
Илире Даути
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Илире Даути, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Од друга страна второто прашање кога ќе го упатам повторно до вас, се однесува вчерашната дебата до полноќ во однос на исклучување на не резидентниот народ, како што ги нарекувате државјаните на Република Северна Македонија со една одлука донесена на крајот на годината во Владата на Северна Македонија, односно во ноември 2024 година, со кои што се исклучува дијаспората од правата со кои што се поврзуваат нивните права и застапеност во однос на Северна Македонија. Вчера дебатиравме долго, дебатиравме и на Комисијата, матичната комисија и за жал вашите претставници не дадоа ниту еден аргумент, зошто треба да стои во Законот за локална самоуправа членот кој предвидува намалување на бројот на советници, како што се граѓаните од дијаспората, кои што работат привремено или живеат надвор од државата. Почнувајќи од одговорот во однос на прашањата кои што ги поставив и вашиот заменик министер беше дециден и не прифати ниту еден амандман. Не ни даде ниту едно образложение, ќе го повторам прашањето уште еднаш на оваа седница, а исто така и вчера сите пратеници не беа вклучени во дебатата и јас не успеав да добијам одговори за прашањата кои ги поставив. Јас инсистирам, одлуката на Владата е дека таа одлука е тенденциозна и исклучувачка. Бидејќи се работи за дијаспората која што економски ја поддржува нашата држава и ние не смееме да се однесуваме на тој начин. Затоа сметам дека што поскоро тој Предлог закон треба да се отстрани од процедурата и одлуката да биде невалидна, бидејќи го прекршува Уставот на државата, бидејќи Уставот на нашата држава не познава термин не резиденти. Ниту Законот за попис не го познава тој термин. Ниту Законот за локална самоуправа не го вклучува терминот не резиденти. Жителите имаат право да избираат и да бидат избрани и ова половично право на граѓаните на тие општини им се одзема, бидејќи се вклучуваат во делот на тие граѓани кои што можат и имаат право да бидат избрани. Јас мислам дека овој тренд ќе продолжи и понатаму, бришејќи ги граѓаните од дијаспората и од листите за гласање. Затоа инсистирам Владата да отстапи од овој став колку што е можно поскоро, бидејќи дискриминацијата не може да продолжи да биде функционален елемент на една мултиетничка држава. Јас сум убедена дека секој знае дека не може да се изгради иднината врз маките на некој друг. Ова нема да го трпи никој, бидејќи една ваква ситуација прави поделба на две категории граѓани. Едни кои се револтирани, а друга страна кои што се разгалени. И оваа поделба на власта треба да се запре, а оваа одлука на Владата оди кон таа насока. Затоа сметам, бидејќи сите кои што ве претставуваат тука не ми дадоа аргумент, зошто дојде до таа одлука минатата година, а уште повеќе што преку Законот за локална самоуправа се обидувате да исклучите еден дел од граѓаните, жители на Република Северна Македонија. Во спротивно на тоа што се опфаќа во Законот за попис. Бидејќи не се исклучуваат категориите резидентни и не резидентни. И сите три концепти кои што се критични, било концептот за пописот или законите кои што се носат кај нас, не ги исклучуваат ниту едната, ниту другата категорија, туку се однесува со граѓаните и личностите кои треба да ги уживаат правата во однос на државата. Во ситуацијата која се случува во Република Северна Македонија се поврзува со одлуката на Владата за исклучување на дијаспората. Ние ја исклучуваме дијаспората од правата, а тие продолжуваат да бидат даночни обврзници, како и сите ние кои што живееме тука. Благодарам.