
Халил Снопче
ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Халил Снопче, поставено на 53-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Секако дека јас сакам да поставам прашања до претседателот на Владата. Се пријавив на време, но премиерот не е тука, исто како што не беше и минатиот пат кога поставив прашање. Не знам од што бега и премиерот, и другите министри Албанци, кога сакаме да поставиме прашања. На премиерот сакам да му кажам дека немам за цел да му поставам прашања за давање на градежно земјиште. Немав намера да поставам такво прашање. Исто така немав намера да поставам прашање за деградацијата на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, а ништо не му кажа на директорот Богоевски, кој ги деградираше Албанците. И за тоа не сакав да поставам прашање. Не сакав да поставам прашање ниту за дваесет и двајцата спортисти Македонци, а ниту еден Албанец. Исто така не сакав да поставам прашање, бидејќи не сте тука, ниту за последниот конкурс во Министерството за финансии каде се вработија 19 Македонци, а ниту еден Албанец. Немав намера да поставам прашање во однос на Агенцијата за ветеринарство. Господин премиер, немав намера да поставам прашање во однос на последните унапредувања во СВР Тетово каде се унапредија 12 Македонци и 1 Албанец. Немав намера да поставам прашање во однос на вработувањата во Државниот архив каде се вработија 14 Македонци, 0 Албанци. Господин премиер, не сакав да поставам прашање ниту за унапредувањето на 120 војници како подофицери од кои 111 се Македонци, а само 9 Албанци. Исто така, не сакав да поставам прашање во однос на вработувањата во термоцентралата во Битола за 50 Македонци и ниту еден Албанец. Не се плашете премиер, немав да поставам прашање во однос на вработувањата во ХЕЦ Глобочица, единицата во Струга каде има 12 Македонци, ниту еден Албанец. Или, а вработувањата во Шпиље, во Дебар каде се вработија 8 Македонци а ниту еден Албанец. Нема потреба да бегате. Моето прашање беше искрено. Вие не сте тука, но сепак ќе го поставам прашањето и ќе очекувам писмен одговор. Господин премиер, причината за поставувањето на денешното прашање е поради фактот што во едно интервју пред новинарите, имаше едно прашање од страна на новинарите до Вас. Како ја коментирате изјавата од страна на ВЛЕН дека ДУИ преку градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска се обидува да ја дестабилизира државата. Ми остави впечаток вашиот одговор. Можеби неубедливи несигурен одговор, каде што на некој начин потврдивте дека ВЛЕН има право и дека е вистина дека ДУИ преку градоначалничката на Скопје се обидува да ја дестабилизира државата. Мислам дека оваа ваша констатација, односно потврда која што доаѓа од страна на премиер е многу ризична и истата не може да се релативизира и да помине само како една туку таква констатација. Бидејќи не дадовте ниту еден детаљ, не продолживте со вашиот одговор, давајќи дополнителни објаснувања, кое што е ваша карактеристика. Не дадовте никако дополнително мислење и не кажавте каде точно ја засновате вашата констатација. Исто така, интересен е и фактот што, барем јас, не забележав дека некој друг од страна на новинарите да инсистира и да бара дополнителни објаснувања. Не видов никаква информација или пак анализа на некој друг медиум во однос на оваа тема. Многу, премногу сериозно е, премиерот на државата да направи една таква констатација и тоа да помине без да се даде посебно значење. Оваа изјава по мене е многу загрижувачка и јас како пратеник што сум ја гласал оваа Влада, која што вие ја предводите, имам право да ви се обратам и да барам дополнителни објаснувања. Во каква форма и како е планирана оваа дестабилизација. Дополнително, што презема Владата и Вие како премиер за спречување на оваа дестабилизација и слично. Се разбира дека во овој дел за мерките за спречување на оваа дестабилизација би дошле до израз ако вашата констатација е точна. Значи еден сериозен премиер би требало секојдневно да излезе во јавноста и да се искаже во врска со оваа тема ако исказите се точни граѓаните би требало секојдневно да се информираат. Не може да се шегуваме со оваа работа. А од друга страна ако ваша изјава не била сериозна, односно ако сте потврдиле нешто што не е вистина тогаш како премиер имате голема одговорност и не треба јас да ви кажам дека не треба да