Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Беџети праша за законот за правична застапеност, Мицкоски рече дека е готов

Резиме

Пратеникот Блерим Беџети праша што се случува со Законот за правична застапеност, дали е формирана работна група и кога законот ќе биде донесен. Тој рече дека пратениците подолго од шест месеци бараат информации и побара Владата да даде јасен одговор.

Премиерот Христијан Мицкоски одговори дека законот е готов од претходната година, но дека законите треба да бидат согласно Уставот за да не бидат укинати од Уставниот суд. Рече дека лично ќе го претстави и брани пред Собранието и дека ќе гарантира правична застапеност. Не одговори дали е формирана работна група и не наведе рок за донесување на законот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Блерим Беџети

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Денеска не го гледам дали е министерот за администрација господинот Минчев овдека, но прашањето ќе го поставувам, бидејќи поминаа над 6 месеци, ние пратениците од парламентарната група на Европскиот фронт, поставуваме прашања, што стана со Законот за правично застапување кои што произлегува од Амандманот 5 од Уставот на Република Северна Македонија. На неколку случаеви поставуваме прашања, во некои случаеви излегуваат заменици, премиери од оваа Влада и велат дека имаат работни групи, ниту еднаш не кажаа кои работат во тие групи. Значи е еден пристап на мајтап, каде што играат мајтап со јавноста, со правичната застапеност каде што е основно право за една демократска Македонија после 2001-ва година, но како што гледаме дека вандализитетот нема крај бидејќи беше во предизборната програма на партијата која што вие ја водите. Оваа Влада за да го тргнете балансерот и тоа го направивте преку институцијата пред политичка Уставниот суд и многу други работи каде што се случуваат во тој орган и немаме никаква информација како пратеници, како Собрание, но и како јавност до каде е ситуацијата со овој закон, дали е формирана работна група, кога ќе биде донесен итн. Но во недостиг на министерот за администрација нема многу да образложам, бидејќи на секоја седница е пракса министрите да бидат отсутни. Верувам дека ќе најдат сила, било вие господине премиер или министерот кој што е отсутен, еднаш засекогаш да биде јасен, да го почитува Уставот, духот на Охридскиот договор и да кажете еднаш, бидејќи Владата има владина програма во кој месец, бидејќи Изет Меџити, Арбен Фетаи се изморија кажувајќи овие две недели и ова стана хумор веќе, не овој четврток, ни другиот четврток. Јавните личности треба да кажат како што треба.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за јавна администрација

