Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Исмаил праша за проверки на јавни објекти по трагедијата во Кочани

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил го праша министерот за внатрешни работи што презело министерството по трагедијата во Кочани за да открие опасности во други угостителски и јавни објекти. Побара информации за проверките, евентуалните наредби за затворање и постапките пред други институции, како и за планирани законски и процедурални измени. Исмаил изнесе критики за постапувањето и одговорноста на надлежните во врска со трагедијата.

Министерот одговори дека МВР спровело проверки и акциски контроли со други надлежни институции, а постапките ќе продолжат во рамки на законските надлежности. За истрагата во Кочани рече дека се поднесени четири кривични пријави и дека има 68 осомничени физички и три правни лица; истрагата, според него, е во тек и МВР постапувало во соработка со обвинител. Тој најави продолжување на работата на законските и подзаконските правила за функционирање на угостителските и другите објекти.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 24 април 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам претседателе, т.е. Благодарам потпретседателе, почитувана јавност, почитувани колеги јас ќе поставам само едно прашање и тоа до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Почитуван министер очигледно е дека во однос на тоа што до сега се случува со истрагата во Кочани работата запира токму каде што ќе ги допре одговорностите на сегашните и актуелни луѓе. Немаме одговорност на човекот одговорен за Пазарниот инспекторат, нема одговорност на луѓето во подрачните единици на МВР на тие општини во Штип и во Кочани. Нема одговорност, дури и премиерот јавно го бранеше градоначалникот кој потоа си даде оставка, па сега влезе во истрагата. Немаме одговорност од низа луѓе кој што не само со нивните постапки не направиле ништо за да ја спречат трагедијата, туку и оние кој што настрана седеле и не си ги исполниле своите должности за ова да го откријат дека ова е нелегално кабаре, дека работи во супстандардни услови, дека има опасност за да се загрози општата безбедност тоа не го направиле и тие луѓе треба да одговараат. Ако не законски да одговараат правно треба да сносат политичка одговорност. Ние до сега не видовме дека ги сменија овие луѓе актуелниот министер за економија. Е сега мене ми е прашањето почитуван министре значи после трагедијата ние очигледно не сме, т.е. прашувам дали Министерство за внатрешни работи ги има веќе научено лекциите и нема реактивно да реагира, туку проактивно каде што ќе ги детектира ваквите слабости, ваквите потенцијални опасности на разни јавни објекти и места каде што се пружаат јавни услуги. Што вие до сега на друго место преземавте за да проверите кој други локали, кој други јавни собиралишта, кој други дејности кој што се даваат во јавноста, а имаат потенцијал да бидат она што беше дискотеката Пулс во Кочани. Дали има направено Министерство за внатрешни работи проверки во такви објекти? Колку се тие? Дали се издадени наредби за нивно затворање? Дали се покренати одредени постапки пред другите институции затоа што вие не сте надлежни за да одземете дозволата. Дали планирате одредени промени да предложите во Собранието кој што ете ако констатираме дека има системски пропусти дали вие до сега не дојде од вас никакви предлози за промени во законските норми и во процедурите што се однесуваат на ова. Дали го планирате ова и кога? На кој начин и во кој дел планирате да има промени? Значи не мора детали, сакам ваша визија да ми кажете и да ми кажете што вие до сега после трагедијата во Кочани сработивте да не даде Господ да некаде пак не се случи/ а не се случува само заради тоа што е само чиста среќа. Во Кочани толку години работела дискотеката Пулс, службениците на вашето министерство оделе, правеле контроли таму, направиле во два ипол по полноќ кога верувам дека забавата се привршува и не констатирале и не увиделе дека тоа е крајно небезбедно место за таква забава. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 45-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 24 април 2025 година Благодарам потпретседателе. Благодарам пратеник за прашањето. Легитимно е прашањето како во однос на оние неодговорени дилеми во јавноста од аспект на кој се има било каква причинско-последична врска со предметниот кривичноправен настан, со онаа ужасна трагедија која што се случи во Кочани. Така и во однос на сето она кое што треба да се преземе од аспект на законска легислатива во иднина и секако во однос на она кое што го имаме преземено во соработка и корелација со сите надлежни институции, од аспект на сите исполнувања на сите потребни предуслови за функционирање на еден објект во насока на негово нормално функционирање, од аспект на угостителски објект, кабаре, дискотека и така натаму. Во изминатиот период јавноста е сведок еве да почнам прво од она кое што го имаме преземено во однос на останатите угостителски објекти, кабариња и дискотеки