О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Митко Трајчулевски, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 април 2025 година Почитуван пратеник Трајчулески, не мислев дека можете толку ниско да се спуштите и се уште да се обидувате да се качите на бранот на колективната трагедија, која што ја зафати државата. Искрен да бидам, барем вашата пратеничка група има најмалку право да збори за морал. За разлика од најголемиот дел членови од вашата пратеничка група, јас мислев дека барем вие имате некаква морална вредност. Но сум се излажал. А што се однесува за оставките, за пет месеци од денеска ќе започне кампањата на локални избори, граѓаните ќе кажат чија политичка кариера завршува, чија политичка кариера продолжува и во каква форма ќе продолжи. За пет месеци од денеска ќе почне кампањата за локални избори, да оставиме граѓаните да кажат. Но тоа што играте на картата на кратко помнење и континуирано ги навредувате граѓаните, мислејќи дека ако поставите вакво прашање, дека ќе добиете политички поени, јас ве советувам, не. Нема да добиете, туку дополнително губите. Зошто? Јас ќе се обидам да направам една кратка ретроспектива на тоа што е направено. Еве овдека во првиот ред, твои сопартијци ќе ти кажат малку повеќе за модуларната болница, за Ласкарци и за Беса Транс. И колку беа опфатени со истрагата и колку кривични пријави беа поднесени во тој момент. Ако тие не ти кажат, набргу од денеска, ќе има расправа во Парламентот, па ќе слушнеш од другите колеги пратеници и зошто и кој и како. Јас нема да играм на оваа карта на која што вие играте. Јас само ќе кажам неколку податоци. Истрагата ја води Јавниот обвинител: не јас, не Владата. Ако Јавниот обвинител одлучи дека мене треба да ме приведат, еве тука е министерот за внатрешни работи, нека ме приведат. Веднаш, истиот момент. Седум години, осум, девет години не затваравте, не приведувавте и до ден денеска се уште ВМРО-ДПМНЕ е под прогон на обвинители и судии од времето кога СДСМ ги бираше. Издржавме. Па и затвор е за мажи. А богами, во нашиот случај и за жени. И знам како е. И не треба сега многу да се паничиме. Ако Јавниот обвинител, господин Трајчулески, одлучи дека треба да одам во затвор, ќе одам. Никому, ништо. Тоа е тоа. Не треба да се плашите. Зошто се плашите. Но јас не сум тој кој што ја води истрагата. А јас тие како претседател на Владата што ќе ги одреди Јавниот обвинител дека треба да се приведат, заедно со министерот за внатрешни работи, ќе ги вадам за уши и ќе ги приведувам. Ама не само за овој случај, и оние заборавените, за модуларната, за Ласкарци, За Беса Транс, за сите. Немојте да мислите дека ќе се заборави тоа. Нема да се заборави. Нема да помогне ниту шверцерски поминатиот Кривичен законик со европско знаме во Парламентот. И тоа нема да ви помине. Ако одреди така Јавниот обвинител, заедно со судијата кој што треба да одреди мерки. Какви ќе бидат тие мерки, не знам, не прејудицирам. Јас не можам да прејудицирам какви ќе бидат мерките. Така што, можеби овој втор дел од вашето прашање денеска, требаше да го поканите Јавниот обвинител и на него да му го упатите. Затоа што, јас навистина не знам што се случува со истрагата. И не знам кои се лица ќе бидат опфатени, доколку истрагата се уште трае. Не знам. Тоа прашање треба да го поставите на Јавниот обвинител. А за Јавниот обвинител, ќе ви одговорам на второто прашање, бидејќи ме прозвавте, за да не зборувам сега во ова прашање.
