Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Беџети го праша премиерот за тарифите и односот кон Албанците

Резиме

На 45-та седница на Собранието, Блерим Беџети упати критики за односот на Владата кон Албанците, укинувањето на балансерот, јазичните прашања и исполнувањето на политичките ветувања. Го праша премиерот дали ќе се извини за, како што рече, арогантниот пристап, а посочи и на царинските тарифи кон САД и унгарскиот кредит.

Премиерот одговори дека тарифата во моментот изнесува 10 проценти, а не 33, и рече дека очекува земјата да биде меѓу државите со најниска стапка. За договорот со Бугарија посочи дека нема поместување и ја образложи позицијата на Владата во врска со уставните измени. Во одговорот ги отфрли критиките за ароганција и упати контраобвинувања кон Беџети и поранешен министер за преговорите за македонскиот јазик и идентитет.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Блерим Беџети

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање, верувам дека ќе ни кажете, бидејќи имаше раскол, не знам дали ќе одговарате господине премиер, зошто министерот за администрација ја спомна Алиса во светот на чудата, но вие реално си правите мајтап со оваа област, но за жал не е министерот за администрација нај повикуван и значи останува за вас господине Мицкоски дали вие ќе се произнесете за ова прашање, бидејќи прашањето беше за второто прашање е за вас господине премиер. Еве веќе станува една година од последните избори, парламентарни избори каде што вие победивте на тие избори и земавте албанска партија која што беше губитничка, не го почитувате легитимитетот и секогаш е веќе очигледно како се случуваат работите. На македонците им рековте никогаш Северна, но Северна е секој ден овдека, ќе ги разгледувате договорите било да е со Бугарија, мислам со соседите или со Грција, ниту едно од ова не се случи, но за албанците преку Уставниот суд го успорувате јазикот за јазиците. Балансерот го укинавте, граѓаните на оваа држава не ги третирате на еднаков начин со одлуката за дијаспората. Слушнав едно изјаснување каде што се велеше дека еден министер албанец не го знаел вашиот јазик и немал право и он не можел да приговори да ги држите сите етникуми како заложници кон патот на Европската Унија. Тие што ви се блиску до вас, изјаснија дека за 6 месеци ако нема уставни измени ќе ја напуштат Владата. Од една Влада без легитимитет и сега станавте арогантна Влада. Алудиравте кај албанците кога кажавте дека на сред ноќ ќе ги фатиме за уши на прес конференцијата на Арбр Адеми како одговор. И значи оваа ароганција треба да има крај. Тарифите кон САД дали вас ве вознемируваат каде што се 33%? Средствата од унгарскиот кредит кој што е многу дискутабилен тој кредит, како сакате вие, си правите распределба на средствата и сега ќе видиме за претпријатијата кои што следи. Од ден на ден сте изјавиле дека некој сака да ја дестабилизира Македонија. Лошо ги информирате државните институции каде што вие сте премиер и нашите меѓународни пријатели не дека има радикални групации за дестабилизација. Многу пати сме кажале дека вие ја правите дестабилизацијата со ваквите дејствувања. Си земавте улога и на обвинител, денеска слушнав кој го гласал, но и вие сте соучесник во тоа писмо пишано каде што е повлечено дека сега има алиби кој тоа го гласал тој обвинител. Има и многу други прашања каде што реално треба да се навратам натаму каде што започнав. Ниту кај македонците не им ги одржуваш ветувањата, имате 2/3 да можеш да ги нарушуваш договорите, но за албанците сакаш се да биде нарушено. Дали е времето, бидејќи се изјаснивте овдека во оваа седница според вашиот закон за прашањата кои што се за албанците дали денеска имаш храброст да им побараш извинување на албанците за арогантното однесување во својство на премиер. Немојте да се лажете себеси дека ќе вознемирувате некого и дека ќе плашите некого. Овдека би сакал да ви помогнам дека на ниту еден начин да не се загрижувате дека може некого да исплашите. Не сакам да го намалам нивото на дебата и да не бидете вие тој што ќе ги повлечете за уши. Албанците ќе излезат на плоштад Македонија и после не ќе мора да трчаш по нив, но после не знаеме тоа прашање до каде ќе оди. Човечки е, етички, политички за сите овие политички прашања за кои што велам вие треба да побарате извинување за овој пристап. Чиј е обвинителот, вие изјавивте дека вие треба да имате ваш обвинител кој што може да соработувате, но тоа е друго прашање каде што може тоа да го дискутираме во друга дебата.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Блерим Беџети, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 април 2025 година Почитуван пратеник, точно е тоа дека со Влада во која што бевте заедно со ВМРО ДПМНЕ е донесен тој закон. Токму тоа и го кажав. Сте биле министер за правда во Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, кога е носен овој закон да бидам по прецизен. Но, исто така, кога сте биле дел од Влада со СДСМ сте дале налог на Уставниот суд да го поништи овој закон. Исто така и тоа е точно, Уставниот суд кој што вие го биравте. Овој состав на Уставен суд, кој што вие го биравте, не ВМРО ДПМНЕ. Тоа е суштината и треба да ги знаат граѓаните сите овие параметри и сите овие податоци. Мислам, не е лошо да се признае. Околу второто прашање, јас не можам да издвојам што е прашањето, луѓето што ме познаваат знаат дека се сум, само најмалку сум арогантен. Но, во ред. Вие сте добиле таква перцепција. Можеби сте го преспале денот околу тарифите, но во моментот е 10 проценти. Не е 33, моментално е 10 проценти и се надевам дека заедно ќе се радуваме кога Македонија, Македонија како држава, во соработка со САД ќе биде меѓу ретките земји во светот која што ќе има најниска, во тој момент, царинска тарифа од 10 проценти, пониска нема да има никој. Еве, денеска ви го кажувам ова, заедно ќе се радуваме, ќе ве поканам да дојдете и да се радувате заедно со мене, бидејќи сепак САД се нашиот стратешки партнер. Околу Северна. Јас мислам дека денеска во Македонија како држава и како општество веќе ретко кој го користи тој термин Северна. Мислам дека сите си го користат терминот Македонија. Со тоа уште едно изборно ветување, според вас, не според нас, е исполнето. Сите денеска веќе зборуваат за Македонија. Па дури и вие. Па дури и вие. Еве од СДСМ исто така во изјави кажуваат, во говори тука, во општеството, сите зборуваат веќе за Македонија, никој не збори за Северна. Инаку, да. Северна ќе остане спомен на едно лошо време кога вие го распродадовте мојот македонски идентитет. Да ќе остане. Кога вие го распродадовте мојот македонски идентитет. Мојот македонски јазик го преговаравте. Мене тоа никога не ми се случило. Напротив, јас се трудам да го учам албанскиот јазик. Како што се обидувам да го зборувам српскиот и останатите. И секогаш ќе бидам до моите сограѓани без разлика на етничката припадност, затоа што се мои сограѓани и ќе ги почитувам тие работи што ним им значат. Вие го распродадовте. Но, знаете што, и можеби до некаде да ве оправдам, затоа што сепак тие што требаше во таа Влада да го бранат, не го бранеа. Па, си рековте вие, кога тие не го бранеа, што па ние да го браниме. Можеби и до некаде ќе ве оправдам, не ве разбирам, не можам да ве разберам, никако. Така што очигледно дека првата теза која што ви е лажна, не е, тоа е теза од вашиот поранешен коалициски партнер, дека ние сме рекле ќе го вратиме Македонија, еве го вративме, овде се зборува за Македонија. Дури и вие зборувате, ќе повторам. Околу тарифите, сте ги преспале, моментално се 10 проценти, а набргу од денеска кога ќе останат 10 проценти се надевам ќе ве поканам заедно да го прославиме тој момент, бидејќи ќе бидеме меѓу првите држави во светот. Инаку, имам редовна комуникација со одговорниот, а тоа е државниот секретар господинот Лутник, пред два дена се слушнав, утре ќе се слушнам, итн, и верувајте дека, верувајте дека ќе бидеме меѓу првите земји. Еве да ме држите за збор. Како што ме рековте, ќе ве држам за збор. Инаку, моментално имаме 10 проценти. Моментално, да проверите, да проверите, ве молам да проверите, затоа што сепак вие сте искусен политичар, долго време сте на политичката сцена, јас откако знам за себе вие сте на политичката сцена. Градоначалник, министер, патеник, долго време.

