
Љупчо Николовски
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Љупчо Николовски, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Третото прашање е она што деновиве ќе биде актуелно. Има мониторинг мисија на ИПАРД. ИПАРД 1 беше тотално неуспешна, ИПАРД 2 според соопштението на актуелниот директор на платежна агенција. Еве, да не се служам јас. На 12 декември, директорот на платежна агенција објавува соопштение во кое што вели: Ние бевме прогласени за лидери во регионот во имплементација на ИПАРД 2. И, благодарам на тие признанија и честитки заради тоа што целиот тој период бев министер кога ја спроведувавме оваа програма, 12 милиони евра во ИПАРД 1 во претходниот ваш период, 51 милиони евра европски пари се исплатени според овој директор на Платежна агенција во овој период за ИПАРД 2. Но, имаме една катастрофа во ИПАРД 3 за жал. Наместо да се фокусираме на грантовите кои што ни доаѓаат од Европската Унија ние денес отвораме теми и слушаме дека околу 5 илјади, 6 милијарди ќе се задолжуваме и т.н. а ние сме на прагот да добиеме една милијарда 147 милиони, точно знам. Формулата како се пресметува тоа што треба да го добиеме во наредните 7 години за руралниот развој кој што се инвестициски програми од Европската Унија за ИПАРД. А, она што се случува во моментот овие денови е сериозна закана дека со преместувањето партиски кои што се прават во платежна агенција, со партизацијата во таа институција, со неажурноста на директорот, со буквалната не посветеност на ИПАРД 3 и тоа се гледа низ бројки, се докажува и се објавени. Јас затоа ќе прашам. Со сите слабости кои што Европска Комисија ги констатира, има Извештаи, и ние комуницираме со Европска Комисија и кога доаѓаат овде и се среќаваме со нив и се чудат како може од земја лидер сега да бидете земја која што сериозно доаѓа и до загрозеност и на самата акредитација. Не дека нема новинарки но имаме сериозна загрозеност во самата акредитација. Ова беше една од најуспешните политики, 2100 договори повеќе имавме потпишано од сите земји од регионот заедно. Тоа го направија професионалците во финансии, во СЕТ итн. прашајте ги вашите луѓе во Министерство за финансии, ќе ви кажат ИПАРД е најуспешната компонента од сите компоненти во државата. Прашањето ми е: Колку е досегашната исплата од ИПАРД 3 во оваа програма? Благодарам.