Така што, да се вратам на бројките и компарацијата. 68 лица досега се опфатени во истрагата од страна на Јавниот обвинител, односно Обвинителството и сите тие таму кои што се задолжени за ова. За разлика од модуларната болница кога гореа живи луѓе, Ласкарци, Беса Транс, каде што починаа 75 наши сограѓани имаше нула, нула, 75 лица починаа во овие три инциденти. Во овие три ужасни трагедии овде има 68 лица. Дали ќе бидат 168 не знам, ќе каже Обвинителството, не јас, не кажувам јас, не кажува министерот за внатрешни работи. Обвинителството заедно со судот, тие одредуваат какви мерки, кој ќе бидат опфатени, што ќе бидат опфатени и т.н. Не, јас. Затоа, ќе повторам можеби требаше да разговарате со Јавниот обвинител. Дали ќе бидат или се штитат високи владини функционери, не знам. Ќе го прашате него, не мене. Ако тој рече дека треба да апси и приведува високи владини функционери од оваа Влада, ќе се случи тоа и тука да немате дилема. На крајот од денот еве ќе ви дадам два примери. Еден член на Владата е во притвор. Во ваше време тоа знаете што беше. Невозможна мисија. Дури не успевавте ни да се приближите во подалечниот периметар а не пак да извадите човек од седница на Владата и да го ставите во притвор по налог на Обвинителството. Не по мој налог, не по налог на министерот за внатрешни работи, по налог на Обвинителството. Повикани на информативен разговор функционер високи како што вие велите, од страна на Обвинителството. Не од моја страна, не од страна на министерот за внатрешни работи и ќе постапуваме ние извршна власт по налог на Обвинителството во координација со судот. Истите оние Обвинители и истите оние судии кои што вие ги биравте не јас. Вашиот Совет за Јавни обвинители и вашиот судски Совет, не јас, не ВМРО – ДПМНЕ. И, треба тука работите правилно да се кажуваат затоа што, македонската јавност треба и мора да ја знае вистината. Дали се должни да знаат дека немале лиценца. Не се должни. Ако мене ме прашате а јас не сум правник а ги читав законите не се должни. Еве консултирајте правници, има кој е должен и кој треба да знае дали има лиценца или нема лиценца. А, најмногу треба да знае органот кој што ја издава. А, тоа во случајот било Министерството за економија и види Богати имале лиценца, со тоа што не била таа лиценца легална, важечка тоа е друга 12 како што не биле такви легални важечки многу лиценци издавани од истиот тој орган. Околу постапувањето по налог на Обвинителството и судот, еве ќе продолжам понатаму. Актуелен градоначалник е притворен, актуелен градоначалник е притворен. Актуелен градоначалник. Во ваше време кога вие бевте Владата овие 7 години. Знаете што беше тоа. Невозможна мисија и затоа господине Трајчулески, се извинувам. Кога зборуваме за морал најмалку, најмалку вие имате право можеби немаме ни ние, не знам. Ќе кажат граѓаните за неколку месеци од денес. Но, најмалку вие имате право да зборувате за морал, етика и водење на истраги и постапување по истата. Мој совет до вас, да ги оставиме семејствата. На можете да удирате, не е тоа проблем, секој ден. Дехидрирате од плукање и нормално е тоа, нормално е, вие сте опозиција, јас сум претседател на Владата и логично, измислувајте, конструирате, тоа најмал проблем е, ќе го издегистираме, ќе го поминеме. Граѓаните се тие кои што кажуваат дали вашата вистина е прецизна и точна или онаа вистина која што ние ја кажуваме. Ве молам да ги оставиме родителите и семејствата. Ве молам да ги оставиме тие затоа што, кај нив болката и тагата е огромна. Удрете еве на нас, не е проблем, тука сум, јас реков, прв ќе ја прифатам таа одговорност. Но, прво ќе ги решиме работите, прво ќе ги решиме. Тие работи кои што доведоа до ова, не само оваа туку сите други затоа што, кога гледате дека еднашка не се постапува, втор пат не се постапува, трет пат. Тоа станува пракса. Се ќе решиме сега. Е, од како ќе решиме тогаш ќе побараме пред народот доверба да видиме дали ја заслужуваме ние или можеби вие или некој трет.
Тогаш ќе видиме. А, до тогаш ве молам, ве молам, да ја оставиме трагедијата и болката на тие семејства нивна да си биде. Обвинителството е тоа е кое што постапува, Обвинителството е тоа кое што дава наредби заедно со судот, не ние. Господине Трајчулески, не ние. А, за кој Обвинител станува збор. Во одговорот на вашето второ прашање.