
Сашко Јанчев
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сашко Јанчев, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: И третото прашање се однесува на болницата во Неготино, станува збор за преместување на друга работна позиција на медицинска сестра која што има 38 години стаж, виша школа, медицинска сестра цел живот работи во смени, била сама на дежурства, од 2011 работи во брза помош, значи станува збор за искусен и искален кадар. И повторувам, цел живот работи во смени и место да се награди таа за нејзината речиси 40 годишна служба, таа сега е преместена на интерно одделение каде што има само прво смена и за награда за нејзината 40 годишна служба добива помала плата. А на нејзино место е вработена сестра со курс од неколку месеци. Ова е таа владина кадрова политика кога 38 години стаж и работно искуство е помалку од неколку месеци курс и без искуство и таа е таа владина политика која што ја уништува Македонија. Па третото прашање ми е, што ќе се прави и во овој случај. Благодарам.