Најважно
336 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Ајдари праша за застапеноста на Албанците во институциите

Резиме

Рина Ајдари праша дали укинувањето на балансерот и именувањето претставник на српската заедница во управен одбор ги остава Албанците без соодветна застапеност во институциите. Таа тврдеше дека нема транспарентност и дека Албанци се отстрануваат од работни места, и праша дали станува збор за етничко чистење во институциите.

Министерот наведе дека, во периодот кога бил заменик-директор во електроенергетска компанија, биле вработени над 750 Албанци. Според него, нивното учество во институцијата било 3 отсто кога стапил на функцијата, а 9,5 отсто кога заминал. Тој изнесе бројки за вработувања во градинки во повеќе општини и наведе места во кои, според него, Албанци се претставници во градинки. Во одговорот рече дека одговорност за неотворените градинки, невработувањето и едукаторите без сертификати треба да преземат оние што ги оставиле во таа состојба.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Рина Ајдари

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Господине Лимани, значи сите прашања се на исто ниво. Дали не беше доволно фактот дека го тргнавте балансерот имплементирајќи ја програмата на вашиот патрон и оставајќи ги Албанците без никаква гаранција за застапување во институциите. На место да имаме закон како да ќе се регулира оваа неправда, но и на тие работни места се бркаат Албанците, додека вашите институции не направија ништо, никогаш не направивте транспарентност на овој процес. Дали во вашиот политички јазик овде имаме нула претставници во одлучување. Ако е ова вашата сила каде што вие ја имате тогаш логичното прашање кога ќе ви се даде можност да предлагате некаде за Управен одбор вие го предлагате господинот Стефановиќ. Овдека јас ја имам одлуката, неговото вработување претставник на Српската заедница. Значи каква порака давате овдека. Значи Албанците да не бидат ставени на маса и да не оставиме да претставуваат нешто или ова е само ваш начин да направите етничко чистење во институциите. Оваа одлука вие сте ја потпишале и вие сте ја донеле одлуката и сте ја реализирале.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за социјална политика, демографија и млади

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Рина Ајдари, поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 20 мај 2025 година Почитувана потпретседателке, почитувани собраниски делегати, многу почитуван пратеник и претставник на Демократската унија за интеграција. Во верска со правичната и еднаквата застапеност на Албанците во институциите и дилемата дали ги штитиме нивните интереси. Добро е да ги прашате тие кој ти го подготвиле прашањата колку вработувања се направени во времето кога јас сум бил функционер во рамките на структурите на ДУИ. За информација ќе ви дадам и на вас информација и на тие само во времето кога бев заменик директор, не директор, во Електроенергетската компанија на оваа земја се направени над 750 вработувања на Албанци. Но кога влегов во таа институција имаше само 3%. И кога дадов оставка од институцијата стигнавме некаде до 9,5%. Ќе се навратам на ова конкретно прашање сега. За ваша информација Липково 21 вработување. Градинката каде ви дадовме можност да се сликате во Арачиново 17 вработувања. Во Чаир Фидани 12 вработување, Чаир Снежана 6 вработувања, Гостивар 10 вработувања, Кичево 6 вработувања, Струга 5 вработувања, Тетово над 45 вработувања. Ова се бројките за застапеноста и вработувањата на Албанците кој се направени во последно време во градинките. Во врска повторно за застапеноста на Албанците ќе треба да се повикате на вашата одговорност и да им дадете одговор и на Албанците и на пошироката јавност зошто градинките ги оставивте неотворени и без вработувања и сите тие едукатори кој работат во градинките да немаат сертификати. Уште еднаш да го повторам прашањето на именување кое го истакнавте во Чаир бидејќи бил Србин. За ваша информација во Бутел Албанци, во Карпош Маски цвет Албанци, во Чаир Фидани претставникот е Албанец, во Центар претставникот е Албанец. Повторно во Центар имате Албанец. Повторно во Центар Кочо Рацин е Албанец, во Сарај претставникот е Албанец, во Арачиново е Албанец. Секогаш зборуваме за претставниците, тие кој се во градинките во Битола е Албанец, во Брвеница Албанец, во Боговиње е Албанец, во Велес е Албанец. Дали знаете колкава е оваа листа? Многу е долга, но поради тие кој не слушаат но и поради времето јас тука ќе прекинам. Ако имате други дополнителни прашања стојам на располагање. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања