Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тоска со прашање до министерот за уставните измени и евроинтеграциите

Резиме

Дијана Тоска го праша министерот за европски прашања што преземаат Владата и тој лично за евроинтеграциите и уставните измени, кои таа ги посочи како услов за отворање на поглавјата. Тоска рече дека, според најавата на ВЛЕН пред влегувањето во Владата, измените требало да се спроведат во рок од шест месеци, и оцени дека тој рок е поминат. Таа праша дали измените ќе се спроведат во текот на мандатот и кога ќе се отвори патот кон ЕУ. Документ со институционален одговор не е објавен.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Дијана Тоска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Дијана Тоска, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Прашање за Министерството за евроинтеграции од формирањето на оваа Влада и вашето именување како министер каде што сте должен за евроинтеграциите слушаме изјави за европската перспектива но реалноста е сосема друга. Процесот на евроинтеграција на см е блокиран. Не само што има стагнирање туку ниту нема конкретни ветувања. Не сме слушнале од ваша страна и причината е веќе јасна. Не реализирање на уставните измени кои што се услов за отворање на поглавјата. Тоа што ја прави ситуацијата уште потешка е фактот дека коалицијата ВЛЕН пред да биде дел од Владата јавно кажа дека уставните измени би биле реализирани во тек од 6 месеци од влегување во Владата. Денеска овој рок е поминат не само тоа што не се случува ништо но вие ниту ги спомнувате уставните измени, за рокови ниту станува збор. Затоа јас поставувам прашање. Што прави конкретно Владата и вие лично за да го исполнувате ова ветување каде што со ова ветување станавте дел од Владата. Дали сте во состојба да потврдите пред ова Собрание дека уставните измени ќе бидат извршени во текот на овој мандат или ќе го држите евроитегративниот процес како заложник на политичките пазарувања. Албанците во оваа држава биле секогаш традиционална проевропска сила во патот кон Европската Унија. Но, денес се чувствуваат измамени и вие рековте дека ќе го отворите патот кон Европската Унија и се вративте во гаранција на статус кво а не на промени. Дали е ова политичка неспособност или недостиг на волја или некое друго ветување и се заборави само што влеговте во Владата. Бидејќи господине министер, веќе не е техничко прашање значи ова е прашање на верување и затоа во имe на сите граѓани кои што чекаат, едвај го чекаат одговорот за отворање на поглавјата на Европската Унија и кога ќе се отвори патот кон Брисел или ова ќе остане така кога имате потреба за власт. За на крај. Ќе потенцирам уште еднаш дека одговорите очекувам на писмен начин да бидат што појасни и на по транспарентен начин и побрзо. Прашањето го поставувам до министерот за европски прашања.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за европски прашања

Во официјалниот регистар сè уште нема објавен документ со одговор. Страницата автоматски ќе се дополни кога ќе биде достапен.

Сите пратенички прашања