Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Апасиев прашува дали државна делегација ќе оди на прославата во Москва

Резиме

Димитар Апасиев од Левица го прашува министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дали планира да испрати официјална државна делегација на прославата во Москва по повод 80 години од победата над фашизмот, закажана за 9 мај 2025 година. Апасиев го поврзува прашањето со антифашистичката борба и основањето на државата.

Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Димитар Апасиев

ДО: ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА г. АФРИМ ГАШИ

ОД: ДИМИТАР АПАСИЕВ – ПРАТЕНИК од ЛЕВИЦА

Врз основа на членот 72, став 3 од Уставот на Република Македонија (1991); чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005, 161/2008 и 51/11, 109/14, 140/18, 27/19, 51/24); како и на чл. 38, чл. 39, ст. 1 и 3, чл. 43 и чл. 44, ст. 4-5 од Деловникот на Собранието на Република С. Македонија (Сл. весник на РМ бр. 248/2023), меѓу две пленарни седници – го поднесувам ова мое писмено

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

ЗА: г. Тимчо Муцунски – МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ во Владата на РМ

Пратеничкото прашање гласи: „Со оглед на фактот дека нашата држава е основана на АСНОМ, благодарение на антифашистичката борба на македонскиот народ во НОВ – дали, во таа чест, планирате да испратите официјална државна делегација да присуствува на централната прослава по повод големиот јубилеј ’80 години од победата над фашизмот’, која ќе се одржи во Москва (Русија) – на 9 мај 2025 година“?

***

Барам овие пратенички прашања веднаш да ги доставите до функционерот на кој му се упатени и за доставениот одговор благовремено писмено да ме известите, согласно пропишаниот деловнички десетдневен рок.

Скопје 24.04.2025

ПРАТЕНИК-подносител: проф. д-р Димитар Апасиев

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања