Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Министерката образложи проширување на нормативот за образовни асистенти

Резиме

Пратеничката Даниела Николова ја праша министерката за образование и наука кои се аргументите за измената на нормативот за образовни асистенти. Николова оцени дека олеснувањето на критериумите и можноста за ангажирање лица без педагошко-психолошка и методска доквалификација ја девалвираат улогата на асистентите и може да влијаат врз поддршката за децата со попреченост.

Министерката одговори дека нормативот е проширен затоа што на конкурсите не се пријавувале доволно кандидати. Таа рече дека не може да се ангажира кој било, туку нормативот наведува конкретни профили, меѓу кои специјални едукатори и рехабилитатори, педагози, психолози, социјални работници и наставници. Посочи дека кандидатите треба да поминат курсеви за работа со деца со попреченост, а дополнителна едукација може да се воведе доколку има потреба.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Благодарам потпретседателке. Почитувана министерке ви благодарам за присуството и за можноста да ви се обратам и да ви поставам три прашања. Министерството за образование и наука, предводена од Владата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, воспостави системски механизми за инклузивно образование, вклучително и услуги за образовна асистенција како клучен елемент за да може да се реализира интеграцијата на учениците со попреченост во образовниот процес. Целта беше, а и останува иста, секое дете да има еднаков пристап до образованието согласно своите можности. Инклузивниот процес бара сериозен пристап, бара постојано унапредување, но со новите законски решенија, кои ги видовме во изминатиот период, очигледно е дека имаме уназадување на овој процес, за што ние реагиравме овде од собраниската говорница, реагираше стручната фела, граѓанските организации, како и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Но, денес сум тука на говорницата бидејќи сум сериозно загрижена од промената што се однесува до критериумите за ангажирање на образовни асистенти за децата со попреченост. Имено, со новиот правилник за норматив на образовен асистент, кој што е донесен а 16.06.2025 година, сведоци сме повторно на регресија. Согласно новите критериуми за ова исклучително важна улога може да се ангажира и лице кое било без, кое што е без педагошка-психолошка и методска доквалификација, само со кратка обука. Министерке, дозволете ми да бидам искрена, ова не е некоја техничка промена, ова не е начин за да изнајдете решение за тоа што се зголемува потребата од образовни асистенти. Ова е одлука која што директно ќе влијае на децата, на нивниот развој и на нивната секојдневна поддршка. Ова е суштинска девалвација на улогата на образовните асистенти. Образовниот асистент не е само помошник, не е само придружник, туку е специјализирана поддршка и мора да разбива, и да разбира и применува соодветни образовни, емоционални и развојни стратегии. Обуката може да биде надградба, но не може да бидат замена за академската подготовка. Лица кои ја вршат оваа работа мораат да имаат барем минимум педагошко-психолошка и методска доквалификација за да можат да бидат подготвени за ваквите предизвици. Обуката не може да ја замени длабочината и контекстот што се добива преку студиите, може само да биде надополнување. Децата со попреченост не заслужуваат минимум услови, туку тие ги заслужуваат најдобрите услови. Наместо да се олеснуваат критериумите, тие треба да се зајакнуваат и тоа со континуирана стручна поддршка, со фер услови за асистентите, да се направи работната улога на асистентот препознатлива, професионална и стабилна, за што ви предлагавме и амандмани. Министерке, да не се замениме квалитетот со квантитетот. Ниту посветеноста со привид. Затоа ве прашувам, кои се вашите аргументи за измената на правилникот за норматив на образовниот асистент, описот на компетенциите и работните задачи кои што сте го потпишале, согласно архивскиот број на 16.06.2025 година.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 јуни 2025 година Почитувана пратеничке ви благодарам за поставеното прашање, всушност за сите три. Добро е јавноста да ги расчисти овие дилеми. онкретно ќе ви одговорам на сите, но претходно морам да дадам мал вовед, за да може да разберат граѓаните , а секако и претставниците на законодавниот дом, за што станува збор. Поставивте прашање за асистентите, за децата со попреченост во училиштата. Морам да потсетам дека во минатото вашата Влада донесе една несреќна одлука со која сите, апсолутно сите деца со попреченост требаше да се интегрираат во регуларните училишта. Не верувам дека постои човек во Македонија кој не би помислил дека е тоа добра одлука. И е. Етички, морална, од филозофска гледна точка, апсолутно сметам дека е во ред, но, реалноста е нешто друго. Ние кога правиме закони треба да сме свесни и кога носиме одлуки, треба да сме свесни дали имплементацијата на тоа што го носиме е реално можна и во кој процент е можна и треба да процениме ризици доколку имплементацијата не е можна, која ќе биде штетата од направените одлуки. Како што ви е познато почна имплементацијата за тоталната инклузија на децата со попреченост во регуларните училишта, при неподготвени наставници, при неподготвено општество, при неподготвени родители и настана еден општ хаос. Штетата, која всушност беше најголема за децата, е што огромен процент од деца со попреченост, особено оние со мулти хендикеп, се извинувам ама ми пречите. Простете. Оние со мулти хендикеп останаа дома, на грижа на родителите, кои притоа имаат