во изминатиов период се преземени голем број на проверки од страна на Министерство за внатрешни работи во рамки на негова надлежност и она што припаѓа. Исто така се преземени и голем број на акциски контроли, взаемно со сите останати институции кој што се надежни во својот делокруг на работа И се да речеме преземени постапки кој што согласно Законот ќе следат понатаму со други дејствија во рамки на утврдените надлежности. На повеќе пати имаше информација и од страна на пазарниот инспекторат и од страна на дирекција за заштита и спасување и од страна на Министерство за економија во однос на сите оние дејствија кој што беа преземени. А исто така имаше и соопштенија и за Министерство за внатрешни работи. Во однос на она кое што го имаме преземено во врска со предметните дејствија кој што поврзани со кривично правниот настан морам да истакнам дека разликата од аспект на тоа како е постапувано во овој предмет споредбено со како е постапувано во сите оние трагедии несреќи каде што претходно загубивме 75 човечки животи е огромна. И Македонските граѓани и те како прават разлика помеѓу она што е претходно правено и она што сега се прави. До сега за разлика од претходно каде што во три трагични несреќни случаеви не е поднесена ниту една кривична пријава од страната на Министерство за внатрешни работи. И немало ниту еден осомничен за сите овие несреќи кој ни се случија, а при тоа загинаа 75 луѓе. Сега, Министерство за внатрешни работи до сега поднесе 4 кривични пријави. И тоа против сите оние лица за кој што во соработка со надлежен Јавен обвинител беше утврдена причинско последично врска со предметниот кривично правен аспект. Секој во зависност од дејствијата на сторување или не сторување за кој што Министерство за внатрешни работи имало основи на сомнение за степен да поднесе кривична пријава. Истрагата е се уште во тек. До сега имаме 68 осомничени физички лица и 3 правни лица. Мислам дека споредбата не ни, како да кажам не ни треба да се прави споредба со она што претходно е сторено. Од аспект на селективност во делот на постапувањето, мислам дека во рамки на она кое што можам да го соопштам на јавноста. Во никој случај не може да стане збор за селективно постапување. Затоа што за прв пат во Македонија имаме министер кој што на времето бил директор, а сега актуелен министер. За кој што се изречени мерки за обезбедување на присуство. За прв пат во Македонија имаме тројца градоначалници за кој што има изречено мерки за обезбедување на присуство согласно одредбите од Законот за кривична постапка. За прв пат во Македонија имаме неколку министри за економија за кој што се изречени мерки за обезбедување на присуство согласно одредбите од Законот за кривична постапка. Овдека, Министерство за внатрешни работи постапуваше исклучиво во соработка и по наредба на надлежен Јавен обвинител. При што нити се гледаше политичка припадност, нити се гледаше дали станува збор за маж, жена. Нити се гледаше дали станува збор за човек од Скопје или од Кочани. Туку единствено се постапуваше во насока на расветлување на овој кривично правен настан на оваа ужасна трагедија која што ни се случи. Се со цел до оние кој што имаат вина, одговараат согласно Закон. За да никогаш повторно не се повтори вакво нешто. Да се реагирало вака во минатото. Ве уверувам дека немало да се случуваат вакви незгоди во континуитет да се реагирало вака во минатото, кога велам во минатото велам за оние 30 и повеќе години од кога сме самостојна држава. Да се имало ваков сериозен пристап при спроведување на една истрага, сигурен сум дека капацитетите на државата би биле други во споредба со она кое што го имаме сега. А од аспект на она кое што ќе го преземеме во делот на законска легислатива, под законски акти, ставање во функција на капацитетите на државата соодветно за да никогаш повеќе не се повторат овакви работи. Ќе имаме прилика да разговараме и во вторник, а секако дека јавноста ќе види што се треба да се превеземе во иднина за да можеме да говориме за нормална држава која што предвидува нормални услови и овозможува нормални услови за функционирање во рамки на секој еден како угостителски објект така и било кој друг објект кое што е ставен во функција во оваа држава. На жалост за 9 месеци не можеме да го смениме она кое што е труло во изминативе 30 и кусур години. Тоа е не возможно. Но можеме да покажеме разлика дека е различно од претходно, можеме да покажеме дека навистина можело и поинаку. И мислам дека тоа и го покажуваме. Добро е што Собранието едногласно ги донесе оние измени со кој што се забрани употреба за пиротехника во рамки на затворен простор. Тука почнавме, но нема сигурно таму да застанеме. Ќе продолжиме во иднина во насока на јасно и прецизно дефинирање на сите одредби како законски така под законски кој што се поврзани со функционирањето на овој тип на објекти. Но, секако дека ќе продолжиме во насока на ставање на функција на капацитетите на сите институции за да може соодветно да одговорат на потребите на Македонските граѓани.

Сите пратенички прашања