Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Лукаревска праша за набавките и задолжувањето во рамки на договорот со Британија

Резиме

Пратеничката Сања Лукаревска праша дали договорот за соработка со Обединетото Кралство ќе го суспендира Законот за јавни набавки. Побара појаснувања и за условите на финансирање, каматите, влијанието врз јавниот долг и можната однапред определена вклученост на британски компании.

Министерката за финансии одговори дека договорот поставува рамка за соработка, а не конкретен кредит. Според неа, финансирањето и каматните стапки ќе се утврдуваат кога ќе има подготвени проекти и ќе се прибираат понуди. Рече дека набавките треба да се спроведуваат согласно законот, но за конкретните постапки треба да одговори Министерството за транспорт. Таа тврдеше дека јавниот долг во првиот квартал се намалил за околу 40 милиони евра во апсолутен износ, наспроти зголемување од над 500 милиони евра во првиот квартал на 2021 година.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувани колеги пратеници, почитувани претставници на Владата, почитувана јавност, вчера овде во Македонското собрани се случи ратификација на Договорот за партнерство за реализација на инфраструктурни проекти склучен меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Напоменавме и вчера, сметаме дека е преседан да Меморандум биде ратификуван како меѓународен договор и на вчерашната седница се дискутираше и се бараа одговори на повеќе прашања, како за прават аи обврските, така и за правната заштита и најбитното, финансиските импликации за граѓаните. Власта не само што ја турна земјата во ново задолжување, тоа значи задолжување за новите генерации и суспендирање на нормите и законите. Бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината, најпрво имам две пратенички прашања до министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Министерке Кочоска, знаеме две работи. Прво знаеме дека одобрената рамка за задолжување е 6 милијарди евра, или приближно еднакво на Буџетот за 2025 година од 6,5 милијарди евра. Второ, знаеме дека ќе биде проектно финансирање, но не знаеме кои се другите услови, колкава ќе биде каматната стапка, како ова задолжување ќе се рефлектира врз јавниот долг. Граѓаните заслужуваат јасни и прецизни одговори на овие прашања и граѓаните мора да знаат како ова задолжување ќе се рефлектира на нивната иднина. Во едно ваше интервју рековте дека изборот на фирми од Обединетото Кралство, што ќе градат проекти во државата од овие 6 милијарди евра, ќе се прави врз основа на Законот за јавни набавки. Како што рековте, ве цитирам, има јасни одредби што се случува при вакви договори влада со влада. И додадовте дека нема да има само една, туку повеќе понуди од фирми, согласно Законот за јавните набавки. Но она што вчера помина во Собранието друго кажува. Па прашање е дали ќе важи Законот за јавните набавки или сепак нема да важи. Имено, членот 2 од Договорот предвидува, цитирам: Учесниците ќе работат заедно на идентификување можности за финансирање на проекти, вклучително од УКЕФ. Дали финансирањето ќе оди целосно од УКЕФ или од комерцијални банки за кои УКЕФ ви дал соодветни гаранции. Ова е многу значајно прашање, затоа што се работи за договор влада со влада, повторувам. Во членот 2 став 2 од овој Меморандум, што вие го нарекувате Договор со Владата на Обединетото Кралство се наведува дека, ќе се олесни запознавање со британски деловни субјекти за поддршка на реализацијата на проектите. Јавноста треба да знае што значи оваа одредба, за какво запознавање се работи, дали такво запознавање веќе се случило и за какво олеснување од страна на британските деловни субјекти станува збор. Дали овие деловни субјекти се предефинирани изведувачи, што е во спротивност со тврдењето дека ќе се користи Законот за јавни набавки. И знаејќи ги основните начела на Законот за јавни набавки за конкурентност, фер пристап и транспарентност, не може да има конкурентност на предефинирани деловни субјекти. Во членот 3 стои дека учесниците заеднички ќе работат и заеднички ќе ги истражат можностите за финансирање на приоритетните проекти, таксативно набројани во Анексот А, т.