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 април 2025 година Христијан Мицкоски: Почитуван пратеник благодарам на двете прашања, бидејќи мене ми го дадовте правото да одговорам на првото прашање, добро благодарам. Вие сте биле министер за правда и претпоставувам еве, ќе се сетите на еден документ, за волја на вистината во тој период не сте биле министер за правда, сте биле градоначалник на општина Сарај. Но Владата од која што практично во време во чие сте биле градоначалник на општина Сарај пред да станете пратеник сега, носи одлука со која што вели дека начелото на еднаков пристап до секое работно место, начелото на стручност и компетентност и начелото на родова еднаквост треба да се примарни единствено применети во целиот процес на селекција итн. Секако да се води сметка и за начелото на соодветна и правна застапеност на припадниците на заедниците. На овој начин од една страна се надминува потребата од примена на алатката наречена балансер, која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува применета на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Тоа го носи како одлука Владата на СДСМ и ДУИ и затоа кога ве слушав внимателно, посебно во првото, за волја на вистината во вториот дел не ви ја сфатив поентата и што беше прашањето и претпоставувам имавте намера да ми се обратите политички во форма на политички говор, па како да покажете мускули, еве како јас му се обраќам на премиерот, видовте. Добро, супер, одлично, секоја чест, покажавте мускули, но ајде сега да се вратиме на суштината на првото прашање. Вие носите одлука со која што велите дека нема потреба од балансер, вие, не јас, вие како Влада јавно велите дека нема потреба од балансер, не јас. Уставниот суд избран, претставниците од Уставниот суд избран со мнозинството од Владата во која што вие бевте дел. По ваша препорака го укинава балансерот, мора јавноста да знае, значи Уставниот суд, уставните судии се избрани во времето кога денешната опозиција седеше од оваа страна и беше власт. Владата во која што дел се СДСМ и ДУИ носи одлука и му препорачува на Уставниот суд дека балансерот си го поминал своето време, нема веќе употребна вредност и овие како викаат ааа, овие што не бираат ни даваат сигнал, ни испраќаат порака, ние го бришеме балансерот. Е сега околу Законот, Законот е готов уште минатата година, пред 6 месеци, но за разлика од тоа време кога вие бевте министер за правда, сега законите треба да бидат согласно Уставот за да не ни се случи повторно да паднат на Уставен суд и повторно вие да излегувате тука, бидејќи немате друга тема, не знаете што друго да зборувате нормално и единствената тема е да ги злоупотребувате чувствата на албанците и да испраќате политички пораки, немате вие друга тема. Еве, едно време се сеќавам како политичка партија тргнавте да џогирате на падините на планината Водно облечени во зелено и промовиравте зелена агенда и тоа беше добро и поздравено и од јавноста и од меѓународната заедница и тогаш имаше такви теми, имаше такви теми. Но верувајте подеднакво мислам и за албанците, и за македонците, и за србите, и за турците, и за бошњаците, и за ромите, и за секој еден граѓанин, подеднакво мислам и многу повеќе отколку што вие мислите за албанците, јас мислам за албанците. Затоа што јас времето не го губам како претседател на Влада играјќи фудбалчиња и баскет во канцеларијата, туку реализирам проекти, нови булевари заедно со моите соработници во коалицијата покачуваме пензии, носиме странски инвестиции, покачуваме плати, не го губиме времето во местење тендери, па кој ќе копа јаглен, кој ќе копа друго нешто, кој ќе носи мазут итн, итн. Ние се трудиме да изградиме нова канализација, нов водовод, нова прочистителна станица, нов булевар, тоа е она кое што јас го користам како време кое што го имам на располагање. Јас ве разбирам дека вие на тој начин, исто како што и денеска мене ми се обратите, сакате да покажете, еве, дека сте вие колку силни, па сега си играме фудбалчиња, баш ни е гајле кои што мислат другите, итн, но мислам дека погрешивте. И ако некој треба да му се извини на секој еден граѓанин и на оние во Гостивар, Тетово и скопски Сарај кои што ги полнат автобусите и си одеа од Македонија, тоа е Демократската унија за интеграција, бидејќи таа е најдолго од сите нас овде во Владата. Не ВМРО ДПМНЕ, не ВЛЕН, ВРЕДИ или ЗНАМ или било која друга политичка партија. Најдолго, најдолго време сте вие. Ако треба некој да се извини, вие треба да го искористите тој момент. А јас, да, се извинувам што навистина во оваа држава порано не ве испратија во опозиција. Да, се извинувам. Еве се извинувам на албанскиот гласач што порано не ве испратија во опозиција. Еве, се извинувам, да точно. Но, господине Блерим Беџети, јас можам да ви кажам дека ќе има Закон за правична застапеност, јас лично ќе го извадам овдека и јас лично ќе го бранам. Кој што е биде уставен и ќе гарантира вистинска правична застапеност на сите етнички заедници. А во меѓувреме, јас, еве, како што ви реков и минатиот пат, дека по налог, а не онака како што вие го дефинирате, на Обвинителот кој што вие го избравте, сите кои што се предмет на истрагата ќе бидат најдени, изведени пред суд, така и сега ви велам дека јас гарантирам за правичната застапеност. Еве, да знаете и дека никој нема да се почувствува дискриминира, никој нема да се почувствува дискриминиран. Така што, бидете спокојни. Законот ќе дојде овдека, јас бев тој кој што заедно со моите колеги од Владата кажавме дека нема да ги правиме грешките од минатото, кога се носени закони без да се гледа уставноста или пак се носени закони на две, на три, кои што денеска ни оставаат простор за политички тези. Наместо да излезете да им се извините на Албанците зошто се носени политички половични решенија, вие мене ми зборувате дека јас треба да се извинам. Да, се извинувам што порано не заминавте во опозиција. Што можеби требаше многу порано да бидете во опозиција и да се соочите со се што правевте во изминатиот, повеќе од 20 години, најмногу на Албанците, а потоа и на сите останати. Но, исто така ви давам збор дека оваа држава ќе биде татковина и на Албанците, и на Македонците, и на Србите, и на Турците, и на Власите, и на Ромите, и на Бошњаците и на сите подеднакво, додека јас сум претседател на Владата. И дека нема да направиме ништо со кое што господине Блерим Беџети ќе го нарушиме достоинството пред се на индивидуата и на човекот, а потоа и националната. Затоа што денеска се градат булевари, училишта и градинки и во Арачиново, и во Липково, и во Тетово, и во Струмица, и во Битола, и во Прилеп и насекаде. И ќе се градат и автопати, и коридори затоа што тоа е целта на оваа Влада да покаже дека можело поинаку после 20 години Демократска унија за интеграција на Албанците и за сите останати. Еве, јас мислам дека доволно исцрпен бев во одговорот на вашето прво прашање.

Сите пратенички прашања