Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема
ПРАШАЊЕ & ОДГОВОР

Николова праша за патните трошоци, министерката не потврди дали се исплатени

Резиме

Пратеничката Даниела Николова праша зошто правилникот за надомест на превозот на инспекторите од Државниот просветен инспекторат ја условува исплатата со обезбедени буџетски средства. Таа оцени дека одредбата е неправична и спротивна на Законот за работни односи и Општиот колективен договор, и праша дали е поврзана со неисплатени патни трошоци од јануари 2025 година, како и со постари неисплатени износи.

Министерката не потврди дали трошоците за наведениот период биле исплатени. Таа рече дека претходниот директор не планирал средства во буџетот и дека новиот правилник ги уредува користењето возила и исплатите според закон и правила. Тврдењата за неправилно користење средства ги опиша како предмет на анализа, рече дека претходниот директор ќе биде пријавен и дека случајот ќе оди во истражна постапка, а најави и нов закон за ДПИ со контрола врз инспекторите.

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ

Даниела Николова

ПРАТЕНИЧКО ПРАШАЊЕ од пратеникот Даниела Николова, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана на 26 јуни 2025 година Пратеничкото прашање гласи: Почитувана министерке, во изминатиот период во МОН се подготвува правилник за надоместување на трошоците за користење на сопствено моторно возило и користење на јавен градски и меѓуградски превоз за службени цели и задачи во Државниот просветен инспекторат. Според наши сознанија за него инспекторите имале забелешки кои што не сте ги земале во предвид. Правилникот е донесен на 11.06.2025 година, го има вашиот потпис и истиот содржи членови кои се директно спротивни на Законот за работни односи и општиот колективен договор. Со член 2 од Правилникот им се признава право на инспекторите да користат сопствено возило за службени цели. Но, со член 3, во став 3 од истиот Правилник го условувате остварувањето на ова право, односно исплатата само доколку во Буџетот има обезбедено средства. Ова е неправична и дискриминаторска определба која оневозможува работата на инспекторите, токму оние кои што се клучни за контрола на законитоста во образованието. Тоа значи дека се оневозможува и тековното функционирање на Државниот просветен инспекторат и остварување на неговите примарни задачи. Ако имаме во предвид дека нема доволно возила, службени возила, за потребите на ДПИ и ако знаеме реално дека инспекторите за да може да си ги извршат своите работни задачи, кои што се исклучително важни за правилен и уреден образовен процес и затоа мора да користат сопствени возила, тогаш како сметате дека може да ставите член во Правилникот во кој се вели дека тие трошоци ќе им се исплатат само доколку се обезбедат средства за таа намена во Буџетот на МОН. Вие сте должни да ја обезбедите. Дали е коректно, да отворате нови министерства и да го зголемувате бројот на вработените советници во министерските кабинети, бројот на вработени по институциите кои што се партиски војници, а на инспекторите кои што вршат увид во работата на училиштата и образовниот процес, да им оневозможувате нормален работен однос. Ве прашувам, дали ова се должи на неисплаќањето на патните трошоци на инспекторите од ДПИ од јануари 2025 година до денес. Дали затоа го вметнувате овој член, односно овој став во новиот Правилник. Еве, не ве прашувам и за неисплатените трошоци за ноември и декември 2024 година, а има примери на инспектори на кои што не им е исплатено она што им следува за користење на сопствено возило и од август 2024 година. Еве, го опфаќам само периодот од кога ДПИ е орган во состав на Министерството.

