Најважно
338 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Зајкова прашува за итна кардиохирургија, Министерството вели дека една сала била во функција

Резиме

Пратеничката Моника Зајкова побара од министерот за здравство објаснување за достапноста на итна кардиохирургија, наводното одбивање пациент во приватна установа поради надмината квота, како и за бројот на такви случаи, можните санкции и плановите за подобрување на итната здравствена заштита.

Министерството одговори дека поради реновирање и монтажа на ангиограф една операциона сала била привремено нефункционална, но дека втората сала останала целосно во функција, со тим подготвен да прима итни пациенти. За пациентот споменат во прашањето, Министерството наведе дека, според комисијата за стручен надзор, не била индицирана итна интервенција. Одговорот не содржи податоци за бројот на одбиени пациенти, квотите, санкциите или конкретен план за подобрување.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Моника Зајкова

До Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Африм Гаши

Предмет: Пратеничко прашање Од пратеничката Моника Зајкова До Министерот за здравство на Република Северна Македонија, д-р Арбен Таравари

Согласно член 38 и член 39 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија, поставувам писмено пратеничко прашање до Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари.

Ве замолувам да дадете објаснување за следниот случај кој сериозно го доведува во прашање функционирањето на јавниот здравствен систем, особено во делот на итната кардиохирургија:

„На наш сограѓанин неодамна му пукна аорта – медицинска состојба која бара итна хируршка интервенција и претставува директна закана по живот. Пациентот бил итно пренесен во Државната клиника за кардиохирургија, каде, според добиените информации, сите оперативни сали биле надвор од функција поради наводно реновирање. Пациентот бил препратен во приватната здравствена установа „Филип Втори”, за која постои договор со Фондот за здравствено осигурување, но таму му било одбиено лекување со образложение дека квотата преку Фондот е надмината, а приватно, третманот чини илјадници евра – што е недостижно за поголемиот дел од населението, особено во момент на итност”.

Во контекст на горенаведеното, како пратеничка во Собранието на РСМ, барам од вас, како надлежен орган, да ми одговорите на следните прашања: - Дали е точно дека во моментот државната кардиохирургија нема оперативни сали достапни за итни случаи? Доколку е така, зошто не е обезбедена алтернативна организација на итната кардиохируршка служба? - Колку пациенти се одбиени од страна на ПЗУ „Филип Втори” поради надмината квота преку Фондот и во колку од тие случаи се работело за животно- загрозувачки состојби? - Зошто Министерството и ФЗОМ не обезбедиле итен пристап за вакви случаи, без разлика на квоти, особено кога станува збор за осигурени лица кои сиот свој работен век плаќаат придонеси за здравство?

- Дали се разгледуваат санкции за јавни или приватни здравствени установи кои одбиваат итни случаи, и дали постои план за подобрување на итната здравствена заштита?

Очекувам итен и детален одговор, бидејќи јавноста има право да знае дали државата може да им помогне на граѓаните кога се борат за својот живот.

Скопје,17.04.2025

Пратеник Моника Зајкова

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за здравство

Република Северна Македонија Министерство за здравство

До: СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Скопје

Предмет: Одговор на пратеничко прашање Врска бр. 08-2402/2 од 24.04.2025

Во врска со поставеното прашање на Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Моника Зајкова: „Дали е точно дека во моментот државната кардиохирургија нема операциони сали достапни за итни случаи? Доколку е така, зошто не е обезбедена алтернативна организација на итната кардиохируршка служба? Колку пациенти се одбиени од страна на ПЗУ „Филип Втори“ поради надмината квота преку Фондот и во колку од тие случаи се работело за животно-загрозувачки состојби? Зошто Министерството и ФЗОМ не обезбедиле итен пристап за вакви случаи, без разлика на квоти, особено кога станува збор за осигурени лица кои сиот свој работен век плаќаат придонеси за здравство? Дали се разгледуваат санкции за јавни или приватни здравствени установи кои одбиваат итни случаи и дали постои план за подобрување на итната здравствена заштита?“ Министерството за здравство Ве информира за следното: - ЈЗУ Универзитетска клиника за државна кардиохирургија, со писмен допис бр.0302-142/1 од 06.02.2025 година, а со приемен печат од Министерството за здравство на 10.02.2025 година, го извести Министерството и Државниот санитарен и здравствен инспекторат дека поради реновирање и монтажа на нов апарат - ангиограф, салата ќе биде привремено нефункционална. Втората операциона сала, која се наоѓа во состав на клиниката, за цело време ќе остане комплетно во функција и постојано подготвена да прима и да третира итни пациенти, согласно регистрираната дејност на клиниката, со организиран тим во полн состав.

1 Министерство за здравство на Република Северна Македонија Министриа е шëndetësisë Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија Рr.Divizioni 50, nr.14 Shkup +389 2 3112500 www.zdravstvo.gov.mk

Република Северна Македонија Министерство за здравство

Кај пациентот, посочен во дописот, од каде произлегуваат и поставените прашања, констатирано е дека не била индицирана итна интервенција, што се потврдува и од комисијата за стручен надзор, формирана од Министерот за здравство. За сите итни случаи се постапува веднаш и ургентно, согласно индикациите и Упатствата за практикување на медицина заснована на докази. Министерството за здравство и во иднина останува посветено на решавање на предизвиците и проблемите, во насока на унапредување на здравствената заштита на сите пациентите.

Со почит,

МИНИСТЕР, Проф. Др. Арбен Таравари

2 Министерство за здравство на Република Северна Македонија Ул. „50 Дивизија“ бр. 14, Скопје Република Северна Македонија

Сите пратенички прашања