зголемени финансиски потреби за чување, одгледување, воспитување и образување на такви деца. Резултатот беше тој. Како што вие велите дека имате огромни барања од бројни организации, јас на увид можам следниот пат да ви ги донесам големите барања од бројните организации кои не бараа, молеа да се укине една таква одредба затоа што нивните деца, дури и оние кои би можеле да одат на училиште, не добија никаков бенефит од таа претходна одлука. Поради тоа, законски измени кои се многу децидни, дека да, родителот може да одбере во какво училиште ќе му оди детето, но само со препорака на Комисијата за функционална проценка и тоа е ставено за да нема злоупотреба. Значи детето има посебни потреби, мајката или таткото мораат да останат дома со детето да чуваа и да го негуваат, бенефит од образованието неорганизирани за во домашни услови никакви. Промената е направена. Минатата година страшно ме критикувавте и јас го разбирам тоа, вие сте опозиција, тоа е ваша работа, но сметам дека е чесно поради нашиот чесен однос кон опозицијата, кога не критикувате тоа да биде аргументирано. Нема образовни асистенти. Да, нема. Кога распишуваме конкурс за образовни асистенти се пријавува помал број од она што е предвидено според Комисијата за функционална проценка. Нема. Не се јавуваат доволен број. Дополнително една теза која се шири дека секое дете без оглед на својата попреченост треба да има образовен асистент не е точна. Оти не станува збор за личен асистент и за образовен асистент, туку станува збор за образовна асистенција. Пак Комисијата за функционална проценка вели, дека две деца може да имаат еден асистент во зависност од попреченоста, дека можеби и три деца може да имаат еден асистент во зависност од попреченоста, дека во училиштето има инклузивен тим, дека во училиштето има одреден наставник, нели кој ќе се грижи за тоа дете со попреченост, итн. Што значи кога ќе влеат во училиштата кои можат да ја следат наставата во регуларното училиште, според нашите услови, децата не се оставени без образовна асистенција. Колку сме ние подготвени за такво нешто, оставам дека слободно можеме да дискутираме, но аргументирано да дискутираме. И сега, да дојдам до она што вие ме прашувате, како сме го прошириле нормативот. Значи, слободно проверете дека на конкурсите кои ги објавиле ресурсните центри, во изминатиот период не се појавиле доволен број на заинтересирани. Па оттука ние сме го прошириле нормативот, но не сме рекле било кој. Иако во општина Центар пред една или две години, не ме фаќајте за збор, кога се бараа образовни асистенти, имаше норматив да има завршено средно образование било кое. Сега ние велиме дека, да, го прошируваме нормативот, и велиме, еве добив информација. Значи, норматив за образовен асистент: специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, социолог, семејнолог, наставник по одделенска настава, односно лице кои ги исполнува условите за наставник во одделенска настава, наставник по предметна настава. И, да, бидејќи ниеден од нашите наставници минатата власт не го обучи како треба да постапува, комуницира, се однесува и прави интеракција со децата со попреченост, да, им требаат курсеви. Ако мислите дека тоа треба секогаш да биде психолог, социолог, дефектолог, специјален рехабилитатор, можеби во одреден дел и ќе се сложам со вас, но за одредени попречености. Но за одредени попречености, не за сите. Ама оваа земја ги нема, ги нема. Едноставно, ги нема. За жал, и тие малку што ги има не секогаш се заинтересирани да работат во училиштата, затоа што имаат други можности во општеството. Оттука, воопшто не сметам дека ова прашање треба да го издигаме на високо ниво и да го претвораме во политичко прашање, затоа што е прашање на реалност. Правиме се што можеме, како што претпоставувам би правеле и вие за добробит на децата, иако одлуката која сте ја донеле, еве тврдам и ден денес, не била во корист на децата. Можеби имала политичко влијание, таа одлука нели за тотална инклузија, но не соодветствувала на реалноста. И реалноста покажа дека ние од таквата избрзана одлука имаме штета. Не ние, најмногу имаат децата со попречености. Оттука, сметам дека на овој норматив кој сега ви го прочитав, не можете да имате забелешки. Тоа се луѓето кои ни се на располагање. Со тие што ни се на располагање, со тие ќе работиме, а како што ви прочитав, тие и се стручни и обучени да работат со овие дечиња. Доколку има потреба и понатаму, ако за жал, ни се случува тоа, нели да има потреба за се повеќе и повеќе образовни асистенти, ќе воведеме и дополнителна едукација, не само за тие што ќе работат како образовни асистенти, ќе воведеме и дополнителна едукација и за наставници, можеби и за други професии кои можат да се вклучат во овој процес. Она што сакам да биде сосема јасно, јас верувам дека ако комуницирате и ако сте во контакт со поширок опсег на групи, ако не сте затворени на една единствена групација на родители со деца со посебни потреби, ќе сфатите. Еве јас ќе ви кажам пример. На пример во комуникација со здруженија на родители на деца со церебрална парализа. Сум се сретнала со повеќе од нив, ниту еден не побарал и не само што не побарал, тие инсистираат нивните деца да не одат во редовни училишта, затоа што во ресурсните центри, нивните деца постигнуваат поголем успех. Ние во редовните училишта имаме деца кои немаат животна вештина, кое не може само да се храни во училишната менза или да си го земе оброкот кој што му е даден. Имаме деца кои не знаат да отидат во тоалет. Тоа не смееме да го дозволиме. Мора да се адаптираме на она што нашата земја најмногу и ...

Сите пратенички прашања