Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Исмаил праша за полициските мерки по случувањата во Скопје и Чаир

Резиме

Пратеникот Реџеп Исмаил праша дали Министерството за внатрешни работи презело мерки по случувањата поврзани со Град Скопје и Општина Чаир и дали планира дополнителни активности. Тој изрази загриженост за можни безбедносни ризици и политичко-етничка ескалација, а праша и колку пријави и поднесоци биле доставени и од кои институции.

Претставникот на МВР рече дека полицијата излегла на терен и почнала со расветлување на случајот. Наведе дека биле побарани материјали и дека Министерството ги собира и разгледува поплаките. Не соопшти конкретен број пријави, туку рече дека МВР ќе излезе со конкретни бројки.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Реџеп Исмаил

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Имено, изминативе денови сме сведоци на сериозен профит помеѓу две институции, а тоа е градот Скопје и општина Чаир. И овој институционален судир помеѓу овие две институции освен што порасна политичка драма има потенцијал и за безбедносни длабоки последици од аспект на безбедносна. Имено најпрво градоначалничката на град Скопје објави документација, лихверуваше информации. На различни иницијативи, поднесоци пред надлежни институции со докази дека постои диво градби и урбанистички не регуларности во општина Чаир, општина која е во округот во град Скопје. Потоа следеше ваквата битка помеѓу овие две институции односно поточно кажано двајца функционери од страна Данела Арсовска како градоначалничка на градот од друга страна Ганил како градоначалник на општина Чаир. Битката се префрли во катастарот на Република Македонија каде што претпоставувам градоначалникот на општина Чаир преку својот колега во Владата на Република Македонија Изет Меџити кои што претходно беше и градоначалник на општина Чаир за сега министер за животна средина. Се обидел да брише документи од катастарот се со цел да избрише докази за неговите дела кои што се забележани од градот Скопје како урбанистички не регуларности. Тоа верувам дека надлежните институции до прва ќе утврдат дали тој успеал да избрише и дали се обидел такво нешто да направи. Потоа вчера имавме сериозни сцени кои се доказ за постоен хаос и безвредие, а не на еден свет како што до сега ни ги објаснуваше министерката за финансии. Каде група на луѓе истураа ѓубре и смет пред град Скопје и тоа во доцните вечерни часови. Во меѓувреме она што уште пострашно, во меѓувреме дел од владините функционери, коалициони партнери на ВМРО ДПМНЕ во Владата, се обида да му дадат етничка конатација на сето ова и да кажат дека односно своите потенцијални урбанистички не регуларности и против законски дејствија, односно незаконско легализирање и незаконско градење, дивоградби во општина Чаир. Да го сокријат зад параванот дека обеделинувањето на овие криминали од страна на град Скопје е етнички мотивиран. Значи, ваквиот развиток на настаните има потенцијално две опасности, првата опасност што може да се развие е безбедносен ризик за граѓаните. амандман тоа се оние граѓани кои живеат во тие нелегални објекти кои што гравитираат околу, кои што се комшии во легално објекти, но каде што има нивни комшии во нелегални објекти. Тоа се опасности по нивното здравје и по животната средина, опасност и од пожар. Недоволен пристап за брза помош итн. Поучени од нашите искуства претходно и во Кочани и во други вакви несреќи, ваквите ризици се навистина опасни, а вториот ризик е ризик од политичко етничка есталација на сите настани. И таква ескалација може да биде серизоно особено пир ваков преседан каде што функционери кога се фатени односно обвинети за тоа дека имаат не легална пракса во нивата работа. Они се затскриваат зад нивната етничка припадност. Д тука сметам дека Министерство за внатрешни работи особено заедно со Министерството за транспорт и врски преку државниот инспекторат за градежништво и урбанизам мора брзо да реагираат на ова како трета страна. Се заради тоа да не се дозволи некој функционери ова да го искористат како етнички конфликт за да си ги затскријат своите не законски постапки. Од тука прашувам, дали вие вчера поготово по тие беснеења постапивте некако. И дали во иднина планирате нешто да преземете во врска со ова.

Дополнително прашање Би сакал да го потпрашам дополнително заменик министерот претпоставувам. Колку конкретни пријави од кои институции поднесоци добивте во врска со овој случај.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерството за внатрешни работи

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Реџеп Исмаил, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 мај 2025 година Астрит Исени: Почитувани пратеници јас мислам дека сите овие работи што се случуваат последното време меѓу двете општини. Сите се забележена како никогаш порано ги одзема сите можности за да ги оствари. И побаравме и од комуната да ги земат сите факти, аргументи. И нормално ние што побрзо да почнеме да ги работиме сите овие случаи кои нормално да не дојде до случај да не има некоја ескалација. И во минатата ноќ мислам дека тоа што настана ние сите бевме сведоци и така. И за сношто Министерство за внатрешни работи мислам дека реагираше навреме, исто и полициската станица во Скопје која е одговорна. Мислам и за овој случај излезе на терен и мислам дека почна наеднаш со расветлување на случајот и да се преземат сите потребни мерки за нормално случајот да се расфетли што побргу. Дополнителен одговор На дата 24, 27 минатата ноќ значи, сите тие пријави кои беа и од општината на град Скопје и од општина Чаир значи, нормално ние сме побарале да се соберат сите материјали, сите детали. Значи, нормално по број во моментот претходно што имавме комуникација и со министерот и со помошник министерот. Нормално да се чекаме сите тие поплаки кои ги има доставено. Така да ние ги обработуваме, ги разгледуваме сите материјали кои ги имаме и ќе почнеме на расветлување мислам на случајот колку што скоро. Конкретно со бројка, нормално за секој случај до вчерашната вечер. Значи, сите тие кои дошле поплаки ние ги собираме сите материјали и мислам дека конкретно ќе излеземе и ние како Министерство за внатрешни работи и со конкретни бројки мислам.

Сите пратенички прашања