Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Лукаревска праша за условите на задолжувањето, министерката најави барање понуди

Резиме

Сања Лукаревска праша под кои услови и каматни стапки ќе се задолжува државата во врска со ратификуваниот меморандум, наведувајќи дека јавноста сè уште нема информации за каматите, роковите и контролата.

Министерката за финансии одговори дека рамката предвидува користење до 5 милијарди евра во рок од 10 години. Роковите за отплата и условите ќе зависат од проектите, а понуди за камата, отплата и грејс-период ќе се побараат откако ќе бидат познати проектите. Таа најави дека барања ќе бидат испратени до најмалку 15 до 20 финансиски институции и дека постапката ќе биде спроведена согласно Законот за јавен долг.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Сања Лукаревска

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 29 мај 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Имам уште едно, трето прашање, кое што сакав да поставам до министерот за транспорт, но бидејќи не е присутен тука, а врзано со делокругот на работењето на министерката за финансии, може да го одговори и таа. Како што напоменав и претходно се уште немаме одговор кои се условите за вчерашното задолжување, немаме како граѓани, пред се, никаква информација колкави се каматите, нема информации кои се роковите, не се знае кој и како ќе го спроведува контролниот механизам. Пластично кажано, тоа е како да се оди во банка, да се земе кредит и да не се знае колкава е ратата, колкава е каматата, дали може да си дозволите да плаќате соодветна рата за тој месец и колку ќе плаќаат и следните генерации. Затоа што, оваа рамка како што е предвидено не дава пари, тук овозможува користење на кредитниот рејтинг за да се преговара со комерцијални банки и наместо еврообврзница, се оди со билатерален договор влада со влада. Значи, ќе има комерцијални извори кои допрва ќе се бараат. Ќе има британски фирми, логично е тогаш дека и македонските компании ќе бидат подизведувачи, но сепак не ги знаеме условите. Овој документ е формално претставен како договор, а во суштина е Меморандум, но содржи одредби кои отвораат пат за склучување на финансиски договори со директни обврски врз Буџетот и јавниот долг на државата. Овие формално правни импровизации, всушност ја кријат намерата да се заобиколи собраниската контрола. Моето конкретно прашање е, под кои услови и под кои каматни стапки ќе ги задолжите генерации, а во врска со Меморандумот кој што вчера се ратификуваше во Собранието и дали за ова веќе имате одредени информации за да ги споделите со јавноста. Благодарам.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Сања Лукаревска, поставено на 50-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 29 мај 2025 година Ќе се обидам уште една значи да ги повторам работите. Пратеничката Лукаревска добро уште еднаш ме врати на договорот и не спорно еве сега ајде уште еднаш да ги повториме. Договорот вели 5 милијарди кои што ќе може да ги користиме во рок од 10 години или би било годишно кога би оделе идеално би имале зрели проекти по 500 милиони евра тоа е повлекување, рокот на отплата зависи од самите проекти. Некои проекти физилибилити студијата ќе покаже можеби дека ќе се враќаат на 12 години, на 15 години не знаеме. Допрва затоа јас велам не можам да барам понуди додека не добијам од одговорната институција или иницијатор на проектот што се планира внатре. Во однос на што го спомнавте со 30% јас не знам ЈУКЕФ како работи јас знам како функционира Законот за јавен долг и член 16 кој што вели дека ние ќе побараме понуди за финансирање без условување. Тоа значи ќе ни дадат понуда за каматна стапка, за рок на отплата, за грејс период кој што се поврзани со проектот. Условувања Законот за јавен долг не препознава. И, тука треба да ни биде јасна работата затоа многу често го повторувам Законот за јавни набавки кој што си има одредени предвидувања, исклучоци и т.