Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Битиќи прашува за доцнењето на повратот на ДДВ и обврските кон фирмите

Резиме

Фатмир Битиќи праша кога ќе се исплатуваат навреме повратот на ДДВ и другите доспеани побарувања кон компаниите, дали ќе престане доцнењето и колку државата вкупно им должи на фирмите. Тој тврдеше дека повратот доцни шест до девет месеци и изнесе сомневања дека некои компании добиваат политички приоритет, како и процена за неплатени обврски над 150 милиони евра.

Министерката одговори дека од 1 јануари до 31 мај бил вратен поголем износ на ДДВ отколку во истиот период претходната година и дека податоците се јавно достапни. Таа рече дека дел од повратот не е исплатен поради постапки поврзани со сомневања за криминал и дека нема да дозволи исплата на средства од буџетот на криминален начин. Во одговорот не даде конкретна сума за вкупните доспеани, неисплатени обврски кон стопанството.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Фатмир Битиќи

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 53-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 12 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувана министерке, како економисти не можеме да го занемариме фактот дека ликвидноста на компаниите е клучниот мотор што ја движи економијата напред. А кога компаниите немаат пристап до финансиските средства што им следуваат законски, односно не им се враќаат навремено, се создава синџир на потешкотии кои не ги погодува само нив, туку и вработените, работниците, нивните семејства и целото општество. Според информациите што пристигнуваат од различни делови на стопанството, повратот на ДДВ доцни меѓу 6 и 9 месеци, дополнително имам информации кои за жал веројатноста е голема дека се вистинити со оглед на факт дека недостасува транспарентност во делот на извршување на законските буџетски обврски, а се однесуваат на тоа дека одредени компании добиваат приоритет при поврат на ДДВ, додека други кои исто така имаат еднакви законски права, се оставени да чекаат. Кој ќе ја добие милоста или суровоста од Владата, како што сум информиран се одлучува во партиските штабови на партиите од власта. Се прават приоритетни листи за поврат на ДДВ и останати финансиски обврски, односно компаниите се вреднуваат според политичката подобност. Еден од основните постулати на демократското владеење е дека ликвидноста на фирмите не треба да биде прашање на политичка волја или партиска наклонетост. Тоа е прашање на фер и економска политика и на одговорност кон јавниот интерес. Секоја неплатена фактура, секој задоцнет поврат на ДДВ, е потенцијален ризик за опстанок на илјадници претпријатија. Не смееме да го занемариме и фактот дека иако Владата ја најави поддршката за стопанството преку унгарскиот кредит, како инструмент за свеж капитал, реализацијата досега е помалку од 50%. Исплатени се само 125 милиони евра за 8 месеци, што е помалку од акумулираниот долг на државата кон стопанството од над 150 милиони евра само по основ на задоцнет поврат на ДДВ и други неплатени, а доспеани обврски. Значи кога зборуваме за поддршката на Владата кон стопанството, тогаш таа е во минус од најмалку 24 милиони евра што најдобро зборува за длабоката неусогласеност помеѓу политичките најави и реалната состојба на бизнисот. Компаниите се оставени сами да се снаоѓаат како што знаат и умеат, за да отстојат и осигурат егзистенција на илјадници нивни вработени. Во оваа смисла, моето прашање е, кога Министерството за финансии ќе обезбеди поврат на ДДВ и на останати доспеани побарувања кон сите компании без политички приоритети и дали конечно ќе се стави крај на оваа практика со доцнењето. И колку реално должи државата по основ на доспеани, но неисплатени обврски кон стопанството.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за финансии

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Фатмир Битиќи, поставено на 53-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 12 јуни 2025 година Почитуван претседател на Собранието на Република Македонија. Почитувани пратеници, почитувани колеги, министри од Владата. Кога ги слушам прашањата некако како, просто не можам да си поверувам дека ги поставува човек кој што до пред извесно време беше дел од претходната Влада и човек кој што би требало да ги разбира работите многу поубаво отколку било кој тука. Најпрво зборува повратот на ДДВ и тоа е истата хистерија што ја прават во секоја една тема, и кај повратот на ДДВ. А фактот покажува дека од 1-ви јануари до 31 мај износот на поврат на ДДВ е поголем во однос на износот на поврат на ДДВ кој што го вратила нивната Влада во изминатиот период. Е сега и покрај тоа што сме вратиле поголем износ на поврат на ДДВ, успеавме да спречиме многу сериозен криминал кој што некој во претходната Влада го аминуваше. Имено знаете пред неколку дена за акцијата кое што ја спроведе Јавното обвинителство, каде што последиците по Буџетот се над 100 милиони евра, но има уште неколку такви постапки кој што се во тек и многу сум изненадена како храбро пратеникот од тука зборува токму за тие компании. Тоа се тие компании кои што имаат сериозни предмети во Финансиската полиција и кои што предмети треба да бидат завршени, дел од нив не се вратени затоа што управителите се во притвор и тој сега тука зборува дека враќаме помалку ДДВ. Не е точно, податоците се транспарентни и јавно достапни, повратот на ДДВ оди регулирано како и секогаш, износот на поврат кој што треба можеби да биде и помал во однос на тоа што вие го враќавте, затоа што нели внатре имаше и криминални компании. Ние исчистивме се до сега, други има во постапка и токму за тие компании вие денес зборувате. Јас од оваа говорница можам да порачам на граѓаните да бидат спокојни дека ниту еден денар на криминален начин нема да биде исплатен од Буџетот и нема да го дозволам тоа. Ако некој претходно друг го дозволувал, затоа ќе сноси одговорност, постапките се во тек, граѓаните ќе бидат информирани навремено. Но до овој момент, најодговорно тврдам и тоа е транспарентно и може да се види во Министерството за финансии. Износот на поврат на ДДВ е поголем од износот на поврат на ДДВ за истиот период минатата година. Во однос на капиталните расходи, бидејќи како дел нели од ова прашање беше и прашањето кој во капиталните расходи, повторно неколку пати споменував од тука дека имаме различна Методологија во прикажување на податоците, ама кој сака слуша и разбира, кој нејќе, не слуша, не разбира и тоа е тоа. Со сила да ги научиме, не можеме. Но повторно можам да кажам дека капиталните расходи заклучно со месец мај изнесуваат 14 милијарди 319 милиони денари, наспроти 12-те милијарди 281 милион денари кој што ги исплатила претходната Влада или тоа е некаде раст од 17%. Тоа се факти, секој еден од граѓаните, повторно го повикувам да отвори на сајтот на Министерството за финансии, да ги погледне бројките, има податоци за извршување на Буџет, две бројки се во прашање, ќе ги споредат, ќе ја погледнат ставката за одлив по гаранции, истата онаа кои што тие ја прикажуваа како капитални расходи, со цел да создадат заблуда дека нешто реализираат, а во суштина знаете како завршуваа парите. Се враќаа долгови на јавни претпријатија кои што се уништуваа, кој што се крадеа, имаме и кривични пријави по тој основ итн, сега да не оптоварувам со тоа. Но фактот дека имаме поголема реализација и во делот на капиталните расходи, е факт кој што стои. И во однос на долгот, е тука исто така, многу еден интересен момент, не знам, најверојатно не сте биле информирани, но вашите обврски стоеја во фиоки, кога дојдовме ги извадивме од фиоки и долгот беше повеќе од една милијарда. Успеавме во доспеаните обврски да сервисираме сериозен износ. Ви благодарам.

Сите пратенички прашања