Република Северна Македонија Министерство за култура и туризам
Бр. 53-5653/2 28.05.2025 год. Скопје
До: Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Скопје
ПРЕДМЕТ: Одговор на пратеничко прашање
Почитуван претседателе Африм Гаши,
Во прилог Ви го доставувам одговорот на пратеничкото прашање поставено на 49-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година од страна на пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска упатено до министерот за култура и туризам и доставено до Министерството за култура и туризам со допис број 08-2942/1 од 22.05.2025 година.
Министер Зоран Љутков
Изработил:Менка Андреева, директор на Инспекторатот за употребата на македонскиот стандарден јазик Одобрил: Ирена Петкова, шеф на кабинет
1 Министерство за култура и туризам Република Северна Македонија на Ул. „Гуро Гаковик“ бр. 61, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3240 591 www.kultura.gov.mk
Република Северна Македонија Министерство за култура и туризам
Пратеникот Бисера Костадиновска Стојчевска, на четириесет и деветтата седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 20 мај 2025 година постави дополнително прашање до министерот за култура и туризам:
До каде е изработката на Националната стратегија за Македонски јазик.
Во врска со поставеното прашање, Ви го доставувам следниов
ОДГОВОР
Според член 5 од Законот за употребата на македонскиот јазик, Собранието на Република Северна Македонија, на предлог на Владата на Република Северна Македонија, а по претходно мислење на Советот за македонски јазик, донесува Национална стратегија за македонскиот јазик за период од пет години. Националната стратегија за македонскиот јазик е стратегиски документ во чија изработка учествуваат високообразовни и научни установи, здруженија и експерти од областа на македонскиот јазик, а се предвидува и учество на заинтересираната јавност со најмалку една јавна расправа. Според член 11 од Законот за употребата на македонскиот јазик, Советот за македонски јазик ја координира работата и дава мислење за Националната стратегија. На 16. 4. 2025 година, на 5. Седница на Советот за македонски јазик на дневен ред беше ставена точката за започнување на подготовки за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик, која беше едногласно усвоена. Претседателката на Советот, проф. д-р Симона Груевска-Маџоска, се обрати до правната служба на Министерството за култура и туризам за правната процедура за започнување со иницијативата, за што беше информирана dека Советот за македонски јазик треба прво да се обрати до министерот за култура и туризам, г. Зоран Љутков. Оваа информација беше ставена на дневен ред на 13. 5. 2025 година, на 6. седница на Советот за македонски јазик и беше едногласно усвоена, а беше донесена и одлука целиот Совет за македонски јазик, односно сите негови членови да бидат координатори за изработката. Изработката на Националната стратегија за македонскиот јазик е во почетна фаза, а Советот за македонски јазик смета дека до ноември 2025 година таа ќе биде подготвена и дадена за натамошна процедура.
1 Министерство за култура и туризам Република Северна Македонија Ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ бр. 61, Скопје Република Северна Македонија +389 2 3240 591 www.kultura.gov.mk