
Халил Снопче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Второто прашање е директно до премиерот. Зошто поставувам до премиерот заради тоа што 10, 11 месеци за време на оваа Влада сум се залагал со компетентните министерства без никаков успех. Ова прашање историско прашање што датира од 2020 година. Уште од 2020 година за состојбата со ископот во Горно Коњаре, општина Петровец. Се сеќавам кога му поставив прашање на бившиот премиер Зоран Заев кој за волја на вистината презеде мерки и се одзеде концесијата. После се врати и тоа е една долга голгота на жителите на Коњаре, Средно Горно Коњаре на општина Петровец. И, јас како дел од Владата до пред 2, 3 недели се ангажирав со министрите и со министерот за екологија, џабе, никаков резултат. Нула резултат. Е, сега јас се обраќам до премиерот господинот Мицковски, да директно тој превземе дејствија и се надевам дека ќе превземе дејствија исто како што и Зоран Заев презеде во 2020 година. После се врати, меѓутоа се презедоа некои дејствија. Очигледно никој не може да негира дека има плодни ниви во кои порано населението надгледувало земјоделски производи а сега се претворени во опустошено земјиште. Само треба да се оди таму и да се констатира фактичката состојба, ништо друго. Очигледно никој не може да негира дека се оформени кратери како резултат на ископувањето а некои од нив поради поздемните води се претворени во мочуришта, во Коњари зборувам. Само треба да се оди таму и да се констатира фактичката состојба, ништо друго. Поранешното детско игралиште го Коњаре, сега е брдо на песок, само треба да се оди таму. Да се констатира фактичката состојба. Ништо друго. И, многу штети што треба само да се констатираат, не знам каде е проблемот што инспекторите не одат таму или одат и се претвораат дека ништо не се случува. Долго време, скоро секои 3, 4 месеци граѓаните протестираат. Долго време се даваат ветувања. Меѓутоа за жал ископувањето продолжува и се поблиску се до населените места, до куќите. Пазете, ако Владата не е во состојба да бара Извештај на инспекторите јас не знам кој може да бара такво нешто. Јас ве молам да бидеме сериозни со ова прашање и да глумиме во очите на граѓаните дека се залагаме а ако навистина искрено не се залагаме да ги заштитиме. Пазете, јас доаѓам од шеста изборна единица, немам врска со тие граѓани. Од 2020 година се ангажирам за правото на тие граѓани значи да ја заштитиме нивната животна средина. Да не дозволиме ваков екоцит, ова е 5, 6 , 7 пат што јас го покренувам ова прашање. За жал јас сум бил дел од Владата 10 месеци и стварно немоќно, преку Министерство за животна средина и просторно планирање не е можно, не можеме да направиме. Има некој што се посилни од инспекторите дури посилни и од министрите. И, го молам премиерот и верувам дека принципиелно и решително ќе задолжи луѓе да одат на терен само да се констатира фактичката состојба со екоцитот и со уништувањето на животната средина таму во Коњари. Па, тие се жители на оваа држава бе, реков јас немам никаква врска со нив, ниту гласаат за мене. Не ги ни познавам луѓето, не ги познавам. Па, затоа господине премиере не сте тука и молам писмено да ми одговорите но меѓутоа не е битно одговорот, залагањето е битно. Прашањето го поставувам до претседателот на Владата на Република Северна Македонија.