е. дека за секој поединечен проект дополнително ќе има финансирање, вклучително од комерцијални банки. Што значи оваа одредба, дали се веќе предодредени фирмите, односно компаниите. Особено, што финансирањето се одвива преку УКЕФ, чии услови подразбираат дека минимум 30% од вредноста на финансираните проекти, оди кај британски компании или како плаќање во Велика Британија. Како Владата ќе обезбеди доследна примена на Законот за јавните набавки, кога однапред се знае кои компании ќе бидат вклучени во реализација на проектите. Значи, со овој Меморандум, договор, спогодба, како сакате крстете го, де факто ќе се суспендира Законот за јавните набавки кој предвидува конкурентност и транспарентност. Моето право прашање до вас е следното. Дали на овој начин Владата со овој Меморандум или Договор, како сакате, целосно ќе го суспендира Законот за јавните набавки.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 мај 2025 година Почитуван претседател на Собранието на Република Македонија, почитувана пратеничке Сања Лукаревска, ќе се потрудам на одговорам, со тоа што некако сите прашања се поврзани и се врзуваат со финансирањето, а изгледа кратка ни е меморијата кога станува збор начинот на кој што ги финансираме проекти, а тоа е финансирање согласно Законот за јавен долг, член 16. Ќе тргнам од нешто што треба да биде свежо, можеби не на вас, бидејќи не бевте во претходната Влада директно член на Владата, ама има тука претходно министри, или вице премиер кои што беа дел од таа владина структура и сега ќе ве потсетам на некои моменти од тој период, многу слични на ова што се случува денес. Прво, со Светска Банка со која што имаме долгогодишна и континуирана соработка и ова партнерство исто не .ја исклучува таа соработка со Обединетото Кралство. Е сега, во 2024 година, месец јануари, 16 јануари, јас мислам дека на 16 јануари ВМРО-ДПМНЕ не беше Влада, туку на 16 јануари некој друг беше Влада. Значи, се носи рамка за партнерство помеѓу Светска банка и земјата 2024 – 2028 година, рамка во износ од 695 милиони долари. Повторувам, 695 милиони долари. Креирањето на проектот се заснова врз три цели од висок приоритет, значи на таа рамка и тоа е одобрен квалитет на испораката на јавни услуги, попродуктивни работни места во приватниот сектор и зајакната отпорност на климатските промени. Е сега, тогаш кога ги договаравте 695 милини евра, тоа беше рамка, како што исто денес зборуваме за рамка од 5 милијарди, меѓутоа, како ги одобруваме кредитите. Кога имаме зрел проект, зрел проект значи дека Министерството надлежно за проектот, во конкретната ситуација Министерството за транспорт, ќе достави информација до Владата и ќе каже дека сме спремни за тој и тој проект, планираме тоа и тоа, сакаме да се задолжиме во тој и тој износ. Се почнува со постапката за прибирање на понуди за конкретниот предлог. Истото, и кај вас, од 695 милиони евра, досега се одобрени 163,8 милиони, се извинувам, долари се, а дополнително сега сме во преговори, бидејќи во таа ваша рамка ставено било и образованието, дополнителни 15 милиони евра за таа цел. Значи, најпрвин постапката подразбира дека, и вие самите во коментарот кој што го кажувате, велите дека тоа е една рамка. Ние вчера, мислам дека сите сте свесни во Собранието, не потпишавте вие договор за кредит. Вие вчера потпишавте Договор за соработка, стратешка соработка со Обединетото Кралство. Значи, ништо повеќе од тоа. Пет милијарди гарантираат и ги ставаат на располагање. Постапката за прибирање на понуди е истата постапка која што ја правел и претходниот, и пред него, и пред него, министерот за финансии. Ништо не е поразлично. Во однос на каматата, еве уште еден пример, значи, во рамките, нели како што реков на оваа петгодишна рамка која што ја имаме со Светска Банка, ние сега прибираме податоци и веќе ги дефинираме каматните стапки. Зошто не ги дефиниравте тогаш. Зошто тогаш не договорите за 695 милиони долари? Затоа што немавте зрели проекти. Тие ви ги ставија на располагање, но вие немавте зрели проекти и не можеше однапред, ниту пак ние сега ќе тргнеме и ќе бараме понуди за 5 милијарди евра. Мислам дека целта е да се доведе во заблуда целото население и да се прикажат работите такви какви што