Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

МВР: Врапчиште ги добива услугите за лични документи во Гостивар

Резиме

Пратеникот Сали Мурати праша зошто МВР не одговорило на неговото барање од 17 јануари 2025 година за отворање канцеларија за управни служби во Врапчиште, дали е направена анализа, кога ќе се разгледа можноста и кои критериуми се применуваат. Тој посочи дека жителите патуваат до соседни општини за административни услуги.

МВР одговори дека надлежниот оддел не добил акт за отворање базна станица во Врапчиште. Како услови ги наведе анализата на бројот на барања, инфраструктурната поврзаност, соодветен простор и обезбедување, информатичко-комуникациски предуслови, кадар и финансиска оправданост. Министерството смета дека жителите ги добиваат услугите во Гостивар, оддалечен пет километри. За болни или неподвижни лица, наведува МВР, на располагање се мобилна станица и екипа за фотографирање во нивните домови. Не е наведен конкретен рок за разгледување на отворањето.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сали Мурати

До: Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија

Почитуван Претседател на Собранието,

Согласно член 72 од Уставот на Република Северна Македонија, член 15 од Законот за Пратениците и член 38 и 39 од Деловникот на Собранието, го поставувам следново пратеничко прашање до Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија:

1. Која е причината што Министерството за внатрешни работи сè уште нема одговорено на моето официјално барање од 17.01.2025 година за отворање на Канцеларија за Управни служби во општина Врапчиште, иако според Законот за општа управна постапка законскиот рок за одговор одамна е изминат? 2. Дали Министерството за внатрешни работи има изготвено анализа за потребата од отворање на Канцеларија за Управни служби во општина Врапчиште и доколку има, кои се резултатите од таа анализа? 3. Во кој временски рок Министерството за внатрешни работи планира да ја разгледа можноста за отворање на Канцеларија за Управни служби во општина Врапчиште, имајќи предвид дека слични канцеларии веќе функционираат во општините Желино, Липково, Јегуновце и Сарај? 4. Кои се конкретните критериуми што ги применува Министерството за внатрешни работи при одлучувањето за отворање на канцеларии за управни служби во руралните општини и дали општина Врапчиште ги исполнува тие критериуми?

Со оглед на важноста на ова прашање за граѓаните на општина Врапчиште, кои моментално се приморани да патуваат до соседните општини за вадење на лични документи и други административни услуги, очекувам целосен и прецизен одговор.

Ве молам за детален и прецизен одговор во рок предвиден со Деловникот на Собранието.

Со почит,

Скопје,

22.04.2025

Сали Муратти

Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

Република Северна Македонија Министерство за внатрешни работи

Рег. бр. 12-57411/1 Скопје, 15.05.2025 год.

ДО Собрание на Република Северна Македонија Бул.11 Октомври 10 1000 Скопје

Предмет: - одговор на пратеничко прашање Врска : Ваш акт бр.08-2335/2 од 23.04.2025 година

Во врска со Вашиот акт под горе наведениот број и датум, Ве известуваме за следното: Одделот за граѓански работи како надлежна организациска служба во Министерството за внатрешни работи нема добиено акт за отворање на базна станица во општина Врапчиште. Воедно Ве известуваме дека согласно Упатството за начинот на распоредување и функционална поставеност на базните станици и начинот на обезбедување на базните и мобилните станици во Министерството за внатрешни работи за отворање на базна станица за прием на барања и издавање на лични документи (лични карти, патни исправи и возачки дозволи) потребно е да бидат исполнети неколку услови и тоа : - претходно анализа на бројот на поднесени барања за издавање на лични документи на граѓаните за подрачјето на кое треба да се отвори нова базна станица - инфраструктурна поврзаност на подрачјето со подрачјето каде треба да се отвори нова базна станица - просторни услови за поставување на базната станица во рамки на определено подрачје, односно постоење на соодветен објект кој го користи министерството - обезбедување на базната станица - информатички-комуникациски предуслови и можности за поставување на базната станица - кадровска екипираност и

1 Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија Ул. Димче Мирчев бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3 117 222 www.mvr.gov.mk МКД СЕРТИФИКАТ МКС EN ISO 9001:2015

Република Северна Македонија Министерство за внатрешни работи

-финансиска оправданост односно проценка на финансиските импликации од поставувањето на базната станица на определено подрачје

Имајќи го во предвид наведеното како и фактите дека оддалеченоста од општина Врапчиште до општина Гостивар е само 5 км, сметаме дека жителите на општина Врапчиште сите услуги за лични документи соодветно ги добиваат во Отсекот за управни работи Гостивар.

Исто така, на жителите на општина Врапчиште кои се болни или неподвижни Министерството за внатрешни работи има поставено на располагање мобилна станица и екипа за сликање на овие лица во нивните домови.

Со Почит,

Изготвил:Х.Демири Б.Гурец Контролирал:Б.Стефанова Согласен:Ј.Алтанџиев

2 Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија ул. Димче Мирчев бр. 9, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3 117 222 www.mvr.gov.mk МКД СЕРТИФИКАТ МКС EN ISO 9001:2015

Сите пратенички прашања