н. Но, Законот за јавен долг тоа не го предвидува. И, мислам дека тука треба да го расчистиме моментот кога ќе стигне информацијата ќе бидете информирани, ние ќе пуштиме до најмалку 15 до 20 финансиски институции вклучително мислам дека премиерот и претходно ги зборуваше и европската инвестициона банка и Европската банка за обнова и развој и Светска банка, секаде. Ќе пуштиме барање за понуди да видиме која понуда ќе биде најповолна без условување. Секое условување ќе значи дека таа понуда е ништовна согласно Законот за јавен долг, повторно и многу сум прецизна мислам и затоа ги разграничувам работите. И, истото тоа беше во ситуации со претходниот министер и со секој еден претходно. Е, сега во однос на што го зборувате за неповратните грантови. За брзо време ќе излеземе со информација да кажеме последните 7 години од тие неповратни грантови кои што се ставани на располагање од Европската Унија колку се искористени. И, треба да се договориме односно не да се договориме да заклучиме дека грантовите се само еден процент одреден процент од вкупното финансирање. За граѓаните кои што не следат бидејќи сигурно верувам дека има и такви. Ако ние земеме 100 милиони евра односно имама проект за финансирање, грантот може да биде максимум 15% односно 15 милиони евра при тоа и таму има одредени услови кои што исто така, треба да се исполнат и кога ќе ги видиме оние поектни единици барем кај мене во Министерство за финансии што ги наследив од претходните периоди. Со плати од по 150 илјади денари е тогаш се поставува прашањето. Грантов каде се троши. Тоа е повторно проблем на нас тука не претходната Влада и нешто што нема да го дозволи оваа Влада. А, многу е лошо кога пред граѓаните во континуитет зборуваме грантови 100 милиони, 200 милиони неповратни ама никој не кажува дека тоа е дел од кофинасирање каде што поголемиот дел кој што е околу 85% е дел кој што треба да го исфинансира државата. Еве ако не е така извадете договори и документи кои што ги имате во последните 7 години потпишано каде што сте добиле грантови а при тоа да не заборавиме нели, оние ситуации кои што ги имаме со инспекциите од страна на Европската Унија па да видиме колку пари и од тие грантови сега враќаме назад заради злоупотреби во суштина ќе излезе дека и тие грантови што ги добиваме ги враќаме. Таква е една за Еразмус, вие знаете да не ја повторувам тука враќаме пари. Така што, мислам дека зборуваме за многу јасна процедура, многу јасно ги кажуваме и дефинираме правилата. Имаме закони, си ги читаме законите. Никој не кажал дека ќе биде нешто надвор од закон и она што е во рамки на Министерство за финансии можам да кажам дека граѓаните можат да бидат спокојни во тој дел и сигурни дека постапката ќе биде транспарентна и дека се што нема да биде во рамки на закон нема да биде апсолутно ни прифатено ниту дел да кажам од постапката. И, еве да искористам приликата повторно. Точно е, нели се согласувате дека нема кредитите да ги земеме веднаш. Претходно споменав но еве сега малку и со бројки. Во 2017 година јавниот долг беше 4 милијарди 787 милиони евра, во 2023 година 8 милијарди и 477, не сакам да зборувам на половина година бидејќи 73% од буџетскиот дефицит беше истрошен. Ама, сакам да зборам исто така, со факти почнувајќи од 2018 година она што пред малку го кажав. По првиот квартал зголемувањето на јавниот долг во однос на крајот на 2017 година бил за 298 милиони евра, 2019 година 40 милиони евра, 2020 година кога беше Короната, првиот квартал интересно кога требаше да се реагира а не се реагираше, 19 милиони евра, ама во 2021 година многу интересно. Имаме зголемување фрапантно бидејќи по тие анти кризни мерки знаете какви злоупотреби имаше. Имаме зголемување во првиот квартал од фрапантни 690 милиони евра, 2022 година 35,6 милиони евра, 2023 година, 572,1 милиони евра, 2024 293,1 милиони евра само зборувам за еден квартал. И, во 2025 година имаме намалување од 36 милиони евра. Прв пат намалување. Мислам дека тоа повеќе од јасно покажува како работи и Владата и Министерство за финансии. И, пак ќе кажам. Можеме да зборуваме што сакаме. Фактите остануваат во историја, ова ќе го гледаат и идни генерации кога ние нема да бидеме тука. Благодарам.

Сите пратенички прашања