Околу договорот со Бугарија. Како што гледате, еве, нема тука поместување. Не затоа што јас имам против некого да ставам во Устав, затоа што е непринципиелно. Од една страна на мојот брат Македонец од другата страна на границата, да му се оспорува правото да регистрира невладина организација, а јас дел од бугарската заедница овдека, како политичар, да охрабрам да биде дел како конститутивен народ во мојот Устав. Тоа не можам да го оправдам, како човек, настрана како политичар. Еве, сега имате шанса, ве повикувам во сабота или во недела, мислам дека е во недела, во Мелник, заедно со дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ да отидете и да оддадете почит на титанот македонски, Јане Сандански, на неговото вечно почивалиште. Со тоа и до некаде ќе ја оправдам, ќе ја оправдам вашата постапка како вашиот министер преговараше за мојот мајчин македонски јазик. За мојот мајчин македонски јазик, што ми е од дедовци. За мојот идентитет македонски. Затоа кога зборуваме за извинување, кога зборуваме за арогантно однесување, кога зборуваме за нанесена болка, господине Блерим Беџети, немате вие право. Немате право. А јас ве почитувам и вас како Албанец и албанскиот јазик и ве почитувам. И ќе ве почитувам цел живот, затоа што сме соседи. А соседите се поддржуваат, не работат за туѓи страни, мислејќи дека на таков начин со егзибиционизам ќе промовираат дополнителна додадена вредност во својата кариера. Грешка направивте, голема грешка направивте. И таа нема да избледе. Ако мислите дека ќе се заборави, не, грешка сте, никогаш нема никој да ја заборави. Таа ќе се зборува од колено на колено, кој го направил тоа. Од колено на колено ќе се прераскажува. А јас додека сум жив, не знам колку ќе биде тоа, ќе го прераскажувам, како министерот од Демократската унија за интеграција преговараше за мојот идентитет и мојот мајчин македонски јазик. Нема никогаш да го заборавам тоа. Не затоа што имам против некого, туку затоа што не покажал почитување кон мене, барем онолку колку што јас сум покажал кон вас. Тука ќе застанам и нема да одам понатаму.

Сите пратенички прашања