирото за јавна безбедност кои кога се случил настанот а биле на функција не е меѓу приведените или од опфатен во истрагата. Иако тие на 16 март биле на различни позиции, биле дежурни и најважно имале законска надлежност и обврска да постапат вечерта за време на трагедијата. Јавноста се прашува како е можно да не биде предмет на истрага функционери кои вечерта биле на функции на презеле никакви мерки за спречување или заштита на граѓаните. Меѓу овие луѓе почитуван министер, е Томо Донев, началник на криминалистичката полиција на Кочани кој бил на функција на денот кога се случила трагедијата. Еве оваа, погледнете ја фотографијата, кажува буквално се. Томо Донев, началникот на криминалистичка полиција од Кочани, присутен на партиски настан на ВМРО - ДПМНЕ во Кочани и покрај тоа што знаеме дека во Законот за внатрешни работи, полициските службеници не смеат да учествуваат на политички настан и не смеат да бидат членови на политички партии. Согласно законот ја имаат обврска ова да го почитуваат. Моето второ прашање господине Тошковски е: Дали е ова причината што Донев или било кој функционер од Министерство за внатрешни работи што имал обврска вечерта и бил на функција не е повикан на распит и не е опфатен во истрагата.