давате такви несериозни и непотврдени изјави. Значи просто кажано дали се уште стоите на тоа што е изјавивте на таа прес конференција. Затоа барам да се изјасните експлицитно пред пратениците дали е вистина дека ДУИ преку Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје се обидува да ја дестабилизира државата. Ако тоа е вистина барам повеќе детали од ваша страна Како пратеници и како Парламент што ви го дале мандатот заслужуваме да дознаеме повеќе информации. А ако не е вистина тогаш најмалку штоп треба да направите е да барате јавно извинување за давање на лажни изјави. Е сега кога сме кај информациите кој што во последно време ги пласира градоначалничката Данела Арсовска нормално е дека државата треба да има по сериозен пристап. Јас не ги знам нејзините намери, но обвинувањата кој ги изнесувате се многу сериозни и во никој случај не треба да молчиме. Да речеме дека таа не ја кажува вистината, односно дека дава лажни изјави, тогаш државата треба да преземе мерки против неа и тоа веднаш, бидејќи таа не е било која личност, таа е градоначалничка на Град Скопје. Значи не велам да ја влечете за уши. Во стилот на вашите изјави за одговорните во врска со трагичниот настан во Кочани, но не смееме да дозволиме на неа кога ќе и текне да изнесува такви лажни обвинувања. Доказите што ги изнесуваат испаѓа дека и се фалсификувани и затоа треба веднаш треба да одговара за ова бидејќи ствара конфузија кај граѓаните. Од друга страна ако документите со урбаната мафија и прекршувањето на сите процедури и норми во врска со градбите што ги изнесува таа не се фалсификувани, тогаш ова би значело дека таа има право. Во тој случај по автоматизам, повторно не велам да ги влечете за уши, туку државните органи треба веднаш да преземат мерки кон сите тие кој што се одговорни за урбаната мафија за кој што ги обвинува градоначалничката. Ова не може да помине во молк. Ова претставува една ексклузивна дисфункција. Или Данела Арсовска лаже и за тоа треба да одговара. Или пак таа ја кажува вистината. Во тој случај тие што се одговорни треба да одговараат. Во овој случај ќе го користам логичното размислување. Според едуктивното правило на логичното размислување модус толенс Данела Арсовска треба да одговори веднаш. А од друга страна според едукативното правило на логичкото размислување модус поненс треба веднаш да одговараат тие кој што се виновни и кој што ги обвинува Данела Арсовска. Друга форма на логичниот заклучок во овој случај не постои. А од друга страна гледаме еден тотален молк од страна на државата. Не гледаме никаква реакција од страна на државните органи. Имаме една вистинска конфузија во врска со овој случај. Еден тотален молк од страна на државните органи и замаглување дури и од ваша страна и од министерот за внатрешни работи. За жал не гледаме никаква решителност во врска со трагичниот настан во Кочани. Барем декларативно сте покажале решителност и вие и министерот за внатрешни работи. Ова беше причината зошто јас од оваа говорница изјавив дека нема да ја прифатам интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Тошковски, бидејќи верувам дека ќе продолжи со истата решителност се до потполно расветлување на тој случај. И не само тој исто така побарав решително ангажирање и за другите трагични настани како што е Модуларната болница во Тетово и трагичниот настан со Беса транс. Затоа ви се обраќам со едно прашање. Дали е вистина тоа што изјавивте вие дека ДУИ преку Данела Арсовска ја дестабилизира државата? Ако одговорот е да како пратеник барам повеќе информации околу тоа. Ако одговорот е не барам најмалку да се извините пред граѓаните и пред нас заради лажната изјава. Ако Данела Арсовска изнесува фалсификувани докази, тогаш што е преземено за таа да даде одговорност. Ако Данела Арсовска изнесува валидни документи, тогаш што е преземено да тие што се виновни имаат одговорност за фалсификуваните дозволи за градба да одговараат. Ова прашање го поставувам со намера истовремено да дадам забелешка кон сите институции. Не знам поради која причина и не гледам некаков вид на решителност. Една вистинска незаинтересираност. Ова може да ја намали довербата дека навистина државата е решителна да се ангажира за расветлување на сите случаи. Ви благодарам. Пратеничкото прашање го поставувам до претседателот на Владата на Република Северна Македонија.