не се. Но исти такви заеми, ние немаме само со нив. Имаме и со Европската инвестициона банка. Имаме и со КФ Банката. Па дури и парите од Европската комисија, еве првата транша, две транши треба по 50 милиони евра да префрлат. Првата ја добивте вие пред да се заминете од власта. Ајде да се потсетиме, таа транша дали беше во 2023 дефинирана како каматни стапки, или се дефинираше во 2024 година кога се пуштија средствата. Значи, целта е да се исцрни еден одличен Договор за соработка, во кој што допрва ќе се дефинираат одредени критериуми согласно законите. Ништо поразлично од тоа што сте го правеле вие. Е сега, што е поразлично. Поразлично е, на пример, што вие го правевте специјалниот Закон за Бехтел и Енка, каде што не обезбедивте финансирање, туку рековте ќе се финансираат од Буџетот и во 2023 година издадовте еврообврзница со камата на скоро 7%, 6.5%, не сакав да се навраќам нели, на случувањата, министерот во тој период, Тупанчевски во заминување, не сакаше да потпише, па сето тоа не чинеше дополнително повисоки каматни стапки и така натаму. Но, задолжувањето беше со камата од околу 7%. Мислам дека премиерот на почетокот, денес на одговарање на пратеничките прашања, многу јасно и гласно кажа кои ќе бидат каматните стапки, а понудите ко што ќе ги пуштиме ние до финансиските институции, ќе бидат на истиот принцип како што биле и претходно. Во однос на Законот за јавни набавки. Мислам дека, исто така, знаете дека, да, јас постојано потенцирам дека ние имаме Закон за јавни набавки. Кој треба да го почитува Министерството за финансии или институцијата која што е носител на проектот? Така што, мислам дека, јас ќе повторувам постојано, дека имаме Закон за јавни набавки, а внатре има точно пропишани процедури и исклучоци. Јас многу добро знам што зборувам, но прашањето за тоа како ќе се спроведуваат, во четири очи ли биле, со многу понуди, а мислам дека премиерот многу добро си кажа дека и таму ќе има многу понуди, но не е прашање кое што треба да го одговори министерот за финансии. Тоа прашање треба да се достави до ресорното Министерство, во случајот Министерството за транспорт и министерот да си одговори како понатаму ќе постапува со набавката, затоа што многу добро знаете сите дека, Министерството за финансии речиси и да не спроведува јавни набавки, затоа што не ни имаме таков домен на работа. Тоа е во рамки на другите институции, а постапката за обезбедување на финансиски средства, повторно ќе кажам, е согласно законот за јавен долг, член 16. Така што, во тој дел не би имала повеќе ништо да додадам. Е сега во однос на тоа, дали ќе презадолжуваме и така натаму, мислам дека повторно може да зборуваме ние тука што сакаме. Познато е она дека пред фактите и боговите молчат. Фактот дека јавниот долг во Македонија во првиот квартал се намали, историски имаме намалување во апсолутен износ, нешто што не се случило во периодот од 2018 година наваму. И тоа може да го погледнете на страницата на Министерството за финансии, па да видите секој еден квартал, прв квартал од годината во однос на крајот на претходната, како во апсолутен износ растел јавниот долг. Јас не би се фокусирала на проценти, бидејќи секогаш нели тука ќе се вадиме на тоа колкава е проекцијата на БДП, затоа зборувам сега за апсолутни износи. Фактот дека во овие три месеци имаме во апсолутен износ намалување за околу 40 милиони евра на јавниот долг, е факт кој што ќе стои и ќе трепка, ќе трепка доживотно, затоа што ова се податоци што стојат. Вие може мене тука да ме оцрнувате, да зборите се и сешто, било кој од пратеници, но фактот останува во историја и од тој факт нема менување.. Како што не можеме да го промениме и фактот дека имаме години, како што е пример 2021 година, во која што имаме, во прв квартал, зголемување на јавниот долг од повеќе од 500 милиони евра. Значи, домаќинско однесување имаме. Нема да ги презадолжуваме идните генерации, претпоставував знаеме дека, нели во тековните години ние и враќаме долгови, враќаме и ќе имаме и нови задолжувања, но не како досега, за префрлање на аванси и неизградба буквално на ниту еден километар квадратен, туку реално на база на реални инвестиции. Благодарам.

Сите пратенички прашања