Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Тренчевска праша за доцнењето на платите во три институции

Резиме

Пратеничката Јованка Тренчевска праша кога ќе бидат исплатени платите во Министерството за економија и труд, Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат. Таа тврдеше дека доцнењето ги оставило вработените без плата и здравствено осигурување, и праша дали ќе се решат проблемите со спојувањето на инспекторатите и дали ќе има одговорност.

Министерот одговори дека за исплатата на мартовската плата биле потребни пренос на податоци и внесување информации во новиот систем. Наведе дека Државниот трудов инспекторат имал стар систем за пресметка и рече дека платата за неговите вработени ќе биде потпишана следниот ден, без пречки во наредните месеци. За другите прашања упати на одговор даден на претходен пратеник.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Јованка Тренчевска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е до министерот за економија и труд. Министер дали сте свесни дека поради вашата неспособност и неспособноста на Владата на ДПМНЕ, всушност се излезе на виделина. Илјадници невработени, меѓу кој и вработените во Министерство за економија и труд, Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат ги оставивте без плата. И тоа не е прв пат да ги оставите сега без плата токму пред најголемиот христијански и верски празник Велигден. Тоа го направивте и за Нова година и за исто така голем христијански празник Божиќ кога декемвриската плата вработените во инспекторатите ја добија на 14 февруари. И ова не е административен пропуст министре. Ова е неспособност ваша и неспособност на Владата. Но ова е и кршење на законските права на работниците понижување на нивното достоинство за што треба да има одговорност. Додека вие како функционери во Владата уживате во луксузи со папаја и манго, работниците се оставени без плата и без основна егзистенција. И тоа е тотална незаинтересираност на власта за граѓаните, за вработените, за македонскиот народ. Тоа покажува министре колку вие како министер кој што сте одговорни и за вработените во министерството и за вработените во Државниот трудов инспекторат и во Пазаришниот инспекторат се грижите за нивната егзистенција. Да оставите луѓе без здравствено осигурување и без плата по повеќе од два месеци е навистина е нешто за кое што треба да има одговорност. И затоа министре сакам да ми одговорите кога ќе биде исплатата на овие три институции? И дали конечно ќе се реши хаосот кој што го предизвикавте со измените на ЗОРОДУ и со спојувањето на инспекторатите во Министерството за економија и труд и дали вакви случаи ќе има понатаму? И дали ќе има одговорност за доцнењето и непочитувањето на законските обврски за исплата на плата на 15 во месецот? Но воедно сакам да ја повикам и Трудовата инспекција сега да направи надзор во Министерството за економија и труд како што поднесуваат кривични пријави за други работодавачи за неисплатени плати да поднесат и кривична пријава и за министерот за економија и труд, затоа што неисплатата сега на платата не ви е прв пат. Имаше како што спомнав неисплатување на плата и во јануари, исплата на плата за декември тек во февруари. Па така согласно член 166 од Кривичниот закон како што Трудовата инспекција поднесува кривични пријави за други работодавачи кој што не го почитуваат ова основно право на работникот за исплата на плата, да поднесе кривична пријава и до министерот за економија и труд. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за економија и труд

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Јованка Тренчевска, поставено на 45- та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 април 2025 година Пратеничката била министер и знае дека и еден вработен да нема податоци или да има проблем во пресметка на платата значи не може ниту еден да земе плата во таа институција. Што се однесува за платата за месец март треба да знаете дека Државниот трудов инспекторат и Пазарниот инспекторат вкупно имаат 550 вработени. 350 се во Пазарниот инспекторат и 192 во Државниот трудов инспекторат. Значи за сите вработени администрацијата работела дење и ноќе за да ги стават податоците и да направат преземање од субјектот кој што бил во Министерството за економија и труд. За жал Трудовиот инспекторат го најдовме со стар систем за пресметка на платата и кој што бил ептен стар и кој што бил наследен од нив. Требаше за 192 вработени да се сменат податоците и пресметката на плата да биде ставена во новиот систем во Министерството за економија за да можат да бидат пуштени платите за тој месец. Јас ви гарантирам дека утре ќе биде потпишана платата за тие вработени и нема да има пречки во наредните месеци. Што се однесува до другото прашање дадов одговор на претходниот пратеник за истото, па да не се повторувам. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања