Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николовски праша дали земјоделците навреме ќе ги добијат картичките за „Зелена нафта“

Резиме

Љупчо Николовски праша дали земјоделците навреме ќе ги добијат картичките за „Зелена нафта“ и дали ќе се реализира програмата „Здрав оброк“. Тој рече дека програмите за 2025 година не се изменети во однос на претходната година и посочи дека не е објавена набавката за овошје во градинките.

Во одговорот, министерот ги критикуваше досегашните мерки и рече дека „Зелената нафта“ треба да се измени со пресметка на потребното гориво според земјоделската култура и со вклучување тутунари и сточари. За „Здрав оброк“ најави дека оваа година ќе се воведат органски производи. Не наведе конкретен рок за доделување на картичките.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Љупчо Николовски

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање се однесува на програмите „Зелена нафта“ и „Здрав оброк“. Има неколку изјави кои што може да бидат цитирани каде велите дека овие две мерки и програми сериозно ќе бидат модифицирани. Дека овие се првин изворни мерки на СДСМ од програмата на претходниот период. Велите дека сериозно ќе бидат модифицирани и „Зелената нафта“ каде 100% исплаќаме кон земјоделците и новата најдобра европска програма за школски шеми на која што вие имате мани а тоа е за поттикнување на потрошувачката односно здрав оброк за децата во училиштата и градинките. Нема подобра европска политика од ова што успеавме системски да ја решиме и воспоставиме и сметам дека треба исто така, да биде продолжена. Меѓутоа, наместо да се реализира тоа што го велите, 15 април е рокот законски во програма за објавување на едната програма, не е објавена програмата за набавка за овошје во градинките. И, еве ги двете програми во 2024 година и во 2025 година нема ниту еден збор променето. Ни програмата која што сме ја носеле тогаш, ни оваа програма кој што ја предлагате сега. Значи, нема никаква измена во програмата меѓутоа ајде не направивте измена меѓутоа кога ќе биде донесено заради тоа што ќе треба и кајсии и круши, ќе треба и сите оние производи кои што се наведени во програмата а за кои што не знам дали ќе има време буквално да бидат реализирани. Еве ја уредбата за „Зелена нафта“ каде што велевте дека драстично ќе биде променета ова мерка на Социјалдемократски сојуз а 50 илјади земјоделци ја примаат. Еве ја уредбата од 2024 година, страна 27, еве ја уредбата од 2025 година, страна 27, нема ниту еден збор. Истата страна е 27, страна 27, се е препишано од минатата во оваа година и нема ништо променето. Меѓутоа, дали во август и септември ќе ги добијат земјоделците токму овие зелени картички заради тоа што кога почнува сезоната кога ќе биде берба и во овоштарство и во лозарство и во сите сектори. Тогаш ќе бидат потребни, нема да им бидат потребни „Зелена нафта“ во декември и натака. А, бидејќи не ви е објавена, а бидејќи ги знам роковите, прашањето е: Дали земјоделците навреме ќе добијат картички за „Зелена нафта“ знаеме колку фирмите ќе бараат време да се испорача кои се законските прописи и рокови. Станува збор за јавна набавка и дали учениците ќе добијат, ќе биде реализирана оваа програма за здрав оброк која што беше навистина европска и реформска.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 20 мај 2025 година Ваков елан да имавте изминатите 7 години како власт добро ќе беше, немаше да се соочиме со толку проблеми искрено ви кажувам. Почитуван Николовски, ај вака, соберете храброст и ќе појдеме кај млекарите во било кое село кое што вие ќе го одберете и ќе ви кажат дека со вашето заминување од власт оставивте долг, односно неисплатени субвенции по литар млеко за 18 месеци. И тоа ќе ви го потврди вашиот директор Бачовски кој што заедно со вас замина од позицијата да ви каже дека е точно, а вие ќе им објасните на млекарите од било кое село кое што ќе го одберете, зошто тоа го направивте така. Ова се бројки кои што знам дека ве болат, дека ве така, не ви е баш убава ситуацијата и дека со тешко срце треба да браните нешто што не се брани, меѓутоа тоа говори за вас како политичка партија и за искрениот однос спрема земјоделците кои што ја хранат и државата и треба да извезуваме надвор од државата. Така да, сите овие показатели, она што се обидовте некако да ја претставите ситуацијата премногу црно, не ви успеа навистина. Во делот на второто прашање, она што го поставивте за Програмата за зелена нафта и Програмата за здрав оброк кое што вие го воведовте. Навидум многу аномалии кои што ги детектиравме во дел од зелената нафта ќе бидете доблесни, ќе признаете дека таа популистичка мерка која што ја поделивте и ја воведовте, креиравте картички за така наречена зелена нафта која што има по 300, 400 денари, повеќе чинеше картичката да се изработи, него да му се даде на некој земјоделец вистинска дополнителна стимулација за да има компензација во делот на производството. И тука навистина ќе се сложите затоа што тоа повеќе ви беше популизам затоа што се сеќавам како технички министер во предизборието 2017 година одевте и кажувате како некој мерцедес повеќе трошел од тоа што вие ќе го воведете како мерка. И затоа ви паѓаше земјоделското производство, напротив имавте многу категории кои што не беа вметнати воопшто во таа таканаречена ваша зелена нафта која што практично ја промовиравте. Она што значи модификација, значи реална пресметка на потребна количина на нафтен дериват за секоја земјоделска култура. Тоа значи вметнување и на тутунарите и на сточарите, бидејќи нивните трактори, да ве потсетам бидејќи не сте земјоделски инженер, а треба да знаете дека тие трактори не одат на вода, одат исто така на нафта и тие луѓе треба да добијат некаква стимулација. Од делот на Програмата за здрав оброк, не знам зошто воопшто се обидовте да го отворите ова прашање, иако како актуелен министер во вашето време додека ја спроведувате оваа Програма, бевме сведоци каде децата наместо здрав оброк и здрав производ, добиваа земјоделски производ од втора и трета категорија спакувани во една мизерна паковка која што наместо во нивните секојдневни оброци завршуваше по улиците, бидејќи едноставно не беа за конзумирање. Модификацијата која што треба да се направи и она кое што треба да се направи и ќе го направиме, а во делот на Правилникот кој што е објавен е да се воведе органски производ кој што оваа година за прв пат ќе биде воведено. Ако интенцијата да имаме здрав оброк спрема нашата најмлада генерација, тие треба да бидат органски производи. Така стимулиравте и органско производство, така им дававте вистинска храна на оние кои што треба да конзумираат. Има уште многу да се збори за она што значи погрешни политики и задоцнети чекори кои што ги воведовте, во интерес на времето, мислам дека навистина ќе добиете еден тежок пораз ако влеземе во делот на она што значи погубни политики во делот на земјоделското производство. Благодарам.

Сите пратенички прашања