ОДГОВОР ОД ИНСТИТУЦИЈАТА

Министерство за образование и наука

О Д Г О В О Р на пратеничко прашање од пратеникот Даниела Николова, поставено на 57-та седница на Собранието на Република Северна Македонија, одржана на 26 јуни 2025 година Благодарам. Почитувана пратеничке, ви се обратив со најголема почит, со цел да ви ја објаснам реалната ситуација. Нема да ме испровоцирате поинаку да ви се обратам, затоа што вие сте пратеник, а јас министер, иако сметам дека вашиот говор не беше достоинствен и не беше на соодветно ниво. Зошто? Затоа што ние специјални паралелки не воведуваме. Ќе ме слушате? Не, не ние специјални паралелки не воведуваме. Ако сте го прочитале Законот, ќе видите дека, напротив, се бориме против такво нешто. Да, да, ќе добиете одговор на сите три прашања. Но не можам да дозволам да ја манипулирате македонската јавност од чист популизам на грбот на децата и родителите со попреченост. Тоа не е во ред. Никаде во законот не пишува дека ќе има специјални паралелки. Очигледно дека вие кои воведувавте тотална инклузија не можете да сфатите и сте приврзаници на специјалните паралелки. Барем така јас разбрав од вашиот говор. Како и да е, ќе преминам на второто прашање. И ќе повторам уште еднаш дека не е фер она што и деновиве се случува и со еден друг случај, да се користи во политички цели. Несреќата на луѓето не е причина за водење политика. Не е причина за собирање гласови. Да, има многу теми на кои можеме да дискутираме и да се натпреваруваме, но не на несреќата на одредена популација. Но како и да е, нека ви служи на чест. Јас ќе го задржам моето ниво. ДПИ. Значи, она што се случувало во ДПИ во изминатиот период, навистина не би знаела и не би сакала, не би знаеле на соодветен начин да го објаснам овде, а и не би сакала да ја секирам македонската јавност, затоа што под раководство на претходните директори на ДПИ, ќе кажам кратко и се надевам дека, еве барем вие добро ќе ме разберете. Претходниот директор на ДПИ се однесувал како ДПИ да е негова приватна фирма, се однесувал кон вработените како да се негови приватни вработени. Се однесувал кон државните средства како да се негови приватни средства. Си обезбедувал за себе погодности, но за да може тоа да го направи, им обезбедувал и на дел од вработените погодности и сето тоа е предмет на анализа и верувам дека ќе стигне до истражните органи. Веќе ако тие од Министерството кои не ја гледаат добробита на она што во моментот се случува, ве информираат и ви даваат некомплетни податоци, нека ве информираат колку пати писмено од претходниот директор побарувам да врати средства. И бидејќи не ги враќа, ќе биде пријавен и ќе оди во истражна постапка и ќе одговара така како што секој што ја злоупотребил службената функција. Е сега, возилата. Тоа е нешто од погодностите кои ги користеле за да си прибават корист, кривична, за себе. Можете ли вие да замислите дека, на пример, еден инспектор со сопственото возило денес отишол во Струга, па се вратил во Скопје, па отишол во Штип, па се вратил во Скопје, па отишол уште еднаш на инспекциски надзор не знам каде во Скопје. Тоа се начините кои биле користени да си искористи горивото кое им е дозволено и за кое и ние им велиме дека дозволуваме да го користат. Меѓутоа, претходниот директор, претпоставувам дека затоа што бил презафатен со професионално стручна дејност да воведе ред во основното, средното и високото образование, заборавил да планира средства во Буџетот. 2024 година си направиле Правилник, 01.01.2025 година ДПИ влага во МОН, ние им правиме нов Правилник во кој им велиме, не може како досега. Ќе биде како од сега, по Закон и по Правилник така како што треба да биде. За жал, дел од вработените во ДПИ имале пракса години наназад за се и сешто да тужат, да ја тужат државата, да го тужат ДПИ, да го тужат директорот, да се тужат меѓу себе. И тоа е една таква какофонија што ние со денови и денови не можеме да се ослободиме од неразумни предмети и луѓето од мојот совршено добар тим, никогаш еден збор за нив поинаков од тоа дека се совршени нема да кажам, оти ако не е мојот Кабинет и луѓето кои се во овој Кабинет во моментов, јас ви тврдам дека тоа Министерство нема да постои, како што не постоело во претходната Влада. Односно, и тоа што можело да биде сработено, не е сработено, што не изискувало ни пари, ни посебна енергија, ни посебна процедура, не е сработено, па јас со овој Кабинет тоа го сработувам и не можам да се посветам, особено на она што е приоритетно, туку морам да ги завршувам и тие работи, а да не зборувам за нешто покомплицирано за кое требало малку да се размисли или да се бара решение. Впрочем, ако не се лажам, се сеќавате дека ни учебници немаше. Но не е ни битно, нели вие сметавте дека можат нашите деца дури и тие со посебни потреби да учат преку Интернет кој го немаше, преку таблети кои ги немаше и така натаму. Да се вратам на темата. Жал ми е што во ДПИ тешко се воспоставува ред. Навистина тешко се воспоставува, ама ќе се воспостави. Следи нов закон за Државниот просветен инспекторат, во кој ќе има и контрола над државниот просветен инспектор. Сега, за нивна жал, јас сум нивниот авторитет. Министерството за образование и наука, е одговорно за работата на ДПИ и тие се во состав на ДПИ. Како работеле досега ќе одговараат. А како ќе работат од сега, авторитетот национален за ДПИ е Министерството за образование и наука и нема повеќе башибозлук, кој колку сака зема, кој колку сака наплаќа, кој каде сака оди. Кого каде сакаат праќаат, а не таму каде што треба, освен она што е по план и што се вика редовна проверка. Вонредни проверки само целно, а не таму каде што треба. Извештаи многу различни од инспектори кои треба да имаат терк, од инспектори кои треба да дадат заклучок, предлог, решение и така натаму, многу различни. Би се изненадиле кога би виделе. Но, и тоа ќе се среди. И за тоа треба малку време. Не велам дека таму нема луѓе кои одлично си ја вршат работата, не велам дека таму нема луѓе кои знаат што треба и како треба, но знаете како велат, од раководството зависи каков ќе биде редот и поредокот во институцијата. И очекувам сега да ми кажете, ама заради вас е тоа така. Не е заради нас тоа така. Тоа е така затоа што со години наназад кога ваши кадри ја воделе институцијата, се случувале дури незамисливи нешта. За тие конкретно, ќе зборуваме тогаш кога ќе се изјаснат истражните органи и кога пред мене овде ќе донесам одредени документи за да можам да ви ги покажам, инаку ќе речете дека не е вистина. Би ве замолила, нема тајност во Министерството за образование и наука, нема тајност во работата, односно само кога класифицирани документи. Замолете ги тие што ве информираат да ви дадат точни информации, немам ништо против, се е отворено и се е јавно, да не ве доведуваат во заблуда. И уште еднаш ќе ве замолам, образованието е исклучително многу важно. Сте имале ваши министри и знаете како тоа изгледа и колку е тоа тежок, опсежен и голем ресор. Ве молам да не го користиме во политички цели. Конечно треба на нешто да се обединиме, Зошто? Затоа што ни е лошо образованието, затоа ни е државата сега во ваква состојба. Јас не велам дека јас како министер ќе го поправам образованието. Но, ако последователно имаме пет, шест министри кои максимално ќе работат, ние ќе имаме резултат во државата. Државата нема да ни биде ваква каква што е и нема да се расправаме со обиди за кражба дури и преку гориво. Или со обиди за кражба дури и преку кафињата кои биле испиени. Или со обиди за кражба треба да го раздолжам компјутерот, расипан е. Донеси го расипан го нема итн. итн. Благодарам. Се надевам задоволна сте.

Сите пратенички прашања