Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Талевски праша кој му доставил доверливи информации на припадник од обезбедувањето

Резиме

На 41-та седница на Собранието Миле Талевски го праша министерот за внатрешни работи кој му ги доставил доверливите информации на Ангел Самараков, припадник на обезбедувањето на премиерот. Талевски изнесе тврдења за оддавање информации и поврзаност со политичка партија, како и за претходен инцидент со шефот на обезбедувањето, и побара одговорност и расчистување на наводите.

Министерот одговори дека Одделот за внатрешна контрола поднел кривична пријава и дека случајот е во фаза на основи на сомнение. Тој рече дека Одделот постапува по информации поврзани со полициски службеници и нагласи дека, според него, законот треба да се спроведува еднакво за сите. Во одговорот не посочи кој му ги дал информациите на Самараков.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Миле Талевски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Миле Талевски, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 3 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето трето прашање е поврзано со криминалните скандали со обезбедувањето на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој што стана секојдневие. Ангел Самараков, припадник на најтесното обезбедување на премиерот Мицкоски беше фатен како оддава доверливи информации. Замислете, членот на обезбедувањето на претседателот на Владата фатен жив, со слики, со видеа како оддава доверливи информации. Како е можно лице со такво однесување и поврзаност да биде дел од обезбедувањето на премиерот е прашањето кое што лебди во јавноста. Оти Самараков не е случајна фигура во безбедносниот тим на премиерот. Тој долгогодишен партиски член на ВМРО – ДПМНЕ. Покажуваат фактите затоа што, и неговата сопруга била на листа на таа партија. А, не е ниту изолиран случај, ова е втор скандал за кратко време. Пред само неколку месеци јавноста дозна дека шефот на обезбедувањето на премиерот физички нападнал полицаец кој бил на должност за време на акцијата против трговија со дрога. Овие инциденти министере, отвораат сериозни прашања за безбедносниот апарат. Но, и за можна поврзаност на луѓе од власта со криминални структури. На неговото ниво во структурата во Министерство за внатрешни работи тој немал пристап до таков вид на информации. Значи, морало да има некој кој што има пристап и кој што му ги дава тие информации. Затоа ви го поставувам следното прашање. Кој му ги дал тие доверливи информации на Самараков. Граѓаните имаат право да знаат дали безбедносниот систем воопшто функционира или служи за лични интереси поврзани со подземјето. Мора да има одговорност, транспарентност и итна постапка за расчистување на овие наводи затоа што, ова е борба за каква држава ќе бидеме. Правда и безбедна или заробена од мафијата. Ова се прашањата кои што господине Тошковски очекувам јасно, прецизно тука пред македонската јавност да ги одговорите.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Миле Талевски, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 3 април 2025 година Е, сега. Каде е, каде манипулативната позиција која што цело време се обидувате да ја продадете на македонската јавност која што за среќа македонската јавност не ја купува од вас. Каде е. Првиве прашања ме обвинувате цело време за селективен пристап. Сега со третото прашање јас не знам за што ме обвинувате. Сега кога се апсат по вас, луѓе кои се блиски на ВМРО - ДПМНЕ. Како дошле на позиција. Сега кога се апсат луѓе од СДС не се апселе луѓе од ВМРО – ДПМНЕ. Сега кој ќе ве разбере вас. Кој ќе ве разбере вас што сакате да прашате ајде кажете. Знаете ли зошто не може да ве разбере македонската јавност. Знаете ли зошто не можат да ве разберат македонските граѓани. Затоа што, и вие не се разбирате што прашувате. Сега ќе ви кажам зошто не се разбирате. Не разбирате затоа што, мислите се уште дека е времето каде што ќе кренете некој телефон и ќе завршите работа и вашиот ќе го спасите. Умре тоа време. Заврши. Заврши тоа време пратеник. Јас знам дека ви е тешко да го прифатите тоа. Јас знам дека ви е тешко да се соочите со одговорноста. Јас знам дека ви е тешко. Ама дојде време каде што секој што се огрешил одговара, без разлика дали е градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, без разлика дали е градоначалник од СДС, без разлика дали е министер од ДУИ што во ваше време беше незамисливо. Не можевте во очи да ги гледате. А, не пак случајно за нив процеси да водите или без разлика дали обезбедување на било кого. Кажете ми пример од минатото каде што вака било процесуирано обезбедување на било кого. Ајде кажете ми. Знаете. Не знаете. Знаете ли зошто. Зошто не само вие, јас сум многу искрен во комуникацијата со јавноста. Не само вие и тие пред вас, ги штителе луѓето кои што биле околу нив. Не само вие, точно е тоа. И, тие пред вас. Ама за прв пат, одговора во рамки на една процесна постапка, сега во фаза на основи на сомнение. Да. Фатен до душа ама во фаза на основи на сомнение. За кои што Одделот за внатрешна контрола поднел кривична пријава. Одделот за внатрешна контрола, имаше други прашања во јавноста исто. Фатен бил ваму, не бил фатен таму, не знам кој. Случајно сме го откриле и не знам што. Одделот за внатрешна контрола постапува по информации добиени директно или индиректно во врска со полициски службеници. „Таргет“ во конкретната акција без тројца полициски службеници, тројца. Едниот близок наводно согласно јавните информации до една политичка партија е сега на власт, другата блиска до друга политичка партија и високи функционери во рамки на претходната власт итн.итн. Ама тоа е небитно од аспект на спроведување на закон, тоа е небитно, тоа е небитно. Битно е народот да види надеж, дека конечно во Македонија има некој кој што сака да го спроведе законот еднакво за сите и многу ми е жал што вашиот ментален склоп не може да го сфати тоа.

Сите пратенички прашања