Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Сали Мурати бара одговори за здравственото реагирање по трагедијата во Кочани

Резиме

Пратеникот Сали Мурати му поставува прашање на министерот за здравство за организирањето на медицинската помош по трагедијата во Кочани. Бара информации за протоколите, мобилизираните екипи и капацитетите на установите, како и за анализата на здравствениот одговор и мерките за подобрување на подготвеноста за масовни несреќи.

Мурати прашува и за причините за смртта на настраданите, поддршката за семејствата, преживеаните и спасувачите и капацитетите за рехабилитација. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

ДО: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сали Муратӣ, пратеничка група на Европскиот Фронт

Почитувани,

Согласно член 38 и 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, го поставувам следното пратеничко прашање до Министерот за здравство:

Трагедијата во Кочани која одзеде 59 млади животи отвори сериозни прашања за функционирањето на системот на здравствена заштита и спремност за реагирање при масовни несреќи, особено во делот на надлежностите на Министерството за здравство.

Ова прашање го поставувам во контекст на следните правни рамки и обврски:

• Законот за здравствена заштита • Законот за заштита и спасување • Правилниците за укажување на итна медицинска помош • Протоколите за постапување при масовни несреќи • Уставниот принцип на владеење на правото и отчетност на институциите

Врз основа на горенаведеното, барам да одговорите:

1. Како беше организирана здравствената заштита и медицинската помош веднаш по настанувањето на трагедијата во Кочани? ○ Дали постоеше протокол за постапување при вакви масовни несреќи и дали тој беше почитуван? ○ Колку медицински екипи беа мобилизирани и за колку време стигнаа на местото на несреќата? ○ Дали здравствените установи во Кочани и во регионот имаа доволно капацитети и опрема за справување со овој тип на несреќа? ○ Според извештаите објавени во медиумите, повеќе од 115 пациенти биле транспортирани и се лекуваат во странство. Дали ова укажува на недостаток на капацитети во нашиот здравствен систем за третман на вакви повреди, и какви мерки ќе се преземат за зајакнување на овие капацитети? 2. Дали сте спровеле анализа на здравствениот одговор на несреќата, и кои се главните заклучоци? ○ Кои се наодите од таа анализа? ○ Дали се утврдени пропусти во организацијата на здравствената заштита? ○ Кои мерки се преземени за подобрување на системот за реагирање при масовни несреќи? 3. Дали Министерството за здравство, врз основа на здравствениот увид на телата на настраданите, има сознанија за главните причини за смртта на жртвите?

○ Дали главната причина за смртта била гушење од чад, механички повреди или изгореници? ○ Дали постоеја случаи каде со навремена и соодветна медицинска помош жртвите можеле да бидат спасени? ○ Дали резултатите од обдукциите ја потврдуваат тезата дека главната причина за високиот број на жртви била немањето на соодветни излези за евакуација, што е посочено во првичните наоди на обвинителството? ○ Дали во телата на жртвите се забележани траги од отровни испарувања од материјалите кои гореле, имајќи предвид дека според извештаите внатрешноста на објектот била обложена со лесно запаливи материјали? 4. Дали Министерството за здравство имало сознанија за степенот на подготвеност на здравствените установи во Кочани и регионот за справување со вакви несреќи пред трагедијата? ○ Дали биле спроведени вежби за реагирање при масовни несреќи? ○ Дали здравствените установи имале соодветни планови за реагирање? ○ Дали постоеле недостатоци во опремата или кадарот кои негативно влијаеле врз спасувачките напори? 5. Какви мерки презема Министерството за здравство за психолошка поддршка на семејствата на жртвите, преживеаните и спасувачките екипи кои учествувале во интервенцијата? ○ Дали е обезбедена долгорочна психолошка помош за сите засегнати? ○ Какви ресурси се ангажирани за оваа намена? ○ Дали се следи состојбата на лицата на кои им е пружена помош? ○ Според извештаите на специјалистите од странство кои помагаат во лекувањето на повредените, колкаво е очекуваното време за рехабилитација и дали нашиот здравствен систем има капацитет да го обезбеди потребниот третман? Согласно член 43 став 2 од Деловникот, очекувам детален одговор во законски предвидениот рок од 10 дена од денот на приемот на прашањето. Со почит, Сали Мурати- Пратеник На ден 01.04.2025 година во Собранието на Република Северна Македонија Пратеничка група на Европскиот Фронт

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања