Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Даути праша за условите во училиштето во Норово

Резиме

Пратеничката Илире Даути праша како Владата може да помогне за решавање на проблемот со училиштето во Норово, каде што, според неа, над 120 ученици учат во стар објект, а жителите изградиле нов објект што не може да се користи поради нерешена легализација. Таа рече дека учениците бојкотираат настава и побара заложба за решение.

Премиерот одговори дека ќе го посети Норово и ќе разговара со родителите, а се обврза да се заложи за пристојни услови за учениците. Посочи дека за градба и употреба мора да се почитуваат законските и урбанистичките процедури, и оцени дека одговорност има и општината, и оние што изградиле објект на нерегулирана парцела. Предложи заедничка посета и најави дека Владата ќе работи на изградба на објект согласно законите и Уставот.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Илире Даути

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илире Даути, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитуван претседател на Собранието. Почитувани колеги, претставници на Владата, почитуван претседател на Владата. Во овој дел каде ќе поставиме пратенички прашања, јас се определив моите две прашања да ги поставам до премиерот. Не само за да добиеме одговор и само за да поставам прашање и да добијам одговор туку мојата интенција е моите прашања да бидат поттик и причина за решавање на проблемите нема да решам големи работи кои што некогаш бидејќи во јавноста се третираат теми кои од мојот поглед се многу мали во однос на проблемите кои ги тангираат секојдневните проблеми на граѓаните. Сите нивни маки треба да бидат големи проблеми кои што треба да се дискутираат меѓу нас. И, затоа денес сакам да го праша премиерот да ни даде можност, како може да излеземе од ситуацијата во село Нерово во Крушево. Каде и јавноста е запознаена дека се работи за над 120 ученици кои учеа и продолжуваат да држат настава во еден стар објект. Стар повеќе од 70 години, изградена е во 1950 година и тогаш немаше доволно инвестиции тоа училиште да биде достоинствено за тие ученици. Кога го спомнувам зборот достоинство во предвид ја имам уставната обврска на државата во однос на сите граѓани во тоа село бидејќи тоа се обезбедува и во Преамбулата каде меѓу другото цели да обезбеди социјална правда, економска стабилност и тоа е склоп на зборови што се содржани во Преамбулата а вие како премиер сте првиот човек кој треба да се грижи за спроведување на ова достоинство кое што е предвидено во нашиот Устав.Значи, тие граѓани бараат за нивните деца достоинствени услови бидејќи ова го нема овозможено државата, тие преземаа иницијатива и изградија објект но имаат проблеми со легализација на објектот за да функционира како објект каде ќе продолжи образовната настава. Јас мислам дека оваа ситуација од наставниците, граѓаните кои што го финансираа тој објект и олеснија и олеснија на државата, на Министерство за финансии и финансии и за вас како премиер за да продолжите само еден мал дел за легализација и тој објект да стане употреблив. Ова прашање го поставувам како мајка, професорка а над се и како човек бидејќи сметам дека ова е заедничка точка која што треба да не сплоти. Секогаш кога сакаме како луѓе да помогнеме на други лица како што се жителите на село Нерово кои што се вознемирени за нивните деца кои веќе две недели бојкотираат настава заради ситуацијата, во знак на револт, бидејќи не изнајдоа можност нивниот проблем да најде решение. Иако се обратија до локалната власт, но сепак нема решение. Значи, овој проблем треба да се третира и од наша страна. Очекувам одговор и ваша заложба за да изнајдеме решение за овој проблем.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Илире Даути, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 мај 2025 година Благодарам претседателе. Почитувана пратеничке Даути, мала корекција, не е Нерово, е Норово. Селово се вика Норово, не е Нерово. И на македонски и на албански е Норово. Јас сум професор редовен на Универзитетот и ми е многу значајно кога децата сакаат да учат и да добијат правилно знаење, образование, и без разлика дали се тие Македонци, Албанци, Турци, Власи, конкретно, Срби, Бошњаци, Роми или од друга етничка заедница, се ќе сторам што е во моја моќ, согласно законите и Уставот, учениците да го добијат потребното знаење. И, исто како што се грижам за Норово и учениците од Норово, се грижам и за средношколците од Кирил Пејчиновиќ и за основците од Лешок и за сите ученици од Македонија, без разлика каде се наоѓаат. И тука не треба да имаме никаква дилема. Конкретно, да речеме, за средношколците од Кирил Пејчиновиќ од Тетово кои што долго време наставата ја следеа во контејнери, се најде општествено одговорна компанија која што одлучи да донира и се надевам дека многу скоро од денеска ќе почне реконструкцијата и ќе можат тие да имаат пристојни услови за следење на наставата. Инаку таа општествено одговорна компанија, донацијата што ја даде, одлучи да ја даде преку законски легална процедура, информирајќи го градоначалникот и Советот и за таа донација гласаа сите советници од сите политички партии. Меѓу кои и од Демократската унија за интеграција, од Алијанса за Албанците, од ВМРО ДПМНЕ, од СДСМ, од ВЛЕН, итн, сите едногласно гласаа. Има процедури, има правила, има закони, има Устав и мораме да ги почитуваме сите овие процедури, правила, закони и Устав, а вие тоа најдобро треба да го знаете, бидејќи сте исто така професор. Јас лично ќе појдам но Норово и ќе разговарам со родителите на овие дечиња, затоа што не сакам тоа да биде политичка злоупотреба. Затоа што на овие дечиња им треба образование. И јас лично ќе направам се, за тие дечиња да имаат пристојни услови да ја следат наставата, да добијат образование, а понатаму да се развиваат како свои индивидуи, лојални на својата татковина, законите и Уставот. Лично ќе појдам таму, еве ви давам збор и лично ќе се заложам овој проблем да се надмине без да има било какви партиски моменти. Но она што во моментот е таму фактичка ситуација е следна: Одговорна е општината, но и одговорни се тие кои што со донации одлучиле на законски нерегулирана и урбанистички нерегулирана парцела да градат објект. Без разлика што тие рекле овој објект ќе биде за вршење на образовна дејност. Има закони во државата и мораме пратеничке Даути да ги почитуваме тие закони. Еве јас ве повикувам заедно да појдеме во Норово, со нас да го земеме Законот за урбанистичко планирање, Законот за градежно земјиште, Законот за градење и Уставот, да најдеме парцела и да направиме за овие дечиња нешто. Еве, заедно ве повикувам ќе појдеме таму, немам никаков проблем. Ве молам, само од ова да не правиме политичка хајка или пак да вадиме политичка реторика, нема потреба. Инаку се сложувам со вас дека во многу објекти во целата територија на Македонија се потребни интервенции и на многу објекти за жал децата учат во супстандардни услови. Без разлика на етничката припадност, во сите делови, без разлика дали е тоа Норово или Ново Село. Без разлика дали е Слатина или Коњаре. Треба за сите како држава да обезбедиме. За жал, многу се крадеше и сега тие пари што се украдоа и завршија во приватни џебови, дали за купување на трговски центри, дали за нов возен парк, ролс ројс, мајбах мерцедес, фирми или нешто друго, наместо да завршат училишта во цело Норово. Наша обврска како Влада овие кои што на грбот на овие дечиња, кои што денеска за жал учат во такви услови, се богатеа и градеа палати и сараи, да ја обезбедиме правдата и да важат законите за сите нив подеднакво. Од прв до последен. И ќе важат, барем јас додека сум тука ќе важат. Тие што ги крадеа парите, наместо да градат, без разлика од која политичка партија доаѓаат, еве јас ви ветувам, имате мој збор, дека од прв до последен ќе одговараат. И ова не е закана, затоа што и мене ме боли кога ги гледам во какви услови овие дечиња добиваат знаење, исто како што ги гледам дечињата и од Лешок и од гимназијата Кирил Пејчиновиќ во какви услови учат. Јас се сеќавам при моите посети насекаде, тогаш бевме опозиција кога молев министерот за образование од Демократската унија за интеграција да се погрижи да ги подобри условите за овие ученици да добијат пристојно знаење, не баравме премногу, вклучително и оние во село Норово. Но, за жал, тој во тоа време одлучи повеќе да се занимава за потребите на еден универзитет приватен во Југозападна Македонија. Наместо да вложува за учениците во село Норово. И тоа боли. Сега слушам дека има силна битка кој да биде градоначалник во тој град во кој што се наоѓа тој универзитет, жестока битка во опозицијата, но имаше можност и наместо сега гола реторика, имаше доволно време како министер за образование да го стави во првите приоритети овој приоритет за село Норово кое што ќе го стави оваа Влада, јас ви ветувам, ви давам збор и да изгради согласно закон и Устав зграда во која што овие дечиња ќе учат. Децата не треба да се злоупотребуваат, децата се нашата иднина и тука е чиста мислата, тука нема вакви или такви. Без разлика на етничката припадност, сите деца се наши и така треба да се однесуваме. А јас ви ветувам, еве ви давам збор дека еден од главните приоритети на оваа Влада, тоа што не успеа министерот од редовите на ДУИ да го направи, ние ќе го направиме, еве јас ви ветувам, согласно законите и Уставот. Бидејќи побаравте одговор, еве ви давам одговор на вашето прашање. Благодарам.

Сите пратенички прашања