Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Инспекторатот изрекол највисока казна за фирмата во случајот со Тораница

Резиме

Бисера Костадиновска Стојчевска праша дали вицепремиерот чувствува одговорност за, како што тврдеше, излевање цијанид и тешки метали во Крива Река, зошто Инспекторатот молчел и дали ќе побара одговорност од надлежните. Во прашањето таа ги обвини институциите дека ги штитат бизнис-интересите.

Во одговорот се наведува дека Инспекторатот за животна средина ѝ изрекол највисока казна на фирмата. Се очекуваат дополнителни анализи за утврдување на состојбата, а Инспекторатот треба да одржи прес-конференција со детали за случајот во Тораница.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Бисера Костадиновска Стојчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 3 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Моето второ прашање се однесува исто до вас. Состојбата со животната средина е алармантна неодамнешната еколошка катастрофа во Крива Паланка е јасен показател за системските пропусти, институционална негрижа и криминалните врски меѓу власта и бизнис интересите. Излевањето на опасни материи, тешки метали, отрови и цијанид од рудникот во Крива Река претставува директен напад врз здравјето на граѓаните и животната средина. Водите од оваа река продолжуваат по текот на Пчиња и Вардар, загрозувајќи илјадници луѓе додека се молчи и се покрива овој скандал. Додека пак независните анализи покажуваат алармантни концентрации на токсични материи, институциите под ваша надлежност реагираат со невидена незаинтересираност. Наместо итна реакција јавноста доби срамно соопштение дека се излеала само вода, но таа вода е отровен коктел од метали, арсен и цијанид, директна закана по човечките животи. Во секоја демократска и одговорна држава за ваков скандал ќе имавме оставки и кривична одговорност. Но во нашиот случај институциите кои треба да ја заштитат животната средина и здравјето на граѓаните се претворија во заштитници на корпоративни интереси. Која е причината за молкот на Инспекторатот. Дали намерно се штитат бизнис интереси. Дури и кога локалната власт самоуправа одлучи храбро да ја сподели вистината беше нападната од претставници на владејачката партија. Ако не беше нивната одлучност граѓаните ќе продолжеа да ја користат оваа токсична вода, а институциите ќе продолжеа да молчат во заштита на еколошкиот криминал. Затоа почитуван вицепремиер моето прашање до вас е следно. Дали чувствувате барем најмала одговорност што додека вашите институции тврдеа дека се излеала само вода во Крива Река течеа цијанид и тешки метали. Дали конечно ќе побарате одговорност од оние кои што ја дозволија оваа еколошка катастрофа, или и понатаму ќе сведочиме на неказнивост и заштита на бизнис интересите на власта по цена на човечки животи.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за животна средина и просторно планирање

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, поставено на 41-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 3 април 2025 година Во врска со второто прашање Инспекторатот за животна средина директно значи изрекол највисока казна спрема фирмата и сега чекаме овие денови дополнителни анализи за да ја видиме конкретната ситуација и за ова. Значи кога Инспекторатот ќе излезе со прес конференција за да ја опише случката детално во врска со Тораница.

Сите пратенички прашања